1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исмејување на туѓите недостатоци

Дискусија во 'Психологија' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Мислам дека ова најмногу се случува на училиште, кога децата се помали и не ги знаат вистинските вредности. Не дека вака нема исмејување, ама на помали години мислам дека е почесто. Исмејувањата од типот "гледај овој има криви очи хахаха", "глеј какви и се забите криви", "аууу ама големи уши има", "има крив нос" и сл. На децата можеби и може да им се прости, им поминува со тек на време. Ама кога некој возрасен ќе каже такво нешто, тогаш тоа личи на крајно искомплексирана личност. Треба да сме свесни дека секој човек има и добри и лоши страни. И доблести, но и недостатоци и мани. Па така и тие што изсмејуваат. Па и немора да имаат некоја си кој знае каква мана, тоа што се такви, што исмејуваат им е најголемата. Мене тоа ми е многу ниско... :puke:
     
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Многу кретенско е ваквото исмејување.
    Јас мислам дека доаѓа како резултат од тоа што, луѓето кои го прават ова, мислат дека се далеку подобри или дека ги немаат недостатоците на оние кои ги исмејуваат.

    Мислам дека на темава можам да зборувам со денови, да кажам се' што мислам за ова, ама незнам што ќе постигнам. Вие незнаете колкав гнев чувствувам кон оние кои го прават ова. Воедно и ми е жал за нив.
    Знаете..... кога човек ќе добие малце поголема слобода, се губи... да, да се губи... Така и овие луѓе што исмејуваат, имаат поголема слобода и се губат.Исмејуваат затоа што се плашат тие да бидат исмејувани, и се согласувм со коментарите врз мене, тоа го прават во самоодбрана... Тажно, нели?
    Овие луѓе се психички болни.. Извинете ама така е ..

    Како можам да земам и да се смеам на некого, заради неговите недостатоци.. па зарем јас немам?!?!!?
    Зарем јас сум совршена!!??! Не, не сум совршена, и токму поради тоа неможам да си го дозволам тоа да измејувам некој друг за било што....

    Сум била сведок на вакви случки, на многу многу вакви случки. Жал ми е за персоната што е исмејувана, можам да замислам само како се чувствува. Можам само да замислам какви не црни мисли и поминуваат низ глава додека другите и зборат гадни работи на нејзина сметка.... Можам само да замислам како таа успева да издржи во овој мизерен свет.... Како и е на таа личност кога ќе дојде дома, и кога ќе ја/го праша мајка и/му што ти е, а тој/таа ќе одговори, ништо не ми е, само сум изморен/а..
    Да, изморен/а си од таквото однесување на безобразните идиоти. Изморен/а си од оние кои ти го прават животот уште толку потежок.. изморен/а си од плачење, од нервирање, а неможеш ништо да смениш...
    Неможеш да се справиш со тоа....

    Тука можам да зборувам со денови... Знам дека целиов текст изгледа така нафрлано и знам дека многу пишував а ништо не кажав.....

    Да не го должам многу, да сумирам..
    -Сите оние кои се исмеваат на нечии недостатоци, да седнат и да си ја чукнат главата. :fubar:
    Се' се враќа во животот, ce' се плаќа..We just need a time.
     
    На LittlePinky, no.name6 и gingerchild им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Недостатоци.
    Многу луѓе сметаат дека се исмејуваат на нечиј недостаток,а тоа всушност не е недостаток.
    На пример еве, јас сум била исмејувана поради тоа што сум си се посветувала на учењето, или поради тоа што сум имала поразличен став од другите. Имало такви шупаци кои ми го навирале тоа на ум цело време и јас за тоа сум почнала да мислам дека е мој недостаток - а уствари не е. Ете, помина и тоа време и сфатив дека сиот мој труд си се исплатил, и си ги сакам своите ставови и себеси таква каква што сум.

    Ако не друго, барем сум сега посвесна од нив и сум попаметна девојка од сите нив заедно.
    Не сфаќам зошто би се исмејувале на нечиј недостаток или „недостаток“ . Но сметам дека многу луѓе прават онака како што им налага трулово општество. Сите сме под влијание на нешто. Еве,од кога тргнав средно многу работи се изменија, и јас сум друга личност од тогаш. Почнав да си се сакам себеси таква каква што сум и од тогаш па наваму не сум имала некој проблем со било какво исмејување. Сфатив дека тоа не бил мој проблем туку дека сум била само опкружена со кретени што размислувале просто и површно, односно воопшто не размислувале.

