1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исмејување на туѓите недостатоци

Дискусија во 'Психологија' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ние, луѓето си го имаме тој сериозен проблем да многу повеќе време трошиме занимавајќи се со туѓите животи, проблеми, недостатоци или што годе да е, но туѓо да е, бидејќи очигледно ни е далеку полесно да не „сеќираат“ туѓите маки, отколку да се погледнеме во огледало и да се соочиме со реалноста, т.е. да се видиме какви сме всушност ние.
    И сосема нормално е можеби сето тоа, дури и не ми изгледа ни малку чудно, со оглед на тоа што и нема ништо по болно за многумина од нас, ако не и за сите, од тоа да се помириме со фактот дека нашето ниво на интелегенција е до определена граница и едноставно колку и да ја удираме главата од ѕид, го немаме тој капацитет за одење погоре; дека, какви и да се диетите што ги практикуваме, ако телото на Лима со таа диета е перфектно, добро близу до совршено, од нашето тело се нешто ќе ни штрчи, дали стомакот, дали задник, дебелите ни листови, бутови :sweat: ...

    Тоа што го знам и што се трудам цел живот да си го имам на ум кога стојам пред другите е дека, на другите, не треба да им го правам тоа што, јас не сакам да ми го прават на мене, макар што ми го правеле без да им го правам, ми го прават и ќе ми го прават, барем во тоа сум сигурна 102 % :lol: .

    А, кај многу од луѓето, кои биле всушност нечие жртвено јагненце, заради личните му незадоволства, имам забележано дека, не задолжително го следат оној стандарден процес на трансформација од некогаш жртви сега насилници, психопати и камикази убијци... туку не малку се случаите кога, токму тие жртвите успеваат во животот, бидејќи тој „прекрасен“ период во нивниот живот нивниот мозок научил како да го искористи како мотивација за напред а не назад, згора на се да човечкото (не она човечко што сите го имаат, да се разбереме, пошто вистина толпата определува што е нормално, ама некако јас се сомневам и секогаш ќе се сомневам во насоките и сигналите за нормалното што ми ги сервира толпата) во нив остане без гребнатинка.
     
  2. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Никогаш не исмејувам туѓи недостатоци,имам почувствувано на своја кожа,и верувајте,не е ни малку пријатно.Ме нарекуваа костур на батерии,слаба сум од секогаш,и еве,на 30 год,уште си ги го имам тој комплекс,што и да облечам,никогаш не сум задоволна од изгледот,а за да се соблечам во купачи,треба да помине време додека се пресрамам. Бев мирна,и се уште сум,не им враќав на тие што ме исмејуваа,не кажував ни на моите,за да ме посоветуваат,и затоа станав премногу затворена личност.
    А секогаш се борев за другите што беа исмејувани.Во средно имаше едно девојче со крива уста,и друго малку ментално подзаостанато.Сите цело време се занимаваа само со нив,се нешто ги закачуваа.А јас се карав со пола клас за да ги остават на мира,И денес кога ке го сретнам девојчето што беше малце заостанато,обавезно застанувам со неа и си правиме муабет,ја прашувам за работа,за се,како и со секој друг што го познавам. Се сеќавам еднаш со другар отидовме кај неа на гости,мајка и беше пресреќна,не знаеше уште со што да не послужи,зашто никој не одеше кај нив. Не знаете колку убаво се почувствував тогаш.
    Така да се трудам да не ги забележувам тие работи,а кога ќе се најдам во друштво на некој таков,каков и да е,веднаш ми одмилува како личност.Ме нервираат,ме вадат од такт :@ уфф и сега се изнервирав
     
    На glorijaMKD, De-lovely, Shana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    ;( ;( еднаш и никад више ;(
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Сите луѓе ми поминале низ оговарачките муабети, но не ми текнува на пример кога некого јавно сум исмејувала. Секако другарите ги зезам, дебел, клемпав, пази да не полеташ...но и тие ми го прават мене истото, станува збор за шала.
    Сум осетила на своја кожа многу пати некој да ме исмејува јавно, најмногу ме болеше кога другарите на братучетка ми која ја гледав како сестра, ми се смееја и ме викаа Грозданка бидејќи сум била грозна. Она седеше и се смееше, додека јас цела вечер плачев потоа и наредните денови уште не можев да се смирам. Побогу, дете бев.
     
  5. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Многу мизерноо :x :Down: Јас лично не познавам совршен човек . Па луѓе сме бе мајката не сме од калап вадени :^) :!: Високи ниски дебели слаби грди или убави скрос небитно луѓе се од крв и од месо за некој ако мене ми е најгрдиот што некогаш сум го видела за некоја претставува совршенство ....

