1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исмејување на туѓите недостатоци

Дискусија во 'Психологија' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Зошто паѓате на вакви провокации? :^) Всушност тоа не се ни провокации туку глупости што може да ги каже само некој недоразвиен во умот.Паметниот и интелигентниот нема да падне толку ниско и да зборува такви муабети.Тој што се осудува да исмејува некого е самиот тој за жалење и смешен.Таквите луѓе се несигурни и лабилни па преку такви глупости сакаат да ја сокријат својата слабост.
    Немој да си ставате при срце од некој што застанал со развој на двегодишна возраст. ;)
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Се е смешно се додека му се случува на некој друг.

    И иронијата и сарказмот имаат своја граница ако умерено ги употребуваш. Се повеќе од таа точка станува нападно, фрустрирачки и ми останува да помислам дека некои луѓе се хранат од тоа.
    Невкусно е, ако тоа е начинот со кој сакаат бидат поголеми во очите на другите во моите очи се смалуваат се повеќе и повеќе.
    Единствено нешто што никогаш не го размозгав е како сеуште имаат некој покрај нив да ги трпи нивните сочни коментари? :^)
     
    На De-lovely, crazylady и Mygirl им се допаѓа ова.
  3. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    ^^^ Браво Пинкфоревер :clap: . Сосема на место. Како што е лошо да ги исмејуваш физичките недостатоци, лошо е да ги исмејуваш и карактерните. Се си има своја граница, па дури и иронијата и сарказмот кои дури и овде на форумов станаа најценета карактеристика. Волјата некому да се помогне и добродушноста се помалку ценети од нив. Ок е, малку сарказам никому нема да наштети, но почнаа да го употребуваат сите, дури и оние што не знаат како да го употребуваат и мислат дека се сакркастични а уствари се груби и навредливи.
     
    На crazylady и macysh им се допаѓа ова.
  4. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Се што е кажано претходно, се согласувам, да не се повторуваме. И јас бев уште од прво одделение исмејувана, поради вишокот на килограми, и покрај тоа што и не бев толку дебела, туку сите останати од одделението беа пониски од мене и ми беа буквално до градите. И тоа не ме исмеваа моите врсници, колку што ме исмеваа постарите генерации од 7 и 8 мо одделение. Не само што ми исмеваа и вадеа разни прекари, а сето то го правеа од љубомора поради моето семејство и поради континуирано одличниот успех (велејќи дека моите ургираат, а тоа нема врска) и оти ме виделе на ТВ со Тоше Проески, туку се однесуваа и насилно, што нормално, дете од прво оделение во тие услови губи самодоверба и има комплекс на помала вредност. Имав и такви кои се прават најдобри пријатели, а од зад грб ти прават секакви фаци и се и сешто зборуваат. Ама како што претходно рековте, се се враќа. Некои не успеаја да се запишат ни во средно, а камо ли на факултет, други останаа уште подебели. Со тек на време научив и јас да враќам, и како што минуваат годините, јас станав посилна. Денес човештвото е такво, што на се добро што ќе ти се случи љубоморат и напаѓаат. Една пак во средно ме исмева демек како сум можела да имам дечко, а да немало физичка привлечност, поради неколку вишок килограми. Јас и реков па од кај знае таа дека баш и нема физичка привлечност. И таа си зборува, па и враќав. може и не требаше да паѓам на нејзино ниво, ама прво таа не се гледа па за другите кажува. Таа пак толку слаба, ко да нема пари ни за храна, ко социјален случај, и само колкав нос има, па мене за вишок кг ми кажува. Па, после неколку дена, ја остави дечкото, за кој таа тврдеше дека таа била единствената во која се вљубил. Јас никогаш не се исмевам на туѓите недостатоци, освен ако знам да вратам ако мене некој ме исмева и упорно провоцира. Па зарем има некој природно совршен, освен ако направи естетска хирургија? Пак и тогаш, никој не е совршен. Пак зарем некој сакал да биде дебел, или дали некој сака да има голем нос или големи учи, или да носи наочари, или да има ретка коса, или да има влакна по телото итн? Тие недостатоци може да бидат и поради здравствени проблеми, хормонски проблеми или наследно итн, така да не е убаво било кој да се исмева. Всушност, тие што се исмеваат треба да посетат психијатар.
    Јас може се расплинив, ама премногу сум осетлива на оваа тема, бидејќи и јас сум била исмевана, и мои блиски. Само знам дека треба да бидеме свои, да се сакаме себе си, да се гордееме со тоа што го имаме, бидејќи, некои копнеат да имаат барем мал дел од тоа што ние го имаме, а ние не сакаме да го имаме. И тие што навистина те ценат, ќе бидат со тебе каков/ва и да си.
     
