Ако прв некој се закача со мене тогаш ќе му ја најдам слабата точка и ќе го удрам таму инаку никогаш не би исмејувала некој што не ми направил ништо
Никогаш не сум исмејувала некој затоа што знам како е кога тоа го прават, порано и јас бев поради мојата висина, така да никогаш не го правам она што не сакам да ми го прават и мене
Исмејувањето ми е најдолна работа на светот... Имам почувствувано на своја кожа како е многу пати и се чувствував многу лошо и никогаш не би исмејувала некој па и најлош непријател нека ми е..!
Најдебилната работа на светот... Според мене повеќето луѓе кои го прават тоа се длабоко во потсвеста страшно несигурни во себеси и во сопствената вредност, па ете наоѓаат некој (според нив) полош од нив и си ги лечат комплексите. Највисока вредност според мене има оној човек кој ги дели луѓето единствено на добри и лоши а не на криви, прави, сиромашни, богати, дебели, слаби, попаметни, поглупи и тн.
Морам да кажам дека тоа го прметив на форумов, исмејување на туѓи недостатоци, или потенцирање на туѓи недостатоци и не ја сфаќам поената.. Или личноста која го прави има распскано его, или е тотално несигурна во себе и незадоволна со себе. Или премногу слободно време има за да се посветува на останатите и да истражува. Совршенство не постои!
Според мене не постои човек на земјината топка а да не поседува „недостатоци, сите ние имаме свои недостатоци, мани и предности. Најдебилната работа на светот! „совршените„ луѓе што ги исмејуваат туѓите недостатоци само си ствараат некои свои идеи дека тие не ги поседуваат истите. Но со самото тоа исмејувачот ни потврдувaаt дека и тie самите имаат недостатоци а во најлош случај - МЕНТАЛНИ. ама сериозна сум де! Лично не сум исмејувала никого досега бидејки - Nobody is perfect но исто така не сум дозволила ни да ме исмејува мене некој. Имам си и јас недостатоци и свесна сум за тоа, ама не дозволувам некој да ме исмејува или да ме напаѓа вербално. Бидејки јас сум јас, си имам свој карактет, имам свој идентитет и се што правам го правам лично ради себе, ради самата себеси, за боље- сутра. Не ради некој друг. Што значи, нема од што да се страмам и да не вратам кога некој ке ме нападне. Не би дозволила во никој случај „совршените„ да ми ја намалат самодовербата со тоа тоа .. нивното исмевање, бидејки тие се „совршени„? мхм.. навистина? не не, тие само ми покажале дека имат си ментални проблеми! Perfection doesn't exist!
Се потсетив на одговорот на Исус кога сакаа да ја каменуваат жената (во Новиот завет, задолжителна ни беше на школо и не се каам што ја прочитав) : „Кој е од вас безгрешен, нека прв фрли камен врз неа!” И погодете кој фрли камен? Никој! Така и оние кои исмејуваат. Нека ги најдат прво своите маани, а не да веруваат дека се совршени. Всушност и не веруваат дека се совршени, знаат дека имаат маани и нели полесно е да се исмејуваш на туѓите недостатоци, отколку на своите. Исмејувачите се само искомплексирани личности што за да ги прикријат своите недостатоци се шегуваат на сметка на другите. Не сум исмејувала никој, никогаш и нема ни да го направам тоа. На таквите треба една добра лекција да им се одржи! Ајде кој е без маани нека почне да исмејува!
Темава наискрено многу ме потресе затоа што јас сум предмет на измејување уште откако постојам можам да кажам. Поради мојот недостаток ако може да се каже така. Неможам да ги сватам луѓето на кој им е смешно тоа. Знам дека луѓе со мојот недостаток има но ретко а и незнам зошто луѓето не сваќаат колку боли тоа. Можеби за некој од вас тоа нема да изгледа така како што опишав затоа што мојот "недостаток" изгледа како мал проблем но сум почуствувала и знам како е. Незнам како ке се спраувам понатака со животот со тоа...