    Која сум јас да се потсмевам совршена сум маа нее далеку од тоа па дури и да сум ако навредувам немам ни с од совршеност. :fubar:
    Нажалост сум била и во ситуација да навредам и да ме навредуваат :tmi: не е пријатно ни едното ни другото чуство.Докажано е дека навредуваат најмногу оние кои имаат ниска самодоверба и комплекси па мислат дека на тој начин е подобро да функционираат кога го прочитав ова ми текна на сите оние кои навредуваа постојано тие се тие кои биле со милион комплекси и Големи Недостатоци така да се тоа ми држи вода :?: . Јас решив нема повеќе да исмевам никого ако тој не ме исмева дури и нешто ептен да е смешно сигурно нема да се смеаам во лице како некоја несозреана искомплексирана будала ... :puke: :x
     
  6. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    не исмејувам туѓи недостатоци бидејќи знам како би се чуствувала јас да ми се случи мене тоа а ми се случило но не сум вратила со иста мера. Знам дека и јас имам недостатоци, сите имаме па затоа не пректикувам исмејување..
     
  7. DeVoJkaTa999

    DeVoJkaTa999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    33
    Прави го она што сакаш тебе да ти го прават... А исмејувањето е непристојно за да ми се случи па поради тоа не сакам и другите луѓе да го доживуваат од моја страна.
    Не велам дека несум била во таква ситуација, има луѓе што тоа им е вообичаено :) но сепак ги сваќам како е да се нема мозок... :D
     
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Луѓето што исмејуваат се луѓе без свое јас ,па мислат дека со исмејувањето ќе им биде полсено да ги прекријат своите недостатоци или евентуално да си ја нахранат и така јадната душичка |(
    Се знае дека никој не е совршен и никој не е крив за своите недостатоци ,а потоа од таквите исмевања на многу луѓе им останува траума за цел живот :!:
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Никого немам навредено или исмејано поради некој недостаток онака јавно, уз трачерски муабети можеби, но доколку се работи за некоја несериозна работа, заебанција, глупавост :rofl: на физичките недостатоци никогаш не се смеам, воошто не ми се ни смешни ниту пак чудни... сите сме луѓе, на секого може да му се случи. Многу ми е невкусно кога некој некого исмева поради било каков недостаток физички или психички :devil: од кожа ме вадат таквите малоумници... секогаш им одговарам како што треба.
    Не ме исмејувале ништо посебно, уствари имаше една случка во основно ко пубертетлија имав мали бркчиња и едни деца од поголемите ме изреметија нешто и почнаа да ме викаат Гоце Делчев, и се утепав од плачење, ги избегавав поголемите деца низ цело школо, после се издепилирав :rofl: и бев главна у школо без брк :rofl: :lol: Е тоа не беше недостаток него вишок :rofl:
    :emo:
     
  10. claudi00

    claudi00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    137
    Пол:
    Женски
    Не треба никогаш да ги исмејуваме другите кои се околу нас, затоа што никој не е совршен секој има свои недостатоци кои не може да ги промени... ПОЧИТУВАЈ ЗА ДА БИДЕШ ПОЧИТУВАН... јас мислам дека секогаш треба да се запрашаме како би ни било нас кога би се нашле во исто таква ситуација па потоа да коментираме... сакај го човекот онаков каков што е со сите свои предности и недостатоци... убавината се гледа во душата а не во неговиот надворешен изглед...... :)
     
  11. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    9
    МРАЗАМ КОГА НА УЧИЛИШТЕ ГЛЕДАМ КАКО ГИ ИСМЕВААТ НЕКОИ ДЕЦА ЗАРАДИ ОНА ШТО ГО НЕМААТ! Тие немаат свој живот и се заминаваат со туѓите, зар не гледат дека тоа некој можи да повреди? Јас сум повлечена, за тоа ме исмејуваат, што се тие подобри од мене? Поќе памет имат? Грешка! Тие немаат памет! Што дека се заминаваат со туѓ живот? Немаат како да го трошат времето? Ги жалам таквите луѓе!
     
    На FlameFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    и тие се дел од тој човек, треба тие да се прифатат, начинот на кој е создаден не треба да се исмејува, никој не е совршен...
     
