1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исмејување на туѓите недостатоци

Дискусија во 'Психологија' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Слаткар не се родил со своите недостатоци, туку не знае како да привлече внимание па затоа се прави психички недобар, а за црниот хумор за луѓето од етиопија што ги исмеваат- за тоа немам коментар едноставно сум запрепастена од луѓето што го пишуваат тоа.
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Чекај, сакаш да кажеш дека се преправа дека д‘тка?
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не се преправа. Дтка од секогаш. Јас го знам одамна уште кога идеше во Велес и преспиваше во Амфи театарот оти немаше пари за воз во еден правец да си оди во Скопје. Тогаш тоа беше кул антерграунд и хаце. Ова се дешаваше пред едно добри 6-7 години.
     
  4. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    E стварно како да не му се смееш на Слаткар? :)
    Често знам да се насмеам за нечиј недостаток,што да правам сакам црн хумор. :D
    Не сметам дека е нешто лошо,додека е во граници на нормалата и знаеш дека нема да повредеш никој.
    Многу пати сум се смеела и на моја сметка,не ми смета тоа,сите си имаме недостатоци дали физички дали карактерно,никој не е без маани.
    Е сега има и некои без осет па не пребираат што ке кажат и како.Тие најверојатно патат од комплекси па преку омаложувањето на некој друг си го хранат сопственото его.А сум гледала и ситуации каде што некој тоа го праве колку да се вклопе во друштвото.До сега не сум била жртва во ваква ситуација,ама доколку некогаш некој проба да ме навреди сигурно нема да кутам.Секој се труде да биде најдобар колку што може и никој не заслужува да биде предмет за потсмевање и лечење комплекси.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  5. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Физички недостатоци никогаш не исмејувам,многу ми е глупаво тоа поради тоа што тој што ги има не е виновен за тоа и сигурно не е по негова желба недостатокот,многу често и не е во состојба да го поправи.Жал ми е за таквите и шубе ми е било што да искоментирам или помислам.
    Може да се случи да исмејувам стил на облекување,вкус за музика.за се` ..и покрај тоа што сум свесна дека за вкусовите не се дискутира,но понекогаш е посилно од мене.
    Исмејувам глупавост,тропање глупости особено тогаш кога се со интенција да звучат паметно.Уживам во ова и немам грижа на совест,од причина што секој може да стори нешто околку сопствената глупост.Почнувајќи од познати личности па блиски,неблиски...никого не поштедувам.Нормално дека не се замислувам најпаметна на светот,знам дека и јас правам и тропам глупости понекогаш и верувајте ми можам сите да ги надминам,па поради тоа ич не ми е тешко и да си правам шеги на сопствена сметка,а дозволувам и другите да се пошегуваат.
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    никогаш не сум исмејувала луѓе кои се соочуваат со недостатоци, и секогаш сум против тоа :!:
    едноставно греота е , жално е така да се прави. па и тие се луѓе и како такви ги прифаќам.
    е сега не дека сум некоја светица, и како што пишува во погорниот пост, можам да се насмеам на пример за несоодветна облека, да преметнам очи за несоодветно однесување, за некултурно пристапување кон средината... ама сетоа тоа е нормално во човечкиот менталитет.
    но кога зборуваме значи за здравствени недостатоци никогаш, ама баш никогаш не сум се потсмевала или онака иронично и без чувства да зборувам за нив.
    секој човек дали вака или така подлегнува на маани и недостатоци. никој не е совршен ;)
     
  7. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    646
    девојки како и да е макар и да е слаткар не се исмевајте греотичка е ако треба нека е и најголемиот селак не се исмвајте на туѓите недостатоци...... :|
     