  5. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум се исмејувала на туѓите недостатоци, дури и мн често може да ми се случи да ги не ги забележам кај некои, затоа што јас не ги ценам луѓето според нивниот изглед туку според внатрешната убавина. Сето ова можеби е тоа што и јас уште како мала имам набиено комплекси од таквите луѓе: " лелеле носиш наочари, слепа си, тетка тегла и др зборови што мислам дека ми оставија трајни белези" ама тоа е кога живееш во таква околина.
    Сум била и сведок на такви исмејувања на пример другарка ми не може да ја каже Р и често се слушуваше да ја исмејуваат за тоа, многу ме боли кога некој ќе ја зезаше, а замислете на неа како и било. Затоа и се карам со таквите луѓе, и не можам да им ќутам.
    Зарем јас сум крива што носам наочари или другарка ми што не може да каже некоја буква.
    Затоа не оправдувам исмејување за вакви работи ама и никогаш не простувам....
     
  6. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    И јас од кога паметам дека одам на школо луѓето се нешто ме омаловажуваа :worried: .За се и сешто една од причините беше што пишувам со лева рака,ама фала богу дома ниту еднаш не ми дале забелешка околу ова и баш напротив ниту пробаа да ме привикнуваат со другата рака да пишувам.Втора работа бев исмејувана затоа што најбрзо ми пораснаа гради(во петто одд),и се некои прекари и погрдни имиња ми давале што за жал остави доста длабока трага во мене.Поради што бев нарекувана дека наликувам како куче пекинејзер верувајте дека сето ова резултираше да имам нула самодоверба и не сакав да се погледнам во огледало сметајќи дека сум грда ;( .Исто така бев многу мирна и тивка до 8одд. поради и што соучениците си земаа за право да ме зафркаваат...Инаку и јас мразам кога некој исмева друга личност,а сами не се погледнале на што личат и дека имаат мал милион маани :fubar: .
     
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Кога бев помала, јас бев една од личностите што ги исмејуваше другите. Со една моја другарка постојано бевме "главни" во класот, што кажевме ние тоа го правеа другите. Кога нам не ни е погодена некоја личност, веднаш ги подучувавме другите да и се скарат .. ах, леле да можам да го вратам тоа време нема да бидам таква. :(
     
  8. talentirana

    talentirana Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    248
    Пол:
    Женски
    Кои сме ние да ги осудуваме или да ги коментираме недостатоците на другите. Па и ние сме луѓе кои имаат по некој недостаток, само што тој недостаток кај некои е видлив а кај некои не. Затоа е животот понекогаш суров за да не направи поцврсти и да учиме од своите грешки. Само за жал некои луѓе не се менуваат и си остануваат со истиот ум.
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Сум имала искуство со вакви како што сте биле ти и другарка ти, значи имав вакви соученички во основно, е ме интересира која беше причината ако вас не ви одговарала не ви била погодена некоја личност, зошто другите ги "подучувавте" така? Само дека ве сметаа за "главни" или имавте и некоја плус причина?
    Ќути ко ти текнало дека не било тоа добро да го правите :)
     
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Од никогаш не исмејував никого, напротив јас бев заштитникот на послабите.
    А, многупати бев `сведок`, на различни исмејувања (најмногу на училиште), ако некој носеше очила, зимска почудна капа, помодерна ташна, нова фризура...итн....воглавно за чисти глупости. |(

    Најинтересната работа е што секогаш исмејувале тие кои не знаеле да се погледнат себе си, а на мета биле тие кои повеќе вредат.
    Така исмејувањето било најчесто од завист, љубомора, тоа чувство да го спуштиш некого подолу.
    ГИ ЖАЛАМ ТИЕ ЛУЃЕ. За жал сеуште познавам такви, а веќе возрасни луѓе станале.
    Греотичка ми е и за исмејуваните, без потреба им се рушела самодовербата и добивале комплекси, кои долги години се лечат..... :!:

    Прашање - ако најчесто оваа `појава` се јавува во школските институции, каде е таму надлежниот образовен кадар задолжен за воспитување, подучување на децата?
    Или предавај ја лекцијата и остави ги нека се испотепаат меѓу нив? :^)
     
  11. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Мислам дека немаше посебна причина, како што се сеќавам, едноставно бевме ЛИГАВИ ПРЧЛИ. На една сега што ми е најдобра другарка и правевме секакви глупости и сега кога ќе се сетиме на тоа секогаш и се извинувам. Ми се гади од самата помисла дека сум била таква. :envy: Сепак, мислам дека големо влијание на мене имаше "другарка ми". Откако не сум другарка со неа сум целосно друга личност. :)
     
    На eli4ka29 и Lux им се допаѓа ова.
  12. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Не можам да разберам како светот може да биде толку злобен?Никој не треба да исмева никојј!! :geek: :devil:
     
  13. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Најмногу ме нервира исмејувањето :devil: незнам како не им е срам ...
     
