1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исмејување на туѓите недостатоци

Дискусија во 'Психологија' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    836
    Секогаш се ставам во нечиа ситуација прд да исмеам или осудам.
    Се ставам на негово/нејзино место како би ми било мене да ме исмејуваат за нешто.
    Избегнувам да исмејувам други, ако се шалам подобро да се шалам на моја сметка одколку на туѓа, на крај краева нема кој да ми замери за тоа.
    Таквото исмевање на нечии недостатоци пред се` ако станува збор за здравствени, е толку мизерно и недолично и во најмала рака дебилно, тоа го прават недораснатите дечишта кои сакаат да се прочаламат пред девојките.
     
  2. NerdierMe

    NerdierMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Луѓето кои исмеваат други, всушност го прават тоа да се издигнат себе, да бидат занимливи за друшѕвото од страв дека може да останат запоставени...што е сосема погрешно. Таквите луѓе имаат тешки комплекси, а во некои случаи и ментални пореметувања и се длабоко не сигурни во себе, мислејќи дека ќе им се зголеми самодовербата на тој начин.
    Не им е лесно на исмејуваните, но ни на оние што исмејуваат не им е ништо подобро. Многу од нив и не сакаат да исмејуват туку го прават тоа за да се вклопат во средината. Иако го разбирам таквите луѓе, сепак да расчистиме нешто ДЕФИНИТИВНО НЕ ГИ ПОДДРжУВАМ !
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.089
    Пол:
    Женски
    Никогаш, ама баш никогаш не исмејувам. Можеби зошто како мала постојано ме исмејуваа дека носам очила. Јас бев грдата жаба со тегли. Колку пати само дома одев плачејќи, ги фрлав очилата, уште толку ќе си го уништев видот. Имаше еден од одд. кој не промашуваше ден да ме навреди. По година, две брат му почна да носи очила. Истиот тој кога ме виде после 3,4 год од завршување на основно ми рече-Каква убавица си станала. Да, ама јас сум уште таа крастава жаба. Жал ми е кога ќе видам мало дете што носи очила, зошто знам низ што поминува. Жал ми е кога некој има физички недостаток зошто имам во фамилијата, жал ми е кога некој има психички , имам во фамилија. Секој што исмејува го стигнува. Не е исмејување некој спомна како се облекува некој, или што слуша, тоа неможе ни да боли, но исмејување на вакви недостатоци, остануваат како болка за цел живот.
     
    На Buttterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Леле мене еднаш ми се смееа у основно постарите дека сум имала бркчиња :rofl:
    што значи дека ова не е недостаток туку напротив вишок :rofl: аа ги мразев и ги избегнував бегав од нив значи, и после и реков на мајка ми да ме изедилира :rofl:
    Тогаш колку се притресував, сеа ми е гајле.
     
    На Lining му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Поретардирана работа нема од ова - да се исмејува човек на туѓи недостатоци поготово ако станува збор за ментално или физичко нарушување. Шамари би мавала за вакви работи! Ајде да се исмејува за работи кои човек може да ги промени, до негде и би можела да разбирам, ама за ова не признавам. Секој човек е роден со недостатоци, ништо не е беспрекорно идеално.
    Имам теорија дека оние кои постојано се исмејуваат на туѓа сметка, го одвлекуваат вниманието од себеси, така да исмејувањето им е еден вид на одбранбен механизам. Веројатно самите тие имаат комплекси за еден куп работи, ама пред да ги забележи некој нивните недостатоци, веднаш атакуваат на туѓа сметка.
     
  6. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Зар има луге и на такви работи што се смеат??? Па тоа е црн хумор бре, ццццц!!!! Тоа е, не видело магарето дека има големи уши, па му се смее на зајакот!
     
  7. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Исмејување не.
    Ама шала на туѓа сметка да, ако прифати соговорникот и ако е лесен муабет, не да излезе закачање со примитивна цел.
    И јас сакам многу да си се шалам на моја сметка, некако ми ја зголемува самодовербата што знам.

    У приватен живот, значи не на форумиве, не трпам исмејавање во стил: ау види ја како се облекла (а малце чудно се облакам, така класика со чудни детали и коса) и згора на тоа кркотење. Е тогаш им го спуштам па што сака нека биде.

    И не сум исмејавала, ако не ме исмејуваат, незнам, ем не се интересирам ем така сум од мала учена.
     
  8. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Можеш да продолжиш така, да го исмејуваш за тоа што д’ка. Но, додека не осетиш како е чувството да д’каш, а уште полошо и да ти се смеат - никогаш немат да знајш како е. А верви ми, ич не е убо!
     