    На Mracna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Еве еден добар пример од мене,за тоа дека не треба да се исмејуваме на нечиј изглед или недостаток.Братучетка ми во средно беше онака полничка,не дека беше којзнае колку дебела,но бидејќи е висока изгледаше онака ептен крупно.Имаше едно девојче од нејзиниот клас,кое се правеше некоја си шмизла и постојано и велеше дебела.Братучетка ми пред две години држеше една медицинска диета,препишана од некоја докторка нутриционист мислам,и за една година ослабе многу и дојде до нејзината идеална тежина.Девојчето кое му се исмеваше во средно после 4та година се омажи и лани се породи.После раѓањето на детето се поправи така да неможе човек да ја препознае.Е сега,братучетка ми,е манекенка за неа.Баш со мајка ми зборевме скоро за ова,и ми вика,гледаш ли колку не е убаво човек да му се потсмева на друг,Господ гледа и враќа... :)
     
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    на црн хумор се смеам, ама не секогаш....зочто има некои навистина ужасни вицеви....јас избегнувам да кажувам шеги од таа област, не ми е пријатно некако :worried:
    а за исмејување на говорни мани знам само понекогаш за оние што неможат Р да кажат убаво да се насмеам :D слатки ми се како зборуваат :D
    додека за физички недостатоци никогаш не сум се осмелила да се шегувам :x
    имав еден познаник кој имаше мал физички недостаток (како мал имал незгода и не му беа сите прсти на раката на број) мене не ми пречеше воопшто дури и не се приметуваше, ама тој на своја сметка секогаш се зафркаваше и на почеток ми беше незгодно да се смеам, ама после сфатив дека тој си се има прифатено таков каков што е и нема потреба да ни биде незгодно да прокоментираме и да се насмееме за тој негов недостаток :)
     
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Јас имам многу смешни палчиња. Додека бев мала ми беше ужасен комплекс... сум се нервирала и плачела. Нон стоп ги криев, дури и се научив да пишувам со скриени палци. Кое дете и да ми ги видеше ми се смееше.
    Потоа кога пораснав сфатив дека мојот недостаток не е ништо страшно во споредба со нечии. И престанав да ги кријам. На школските од средно им без многу интересни, ми ги цртаа, сликаа и ставаа на позадина на мобилен. :D Главно на сите кога ги видат им се смешни, ама јас сега им ги покажувам и заедно се смееме.
    Исто и Р не знам да ја кажувам убаво, ама за тоа од секогаш сум примала шеги на своја сметка. Често ми речат да кажам зборче со многу Р и јас си го кажувам, не се срамам. ;)
     
  11. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    344
    совршенство не постои никаде па така нема никаде ни совршен човек! :!:
    сите ние имаме недостатоци, кај некои се изразени физички кај некои психички :lol: . како и да е и едните и другите се тешки за поднесување и стварно крајно безобразно е некој да се потсмева на такви работи, мислам ако барем малку човек има осет барем нема да прокоментира да не зборам за потсмевање. :) ако на некој му е толку многу смешно нека се замисли барем 5 секунди во кожата на исмејуваниот па мнооооогу подруго ке ги гледа работите а и чисто сумљам дека ви се потсмевнал повторно |-) .. жалосно е да се потсмевнува на вакви работи затоа што утре ден може и ние да се најдеме во таква ситуација или барем во слична. :o
     
  12. SingleI

    SingleI Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    0
    Значи овака јас секогаш кога гледам неправда се бунам .. едноставно до хороскопот ке ми е . Неможам да гледам како некој го понижува на некој .. Малтертираниот во овој случај си стои и не реагира , во такви случа стварно ми паѓа жал за нив и секогаш се противам на тие што прават така .
     
  13. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Мене цел живот ме исмејувале и понижувале поради мојот изглед, ми викале грда, никаква, и сл. називи, и поради тоа и до ден денес можам да се пофалам дека имам комплекси, пониска самодоверба, сум затворена личност! Но врзувам крај за крај, па сега си се тешам самата себеси дека сум си најубава на свет :rock: , и у ***** нека оди тој што ќе рече нешто за мене лошо! :swear:
    Сакам да кажам дека многу е лошо да исмејуваш друг човек, затоа што не се сите личности силни...има многу лабилни, а тоа остава траги во нечија психа, му го уништува животот, погледот кон светот, погледот кон себеси!
     