Во животот научив да следам едно правило, кое што ми го кажа татко ми - Секој е посебен на свој начин,секој има некој недостаток не постојат совршени човечки битија, Секого да го почитуваш онолку колку што тој те почитува тебе па и повеќе, Никогаш немој да се потсмеваш на недостатоците на другите бидејки утре можно е и тебе да ти се потсмеваат поради нешто за што ти не си виновна.
Пред да го измејуваш некого прво погледни се себеси,па после измејувај го.Сите личности имаме свои недостатоци, но и убави страни.Не сме сите исти, но за жал има многу кои што не го сваќаат тоа и уживаат во измејувањето на другите личности.Според мене личноста која што исмејува нема во себе самодоверба и со исмејувањето си го крева егото. Не им го прави на другите тоа што не скаш да ти го прават тебе, прво стави се во своја кожа и размисли како би се чувствувал ти во тој момент,па потоа направи го тоа што си го наумил. За жал многу од нас не размислуваат така.
Imam edna drugarka navistina e zgodna visoka ubava no sekoj eden ismejuva ovaa vakva bila onaa takva edna imala nos kako surla druga bila petle niska, sega e opsednata so ovaa novata peacka gulabica jas ke vi kazam toa se samobendisani luge navidum ubavo doterani a vo sebe nemaat nisto, znaci fejki sto nemat svoj zivot opsednati se so manite na drugite.jas imam malku pogolem nos pravilna forma na pocetok kompleks imav no sega ne se zamaram ubavinata na covekot lezi vnatre vo dusata.
Мене исмејувањето на туѓите недостатоци ми е многу просто,незрело.Ако неко носи очила,низок е,дебел или незнам каков,што значи тоа?Дека треба да го исмејуваме?За тие што исмејуваат:ставете се некогаш на местот на оние кои се исмејувани и запрашајте се дали на вас би ви било пријатно ако некој некогаш ве исмејува?Не сме сите исти и тоа е факт.Но,ете има некои луѓе коишто се "хранат" со тоа.Никој не е совршен.И пред некој да исмеете,погледнете се прво себеси.Имав во средно две соученички на коишто исмејувањето им беше секојдневие.Мислам,како можат?Секогаш најголема мета им беше мојата најдобра другарка.Секој ден во школо,непреќинато ја задеваа,ја исмејуваа затоа што новата маица и е од фемили шоп,затоа што патиките не и биле најк или адидас.Незнам како издржуваше.Ги игнорираше ама,понекогаш и на неа веќе до тука и беше дојдено.Ми викаше "Незнам како има луѓе коишто исмејуваат други само поради нивните недостатоци,а притоа уживаат во тоа? Какви луѓе се тоа,ако веќе можат да се наречат луѓе?Зарем тие никогаш не помислиле како би им било ако они секој ден тоа го доживуваат?" И за крај,не ги исмјевајте другите,затоа што никој не е совршен и на никој не му е мило ако е исмеван.
Никогаш не сум исмејувала,но бев исмејувана како малечка зошто имав влакна на рацете повеќе за разлика од други девојчиња,е сега тоа ми влезе тогаш во психата и уште во мое 5 одделение поради тоа што нон стоп плачев дома мојата мајка нон стоп ми купуваше средства за да ги отстраниме ,сега ама ич не се замарам па секој се депилира и на раце и на ноз секаде ,иста сум и јас така да веќе не го сметам за недостаток кој што сум го имала
Ниту сум исмејувала,ниту ме исмејувале,но честопати сум била сведок на кретенизам од луѓе кои незнаејќи дека имаат комплекси,мораа некаде да ги излечат па тоа се случувало на дебелки девојки,девојки со протеза,со поинаков изглед едноставно..Многу пати сум бранела другарка која имаше вишок на килограми а беше исмејувана и напаѓана во средно
Луѓето секогаш ќе исмејуваат. Има некои кои мислат дека се пресовршени и никогаш немат осетено некој да ги исмејува.. Едноставно немаат почуствувано и незнаат какво е тоа чусвто затоа и не им е галје