  9. Maarija

    Maarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Се случува многу често , насекаде ..тоа го прават луѓето кои се плашат од недостатоците кои тие ги имаат , се обидуваат да се заштитат себеси..ако ти го прават тоа тебе , не се нервирај-Секое чудо за три дена, что би рекле старите ..поздрав :*
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Физички карактеристики не сум исмејувала никогаш. Можеби некогаш сум се нашла во друштво каде што се исмејувала некоја девојка зошто не е средена (запуштени веѓи, непријатен мирис и слично), ама глупаво ми е да коментирам за такви работи. Премногу чаршиски ми делува таквиот муабет, ако е некој несреден луѓето ќе забележат и без да се зборува за тоа.

    Инаку, имам исмејувано луѓе на карактерна основа. И јас (како и повеќето) бев исмејувана како помала, дека бев ептен ситна по раст, а со огромни очи. И деца ко деца, злобни. :D Ама научив да се бранам со зборови, од мама дарба ми е тоа, спуштам капачиња кај стигнам.

    И веќе не толерирам секакви личности околу мене, иако не би го нарекла тоа исмејување, ама неретко знам да истакнам нечива (карактерна) маана што ми боде очи.
     
  11. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    НИКАКО. Воспитана сум да размислувам подлабоко и да ги почитувам луѓето, нивните животи и приватноста а така ги воспитувам и моите деца.

    Еве примерот со девојката која не била исчупана. Првин, дали таа има чупалица? Незнаеме. И ке кажете е 50 денари на пазар ке си купи. Дали девојката има 50 денари? Тоа што јас имам, не значи дека и таа има. Некому 50 денари се два дена лепче, дали некогаш сте размислиле така? Дали девојката имало кој да ја научи да се чупа? Дали има мајка? Може мајка и починала кога била мала. Може е жтрва на семејно насилство, може татко и пие па ги малтретира сите по ред дома. Може девојката си се допаѓа сама на себе таква каква што е. Може има дечко кој ја обожава и пресреќна е со него дури некои исфрустрирани што се сами, и се потсмеваат. Сите овие работи ги знае само девојката и ако не ви се допаѓа несредена и неисчупана, не ја дружете ама оставете ја да си егзистира на раат. Од друга страна, ако сме и другарки, нели би требало да и помогнеме наместо да ја оговараме? Ако некој мириса, дали знаеме каде живее, има ли вода дома и купатило, има ли струја? Може му ја исклучиле струјата?

    Банални примери но сакам да ги поттикнам тие што се исмејуваат да размислат малку, дека колку луѓе има на земјава, толку судбини има и не секогаш работите се одвиват по наша воља... Родителите ни пружиле колку можеле и вака седејки у топличко на компјутерчиња со интернетче дури стомачињата ни се полни, лесно е да судиме. Некој излегува во град со 1000 денари и најубави алишта, некој може едвај собрал 100 денари да се напие кафе, оти сите седат па и нему му е мерак, носејки ги единстваните чевли што ги поседува.....

    За потсмевање на физички и психички недостатоци, да не почнувам. Ако некој може да се смее на човек со пречки во развојот, мајка му требала да го абортира, жалосно е што го троши воздухот на планетава.

    Сите сме Божји чеда на земјава, присутни тука со причина. Никој не знае што ке го задеси утре, не прави другому тоа што несакаш да те снајде, верувам во карма.
     
    На LittlePinky, T.e.d.d.y, natasa-natka и 7 други им се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Исмевај го зашто е глуп, а не зашто дтка. Наречи го глупак, а не дткало

    За физички и психички, вродени маани не исмејувам никогаш. Многу ми е ниско.
    Признавам и мене ми се десило да коментирам у друштво за физички изглед во однос на облека и средност, да наречам некого глуп, ама и ова е крајно не прифатливо. Мада ставрно има случаеви на луѓе кај што ставрно мора да ги наречеш глупи...и не зборам тука за ментална заостанатост, туку оние од типот на "ај плс остави ми лајк на профајл пикчр". И се срамам од ваквите постапи. Сепак за среќа, не сум на никој во фаца кажала такво нешто, за да не дојде до ситуација некој да си набие комплекси поради некој друг. Мада ставрно има случаеви на луѓе кај што ставрно мора да ги наречеш глупи (барем во себе :D )..и не зборам тука за ментална заостанатост, туку оние од типот на "ај плс остави ми лајк на профајл пикчр"
    А во последно време многу пазам и индиректно да не навредам некој

    Еве ко примерот со Слаткар што е. Се заебаваме на негова сметка, тоа не ни стигнува до него, не дека за него ми е гајле.... ама замислете некој има вродена маана да дтка и постојано чита и слуша такви работи. Замислете како се осеќа коа ќе го прочита зборот "Дткало"
    Исто и премиеров наш, заебанции колку сакаш за "р". И групи по фб и секаде. Е има и луѓе околу нас кои ја имаат оваа маана и замислте како им е нив.
    За ова не бев ни свесна колку може индиректно да повреди некој се додека не забележам кај една колешка. Муабет за Грујо на пауза на факс, почнаа заебанции за буквата, ги мавна филм сите и почнаа да зборат како да се со маана (неможат да кажат р) и девојчето ми призна дека се осеќа мизерно. Уста не отвори цел ден
     