  14. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    многу мрзам така кога некој ќе ми дојде и ќе ми тропа глупости ќе исмејува некој друг а баш знае дека многу го мразам тоа да го слушам
     
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    ЈА едноставно немам срце да исмејувам некого без разлика за каков вид на “недостатоци“ станува збор . Го имам почуствувано тоа на моја кожа и знам како е . И ја ко и сите други не сме совршени и не ни дава ништо за право да се исмејуваме некому само заради тоа што тој некој по нешто се разликувал од нас.

    Мислам кај е човечноста во овој чин ??

    Мене од тоа шо ми се исмејувале и зафркавале шо сум носела наочари ко мала не ги носев и уште повеќе видот си го покварив . Ама затоа сега пак си го сакам тој недостаток, едноставно сум си убава со наочарчињата. Поубаво се осеќам коа ги носам :geek:

    Најголеми грешки се создааваат при овој чин, посебно кога станува збор за исмејување меѓу дечињата . А тие сонциња мали што ти све не прават за да утредента изгледаат совршено само за да не им се смеат другите ... Мислам жалосно е .

    Мора да превземат нешто родителите во нивни раце, зашто ваквото нешто доаѓа од мали нозе и е сериозно нешто ...
     
  16. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    како да си влегла во моите мисли, и јас така мислам :) :)
     
  17. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    http://www.youtube.com/watch?v=hYhHWmQ_M68

    Е ваквите ги исмејувам и им се убивам од смеење, глупави луѓе бре. Инаку не, најмногу ме нервира, не можам да поднесам да сум ни во близина на толку недозреани, искомплексирани, загревотни душички кои лечат комплекси со тоа што ги навредуваат другите. Ако се исмеваш на некој друг нема да ги скрие твоите недостатоци, порасни и готово. Бев уште како мала исмејувана, посебно во 5то одделение кога нагло се здебелив и ми остави богами трајни лузни тоа.

    Сега едноставно не сакам да бидам во близина на луѓе кои се мислат дека се над сите, дека се нешто подобри од сите, кога луѓе сме сите бре. Не се смеам ни на изборот на облека што го прават некои. Имаше една девојка , прва година на факултет, ја исмејуваа сите за начинот на кој се облекувала. Сеуште има такви луѓе, а јас која секојдневно разговарам со неа, ми претставува задоволство да разговарам со една толку мила и пред се интелегентна и начитана личност.

    Сакам да кажам, првиот впечаток лажи и никогаш не се ослонувам врз него. Јас на пример изгледам ко глупак додека да се опуштам да разговарам со некој, не ме бидува за со нови луѓе. Тоа е. Сите имаме маани, само некои мислат дека нивните би ги скриле. Се лажат. Многу.
     
  18. Xtinna12

    Xtinna12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    6
    Јас не сум се исмејувала на туѓите недостатоци.И јас сум била некогаш исмејувана а можеби и сега и затоа не се исмеувам на туѓите недостатоци затоа што знам како е да си исмејуван...:( :\
     
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Сум била исмејувана и затоа знам колку не боли. Да, не ми пречеше нивното потсмевање. Бев подобра од нив и затоа бараа нешто, било што, ситница со која ќе ме замараат цело време. Бев свесна за моите недостатоци, ама тие беа само физички. Можев со денови да ги слушам како зборат за мене и ич око да не ми трепне. Само затоа што знаев дека тоа се неуспешни обиди да ме спуштат долу. Нивниот комплекс на нижа вредност го лечаа со исмејување на оние, послабите. Ама јас не бев слаба. ]:)

    И добро, поентата ми беше дека сум против исмејувањето затоа што со исмејувањето на некој, всушост се исмејувам сама себе. Демек ја не вредам доволно, па сега ке земам некој послаб и ќе го анализирам од глава до пети и за она најглупото на него ќе почнам да му се потсмевам. Освен ова, поради исмејувањето некои начисто забегуваат. Озбилно, најмногу оние хомосексуалците. Сега дечкото го исмева цел град и он за инат ќе земе ке стави слика гол у када со жена што може да му е мајка. Цел издрогиран, со алкохол во рака. :x Страшно. За да се намалат таквите “неуспешни абортуси„, т.е забегани деца, треба да престане исмејувањето. :!:
     
  20. patika19

    patika19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    54
    И кај мене беше нешто слично.. Јас така дека повисочка сум си а имаше едни машки метро и желба за растење и често ме измејуваа и дури после сванав дека таквото однесување е резултат на тоа што сметаат дека имаат некој вид недостаток. Мислам сепак за машко и не е баш лесно во 1 година средно да си метро ипол.. :)
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.