    Еве сега у средно имам еден школски кој го исмејуваат бидејќи има помалце чудни ставови, понежен е иако е машко и си живее у некој свој свет. Никогаш не сум го одбранила, ама никогаш не сум го ниту исмеала за тоа. Еднаш му имам кажано само да не им замерува на тоа што го прават, ама гледам дека и самиот си е повеќе од свесен дека не треба многу многу да му се фаќаат за срце нивните непромислени акти. Некогаш, ќе се потруди да им возврати со иста мера, но не може, само еден е а тие цела гомила.

    Ех.. па што ако некој има криви очиња или е дебел, или е многу слаб. Не ги сфаќам човециве, на што ги сводат своиве размислувања, како тоа така лесно ги проценуваат луѓето.

    Никогаш нема да го оправдам тоа исмејување. А неоправдувањето ќе си го бранам со тоа што ќе си се сакам и ценам себеси таква каква што сум. Па они нек се смеат ако им е до смеење. И онака еден ден евентуално ќе умрат. Пих.. :D
     
    На Boka.A и L-enna им се допаѓа ова.
  4. Boka.A

    Boka.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    10
    Ке те разбере само оној кој ги има истите проблеми! Запаметете го тоа!

    Сите ама баш сите барем по еднаш се исмејувале на некого заради недостаток. Неприметно но така е, понекогаш луѓето лечат свои комплекси (како што имаше спомнато) преку исмејување на нечии недостатоци а у ствари тоа е недостаток на самата личност!
    Недостатокот на оној кој се исмејува е :fubar: памет! Воопшто не мисли на последиците, и не се става во таа состојба иако можеби знае дека тоа БОЛИ во душата. Сум била исмејувана баш за најситните недостатоци. БОЛИ навистина БОЛИ и незнам како другите го надминуваат тоа но јас го надминувам со игнорирање!

    :)
     
  5. caramella

    caramella Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    може некој да не верува во господ,ама на едно ме учеле моите родители, и уствари и така и го сватив и многу е реално "господ, сите на земјата не создал со мани.." некој ќе праша зошто ? затоа што утре тој до тебе не смее да ти се сврти и да ти каже, гледај се каков/ва си ....туку да се погледне и да си каже, чекај бе и мене ми фалеше нешто....така да немам видено човек да не му фали ништо, а и немам приметено дека мене се ми е совшено. јас ова вака го имам сватено, и кој и да ме навреди, не се повредувам со тоа што ке ми го кажат пошто знам дека и него го боли нешто со што не е задоволен, па лечи комплекси на мене....
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    Многу ми смета таквото однесување... Во основно имав еден соученик имаше клампави уши и тепкаше кога зборуваше,плус тоа беше многу страмежлив,многу го исмејуваа а јас секогаш го штитев и ми стана најдобар другар па покрај мене сите го прифатија.Ке го паметам цел живот,надобриот другар од детството....(на крај се заљуби во мене ):lol: :lol: :lol:
     