    На L-enna и easyyyyy им се допаѓа ова.
  13. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    543
    Леле колку ме иритира тоа !!!! ми доаѓа :puke:
    Никогаш не сум ти исмејувала недостатоците на други !!! Го мразам тоа !
    Баш некни една другарка се исмејуваше на девојче со физички недостатоци толку ме изнервира што и реков погледни се прво самата,а после ги коментири другите :devil: :x
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.751
    Допаѓања:
    65.207
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ги исмејувам другите. Од проста причина што во неколку наврати ми се вратило, па сум почувствувала на своја кожа. Тука го практикувам она не прави им на другите нешто што не сакаш да ти го прават на тебе. Си ја гледам својата работа, воопшто не ме интересираат туѓите недостатоци, а не пак да ги исмејувам. Секој за себе.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    исмејувањето на туѓите недостатоци ми е најлошата можна особина, никогаш не сум исмејувала никого бидена сум бидена мета на исмејување и знам како е чувството кога некој ќе те навреди заради некој недостаток и сите ти се смеат,а ти не си крива воопшто! порано многу се нервирав заради ова,но со тек на време се помирив со фактот дека ни јас ниту никој не е совршен а тие кои исмејуваат само на тој начин создавајќи им болка на другите се обидуваат да ја прикријат својата. ;) и извинете бидејќи не употребувам голема буква,но она за менување на подршката не ми работи,а на фемина ова што се менува кога пишам со големи букви ми е на латиница. |(
     
  16. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Me исмејувале, сум почуствувала на своја кожа.
    Сум исмејала ама само кога некој мн ке претера ако е ств дебел ке му кажам "доста бе дебел еден"
    Ама да му кажам грд, ретардиран(добро сеа некогаш, ама на зезанција),клемпави уши,голем нос и т.н не.Затоа што тие работи не можат да ги сменат колку и да сакаат, ама ако е дебел може да ослабне.
     
  17. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.225
    Допаѓања:
    744
    никогаш не ги исмејувам своите пријатели што се дружам со нив...е сега со некој од нив можам да прокоментирам е види го овој каков е........ама никогаш во очи на некој
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Нема никакво оправдување да се исмејуваат непроменливи недостатоци т.е. вродени ментални и физички маани кај луѓето. Дури и оние кои трпат промени се работа на личен избор и вкус, меѓутоа скоро сите на одредена возраст сме ги правеле - исмејување на нечиј стил на облекување или интелектуална „недоволност„ и сл. меѓутоа подоцна човек се обидува да помогне ако може некому преку совет или да го прифати некого таков каков што е. Исто така како што наведе Шана се размислува подлабоко и околу причините кои можеби довеле до тоа т.е. каков е животот кој го води и можностите кои ги има или пак нема.

    И верувам дека ваквото исмејување може само лош фид-бек да му донесе на оној кој го практикува, бидејќи секој човек е ранлив, а со исмејувањето само ја повикуваме лошата карма во своја насока. Големина е да се гледа на луѓето со почит без разлика на нивните физички недостатоци, болести, облека и сл. бидејќи од секој еден човек може нешто да се научи и е посебен на свој начин. Не треба апсолутно никогаш а приори да се осудува никој и ништо, секогаш се остава простор и често сме и пријатно изненадени од некој на начин што не сме се надевале, затоа треба да го спуштаме својот гард почесто и да им даваме поголеми шанси на сите луѓе, бидејќи сами губиме со отфрлање на некого само врз површна проценка, бидејќи токму таа неискубана во веѓи и ексцентрично облечена со чудна фризура девојка може да има најшироко срце и најголема душа.
     
    На Shana и katerina777 им се допаѓа ова.
  19. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Ке го копирам постот што го поставив во тема психологија бидејки е соодветен на коментарот на Теодора. Можеби малку офф топик ама сакам да кажам дека им се восхитувам на луѓето кои наместо да се сожалуваат, имаат храброст и сила да заработат на својата различност. Незнам дали некогаш сте го гледале релити шоуто Little people big world? Или дечково од клипот, неможе ни да се измоча самиот, ама погледнете му ја насмевката и слушнете ги неговите зборови. Јас се расплакав бидејки многу ме погоди и следниот пат пред да почнам да мрчам за било што, ке помислам на него.

    psihologija/nick-vujicic-t5702/#p424626
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Никогаш не исмејувам, не ги доживувам луѓето преку нивни мани, а кога бев основно ме исмејуваа ме викаа костур на батерии зошто бев енромно слаба, се чуствував грдо и носев широки алишта за да не биде препознатливо толку. Но сепак е сурово, не секој е спремен да се носи со својата мана..