  13. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Никогаш немам дозволено некој да ме исмејува.... Не викам дека не пробале, али ми дал господ место уста чорапа, па никогаш не останувам покуса. Искрено повеќе ме нервираат оние што кога се исмејувани ќутат! :@ Во средно имав другарка стално беше мета на исмејување и кога ја вреѓаа ќе се свртеше ко демек гајле и е, а после идеше по вециња да плаче. Секогаш јас се карав место неа. И ете во средно ме имала мене, а што ќе прави понатаму во животот, ќе бара некој да ја брани од злобата во светов. Ако не си се бориме сами за себе, кој ќе се бори за нас...
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Нема човек без недостатоци, тие се дел од секого и треба да се прифатат. Совршен човек не постои.
    Не можам да прифатам исмејување, многу е непријатно и ме вади од такт. Зошто да ги цениме луѓето според физичкиот изглед, кога вистинските квалитети се под површината и не се гледаат на прв поглед. Никогаш неможеме да знаеме што ќе ни се случи утре, така што исмејувањето е непотребно, посебно затоа што на своја кожа сум го почувствувала тоа и знам колку е одвратно чувството.
     
  15. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Разликите не' прават посебни, зарем не?


    Недостатоци?! Јас повеќе би рекла свои лични и единствени одбележја. Нешта по кои сме препознатливи. Нешта кои не разликуваат од другите. Ако секој е различен и насекаде ечи мотото Секој е убав на свој начин, зошто никој не се придржува до тоа? Зошто во светот постојат лицемерија, исмејувања, ривалство..?

    Ех кога би била закон во државата, би организирала ден сите да се погледнат во огледало, а потоа да го погледнат другарот.Каде се разликите? Сите дишеме ист воздух, зарем не?! Зошто тој воздух да биде загаден од такви понижувања? Денес исмејувај го другарот, утре ќе го исмејуваат тоа дете. Кругот тече. Кругот се врти.

    Благодарам.
     
  16. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    На факултет кај мене имам еден колега со мене во група што е со некоја ментална редардација, ама тоа не му смета да си учи нормално дури англиски знае одлично за разлика од сите нас што е за почит. :clap: Ама другите колеги секојдневно го исмејаваат што ми е многу жал. Забораваат дека секој има право на образование и наместо да му помогнат тие го исмејуваат. Ме нервираат ваквите луѓе, забораваат да се погледнат себе пред да исмејат некој и со та да го навредат истиот. Мислат дека они па се многу нормални и совршени а се за жалење. На таквите толку им е културата за жал. :worried:
     
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    97.992
    Пол:
    Женски
    Сум била во ситуација да ме исмејуваат,и да знаете многу е болно,и некој ке каже треба да се врати со иста мера,но не секој човек е исто скроен,некогаш ги игнорирав,некогаш се убивав од плачење и од нервоза ,..и баш поради тоа што знам како е да си исмејуван никогаш не сум исмејувала..и моите деца гледам така да ги воспитам и баш ми е мило што гледам дека и двајцата имаат што се вика усул во однесувањето.. :)
     
  18. Mamy

    Mamy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Јас би кажала дека имам недостаток, но сум прифатена од сите. Кога бев во училиште имаше некои што сакаа да ме омаловажуваат, а кога ќе видеа која личност сум јас ми се поклонуваа.Ги гледав како им е непријатно зашто јас не обрнуваав на тоа внимание, а сега кога некои од нив ќе ме сретнат јас со сопруг и со две деца а некои од потсмевачите сами главата во земја ја забијат. Мојот сопруг ми велеше твојот недостаток можат сите да го видат, но многу има сто имаат во главата недостаток. Секогаш се враќа мило за драго. Јас така и моите деца ги воспитувам, никого да не исмејуваат и секогаш кога можат да помагаат. :D
     

    Прикачени фајлови:

    • mothernchild.jpg
      mothernchild.jpg
      Големина на фајлот:
      8,2 KB
      Прегледи:
      276
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.566
    Пол:
    Женски
    Една од најлошите човечки особини. Ме исмејувале и мене како мала, сум плачела сум се нервирала, едно време им враќав и како созреав сватив дека они кои исмејуваат, всушност се несигурни во себе, имаат 10000000 комплекси и со исмејувањето на другите се трудат да си ги прикријат своите недостатоци.
     
  20. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Исмејувањето на туѓите недостатоци јас го интерпретирам како акт на докажување на надмоќ кон одредена група на луѓе ,со што би се прикриле своите недостатоци .
    Тука ,освен монструозната нечовечност ,доаѓа до израз и искривената слика за себе и слепото верување од типот "Мене ништо такво не може да ми се случи ]:) ".
    Внимателно со играта на зборови, неретко се остварува во буквална смисла !