    На HurremSultan му/ѝ се допаѓа ова.
  7. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Никој не е совршен, секој човек има по некој недостаток, физички, психички,видлив, невидлив, но сепак постои. Исмејувањето најчесто им се случува, на лица со видлив, физички недостаток, и тоа претежно од лица од кои имаат невидвил, психички недостаток(премногу нервозни, ифрустрирани, некои што сакаат внимание да привлечат, или со низок степен на интелигенција што и тоа е еден вид недостаток). Мислам најчесто ова се појавува во пред школска и школска возраст, кога децата сеуште не се целосно психички оформени личности и не знаат како треба да се однесуваат, или потекнуваат од растроени семејства, со родители алкохоличари,наркомани, или премногу нервозни, и физички нападни. Некои луѓе со текот на времето се менуваат но некои не, и тие што се по возрасни и што ги исмејуваат туѓите недостатоци се луѓе што бараат внимание, или начин на некој да си ги "истураат" насобраните фрустрации во себе.
    Како типичен пример за ова можам да издвојам една случка што многу ми падна жал за едно дете, што бранејчи го и јас настрадав. Во мојот клас во средно, имаше еден ученик што оцените му беа ниски, поведението ептен за никаде, дури пред истерување од училиште, секоја ден доаѓаше на училиште, или со модро око, или скршена рака, што препоставував дека е машко, се степал, или паднал, па му се случуваат такви работи.Но имаше уште едно дете што учесе со нас но од раѓање едната нога му беше по куса и кога одеше кривеше. тој багабондот дојде тој ден на училиште нервозен, налутен, со сите се караше, дури и од час го избркаа, на одморот излеговме надвор, и го видов седеше пушеше цигара позади мене излезе и другото дете што кривеше, кога овој лошиот го виде почна со камења да мава по него, и да го навредува и да го пцие, бидејчи само тоа дете неможеше да му врате со иста мера, падна детето на земја а овој продолжи да го удира, и да му вика требало да умреш, ти не требало да се родиш гледаш никој не те сака итн итн, во тој момент како што стоев како оган во мене да се разгори и неможев да се воздржам и застанв меѓу нив, му реков да прекине, и го кренав детето од земја(кое беше веќе во лоша состојба), и овој насилниот и на мене се нафрли, но тука беа другарките, другарите мои веднаш ме спасија што се вика, а тоа кутро дете никој не застана да го спасе туку сите сеир гледаа. Муабетот ми беше дека тој лошиот потекнуваше од многу лошо организирана заедница, мајка му полудела на млади години, татко му алкохоличар, немало кој да го воспита за жал. другото дете што беше со недостаток, истата ден ми купи чоколадо во знак на благодарност, после некоа година доби леукеија, и дознав дека пред некој месец и починал. Се надевам дека колку можев ви објаснав, дека сите имаат недостатоци, па дури и тие што се исмејуваат на туѓите.
    се извинувам малку заминав офф се надевам ке ми простат операторите
     
    На karenin и HurremSultan им се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Таквите себеси не се виделе, не знаат носот да си го избришат, ќе кажувале за туѓите недостатоци. :^)
    Обично тоа се искомплексирани луѓе, кои мораат да ги исмејуваат другите за лажно, привидно да се воздигнат самите. :^)
    Ги жалам.
     
  9. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Никогаш не би се насмеала на таква работа, затоа што и самата особа не сака да биде таква, сака да биде нормална како сите други, цел живот го сонува тој сон, дека еден ден ќе биде дел од нормалниот свет... но за жал тоа е Господова работа и мора да се живее со или или без нив.
    А за луѓето кои се смеат на такви работи, незнам што да кажам...се плашам дека еден ден и тие ќе имаат таков недостаток и ќе го почувствуваат истото.
     
    На anabel-a и crazylady им се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Мене во средно школо започнаа да ме исмејуваат. И знаете ли зошто? - бидејќи сум зборувала многу лигаво. Нее, ни од далеку не бев шмизла, едноставно таков ми е гласот од раѓање. И тоа многу влијаеше врз мене. Јас немав подршка од никој. Немав вистински другарки да застанат на моја страна. Тој период беше многу тежок за мене. Бев осамена. Сега па после толку време, си фатив дечко кој баш поради таквиот глас ме заприметил и сум му се допаднала од прва.
    Знаев тогаш дека не треба да се нервирам, бидејќи некои девојчиња намерно го прават така гласот за да бидат шмизли, но јас се нервирав дека тоа не беше вистинската претстава за мене и за тоа каква сум јас.
     
  11. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    моите недостатоци ги прифаќам,така да и со останатите исто постапувам,секој има некој недостаток,некоја мана и ако не можеш да помогнеш не одмагај!Секој си има свој живот зарем нашиот е совршен за да се замарам и исмејувам туѓ живот :(
    навистина ме растажи темата во средно имаше едно девојче кое многу го исмејуваа,мене ми беше жал се потрудив да и помогнам да види дека греши со однесувањето но таа беше таква,осамена,немаше другарка со која ќе зборува за проблемите свои па ги кажуваше на цел клас,на тоа никој не помагаше...сите се исмејуваа,а никој не размислуваше дека и таа има живот како и тие што имат ;(
     
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас пак напротив, мислам дека ова го прават за да ги прикријат своите недостатоци. Зашто се несигурни и не наоѓаат друг начин да се истакнат освен оној да ги исмејуваат другите околу нив. Комплекси.
    Никој не е совршен и секој има некаков недостаток.
    Само некој со "психички" недостаток може да исмева физички, така само би се чувствувал супериорно.
     