  14. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    180
    значи мрзам исмејување затоа шо никој не е совршен а нема ни да се роди таков човек, сите имаме некој недостатоци ...да исмејувањето штети во градењето на довербата и познавам мн девојки кој биле исмејувани и една од нив сум била и јас ми викале слаба си ко костур несакаме костуриии шо ти ја знам шо ама благодарение на тие неколку девојки и фаци јас имам голема самодоверба и као шо кажаа погоре јас сум најубава хаха али кој лошо прави со лошо му се врака...тие луге шо се праат дека се најубави јес да се може убави ама плитки се у тоа мозокот хаха убавината е пролазна ствар али паметот ти останува.според мене тоа се луге кој немаат попаметна работа па си ги лечат своите комплекси на тој начин за таквите само бардовци и негорци јас ке им препишам упут! ај неможам више се нервирам! :devil:
     
  15. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    Се сложувам со тебе тотално си во право.Јас кога бев малечка ме исмеваа дека имам големи уши не дека ми се ама ете за инат и јас си набив комплекс дека стварно имам големи уши и кога ке ми текне на тоа помислувам да напраам операција а па од друга страна си викам што ми е гајле лугето кои се околу мене ме сакаат каква што сум :D
     
  16. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    5.688
    Пол:
    Женски
    Никогаш! И ги прекорувам тие што го прават тоа!
    Дај боже некој ден ќерките/ синовите такви да им се родат, па да видат како ќе им е на нив. :devil:
     
  17. devojceto15

    devojceto15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    4
    Сите викаме нема совршен човек на планетава,ама би се спротивставила со тоа.Има мн луѓе кои едноставно немаа никаква физичка маана.На пример на Megan Fox или на Adriana Lima неможат да им се најдат маани ,они се совршени,меѓутоа сепак може на некој да не му се допаѓаат ама дека немаат маани немаат.А инаку не е убаво исмејавање луѓе за физичкиот изглед зошто нема човек што нејќе да е убав и привлечен ама тоа не е до него ,а за лош карактер треба да се исмејува зс тоа може да се смени
     
  18. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    13.419
    Се имам исмеано само на начинот на облекување. И тоа не многу пати дали еднаш или два пати. Знам едно девојче и секогаш се потсмева и и имам шлапнато во лице, да гледа за себе, зашто и она не е толку совршена како што мисли. А не има исмевано сите. Мене конкретно да, јас неможам да кажам Р но, веќе го имам заборавено тоа. Кога некој се потсмева, му враќам со иста мера, со некој негов недостаток, нема шанси само така да стојам а он мене да ме исмева, вреѓа и слично. И во никој случај не подржувам исмевање, вреѓање, и секогаш бранам. А ако некој мене ме закача е тогаш ВРАЌАМ, мило за драго. ;)
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Исмејуваат оние луѓе кои се незадоволни од себе и на тој начин си ги лечат комплексите и фрустрациите! Малограѓани... никогаш не сум исмејала некого за некој недостаток кој го поседува, сите си имаме недостатоци, никој не е совршен...
     
    На Phyramide и Nina24 им се допаѓа ова.
  20. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Многу ми е мизерно исмејувањето на ндостатоците на луѓето. Особено дебилно ми е кога некој ќе исмејува некој со психичко заостанување. Страшно дебилно. Интелигентен човек никогаш не би исмејувал. Како што кажа Мимс во горниот пост, само оној кому му треба истакнување на својата "вредност" прави такво нешто.
    И јас знам да се нашалам на сметка на нечиј изглед, но не заради физички недостаток или вродена маана, туку заради лош стил, начин на облекување и однесување.