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    значи најдегенска работа што постои. Јас на пример сум ниска и од кога знам за мене ме заебаваат за тоа, и со тек на време престана да ми смета дури правам и шеги на моја сметка. Али после операцијава кога видов колку болни луѓе има неќам да живеам на планетава. Тоа зноровите беа: бележана, иии колку ти е ружен вратот после дека имав проблеми со гласот од истата операција ми викаа не се слуша на таа фреквениција и нз што. А најтрагичниот коментар беше па што има везе имаш рак и така ќе умреш. Алооо каде со тоа понашање. Незнам многу ме повредија тие зборови кај од една страна јас со толку проблеми па и уште некој да ми јаде г*мна и дами се исмејава затоа што сум болна. Ма идете лечете се.
    И да мислам дека тоа се страшно искомплексирани личности што на тој начин ги лечат нивните фрустрации.
    Мислам колку треба да си болен да се смееш на болест бе ...
     
  14. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    сега скоро кога ја извадив протезата многу луге прекинаа да ми зборат али дефинитивно не е до тоа , ако некој не те сака ке ти најде мана и да си најсовршената особа на цел свет.. бидејки такви се лугето денес ;) но мило ми е што конечно немаат веке причина за да ме навредуваат ;)
     
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    674
    Јас имам некој таксират да бидам опкружена со такви луѓе, кои од дното на душата ги мразам, а велат тоа што го нејќеш ко за беља те следи каде и да си, а што да правам кога неможам да ги засакам, едноставно ми се одвратни.

    Не поднсувам вакви луѓе и бегам од нив, па затоа најчесто сум и сама. Незнам што е ова или јас си имам навистина таксират или секој втор е искомплексиран денес, така што има потреба нон стоп некого да омаловажува, дал јас сум на мета или некој друг не е важно, едноставно уморна сум од ваквата негативна енергија.

    Сите си тераат некој филм и старо и младо, ај малдите ќе кажеме се уште недозреани и неоформени личности, ама постарата генерација? а од нив да не се кажува и жени и мажи подеднакво исмејуваат како недозреани, па што очекуваш од нивните деца?. Мизерија невидена.

    Моите родители никогаш никого не исмејале и така мене ме воспитале, па затоа со ваквите луѓе секогаш тешко сум се снаоѓала пред нивните коментари занемував, не сум знаела да им одвратам а камоли да ми текне да понижувам. Се е карктер ама и домашно воспитување.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    од моето одделение има неколку девојчња кои постојано исмејуваат и не се некои примерни или одлични ученици,ного се двојкашки.(не се гледат самите себа него оговарат ги другите)
     
  17. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    55
    Некои луѓе сопствените фрустрации и несугурности си ги лечат со тоа што се исмејуваат на други луѓе. Ако знаете дека некоја критика или коментар кон вас е упатен не со конструктивност, туку со зла намера, чисто да ве повреди, не треба воопшто да дозволите тогаш таквите забелешки да ве погодат. Тој што го прави тоа само се издава за некои свои фрустрации кои не знае како да си ги реши, и тоа повеќе говори за нековата личност, отколку за оној кон кого се упатени тие коментари. Ставајте на игнор кога слушате такви навреди и гледајте вие да сте си ок, бидете си среќни што не сте личност која своите фрустрации ги лечи на други луѓе, така бар знаете дека сте добар човек, а тоа е најбитно.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  18. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.025
    Секој што мисли дека е совршен и без мана, нека се погледне во огледало.
     
  19. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Многу пати сум била исмејувана заради физички недостаток! Дури ден денес, заприметувам кога ќе влезам во некое еве на пр. кафуле на кафе, слушам од околните маси, види ја оваа каква е, како сум облечена и слично!
    КОга бев помала таквите коментари ме боцкаа до сржта, имав 0 самодоверба, и се осеќав ништожно, како да не вредам за 5 пари! Ама како надоаѓаат годините, тоа чувство избледува, веќе не ми е гајле што викаат другите, затоа што научив и си се засакав таква каква што сум! Ако на некој не му одговара каква сум, нека оди во 3 лепе... мене не ми е гајле!....
    А кога ќе видам некој како исмејува некој друг, така филмски му го спуштам да се осеќа засрамен заради тоа што го прави!
    СМетам дека таквиот начин на однесување е одраз на лична некултура, и лечење на сопствените фрустраци и комплекси! Одраз на недоволно добро воспитување! ДРуги пак едноставно се такви, зли во душа....
     
  20. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Па можеби тоа што јас го сметам за најдобро,за некој друг баш тоа е недостаток.
    Ама во суштина многу дегенска работа ми е тоа. -_-И мислам дека никој не треба при срце да си го зима тоа и да се замара кој што кажал за него.

    Зад секој добар коњ се крева прашина!