Исмејување на туѓите недостатоци

Дискусија во 'Психологија' започната од Wild.Child, 9 јули 2010.

  1. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Нешто што ми најмногу смета е исмејувањето на туѓите недостатоци светот уште не е свесен дека никој ен е идеален сите имаме недостатоци никој не е совршен. Исмејувањето на туѓите недостатоци ги сметам за многу ниска работа,многучесто се случува луѓето да бидат исмеани поради нивните недостатоци неможам да свата како некој може тоа да го прави тоа ти се луѓе без ни 1 грам совест и почит ама на овој свет секакви има
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Никој не е совршен..!!! јас имам почуствувано на своја кожа и знам како е!! да признавам дека и јас се исмевав на сите (ама тогаш бев помала) но кога почнаа мене да ме исмеваат сватив дека тоа ми било најголема грешка во животот.. али знам сега коко е и знам колку боли па веке не сум таква.. али тоа е :'(
     
  3. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Јас имам една пријателка со која секогаш се караме, се тепаме (понекогаш :lol: ) а и си ги нагласуваме недостаоците, никогаш не сме се повредиле со тоа, се смееме, но само ние двете. Кога некој ќе спомене нешто лошо за нејзе, можам да го убијам, а таа на сите зборува замо добро за мене, но кога сме меѓу пријателките или сами така е. Она што таа ќе го каже воопшто не ме навредува, но ако тоа некој друг го каже, срцето ми го крши, можеби затоа што знам дека и двете се шегуваме... Инаку на никој друг не се исмејувам, но во лице му кажувам ако сметам дека нешто треба да поправи, не зборувам зад грб, а сум и многу против тоа... тоа е навистина зло :devil: :x
     
  4. programerka-2nd

    programerka-2nd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    „Да, тоа е таа комбинација - хит од пред две години!“ - иронично вели една девојка од скопската „елита“. Типкава уствари на сите им се смее за било што, единствена преокупација и е тоа да им најде некоја маана и со тоа да докаже пред светот дека сите освен неа и пар фаци што се во нејзин круг, никој друг не е достоен да гази по земјава. Од друга страна па, предметов на исмејување е девојка од источна Македонија, која студира во Скопјево. И сеа нормално, економијава тука не ни е за пофалба, плус па и ако сте студент надвор од дома. Не ти остануваат секогаш пари да се облечеш по последна мода, да идеш на кафе секој ден, итн. Значи девојчево носеше обични класични алишта, ништо посебно што паѓа во очи за да искоментираш. Ама оваа мораше да и залепи етикета дека не знаела да се облече, а што е уште потрагично е дека и таа беше слично облечена. Мене тоа воопшто не ми беше смешно, кој што има тоа ќе облече, нема секој пари да ги шета трговските секој ден.

    Како и да е, да не избегам од темата, сметам дека тие што секоја можна прилика ја користат да се смеат на некој, посебно за такви материјални ствари, се во суштина тажни луѓе, луѓе кои се обидуваат со сите сили (на тој начин за жал) да „турнат“ некого надолу за да се истакнат. Жално за таквите, навистина... Всушност повеќе ми е жал за нив отколку за жртвите :D
     
  5. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Никогаш не ги исмејувам туѓите недостатоци , од причини дека еден ден може тоа мене да ми се деси (Недајбоже) и не би сакал да ме исмејуваат ......
     
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Не, драги мои, тоа е исмевање на своите недостатоци.
    Никој задоволен од себе не би ги гледал и истакнувал недостатоците на другите. Напротив, би се обидел да им помогне да се прифатат ко такви, дури и доблести би извлекол.
    Таквите обично наоѓаат некој свој недостаток кај некој друг, па го исмеваат со надеж дека нивниот ќе остане покриен. Знаете, си мислат у стил „Ако го исмевам тој недостаток, другиве автоматски ќе мислат дека јас го немам, оти нели, се смеам на тоа.“ Е, тоа е тоа.
    Бивша другарка беше исмејувана за жива глупост - не можела да трча, секогаш последна беше, па почнаа тука погрдни зборови ко Жеки (желка демек), па дофрлања у стил Жеки сама со себе да се трка, пак ќе стигнела последна и слични глупости. Никој не знаеше дека има проблеми со грбот и кичмата и дека ја сечат од болка при нагли и брзи физички активности.
    Јакото? Тие зборови идеа од надуен бате што никогаш не вежбаше на физичко и само седеше и ги анализираше другите. Од што ми беше мака еднаш и го зачукав, а тој ко деген се смееше на тоа, демек никој ништо не му можел.
    А, не дека и јас не сум осетила на своја кожа. Ехее. Само не сум дозволувала да влијае врз мене и ко од пушка им враќав на сметка на нивните недостатоци, колку и да неќев и да ми беше долно, што сметам дека не ме прави ништо подобра од нив, но ете, рефлекс, одбрамбен механизам во моментот.
    Сега, кога госпоѓицата за која се степав - порасна и дојде до степен мене да ми се исмева за тоа дека сите со мене биле да ме искористат, не дека јас некому сум значела нешто, туку ете, глупа сум била, добродушна и попустлива, па си користеле дури можеле. За пример се зема себе, нормално, ко демек дури сум и’ служела, сме се дружеле, сега сум била непотребна и небитна. Таква ме гледале и другите, ама нели, јас сум била глупа да приметам, па сум летала дека имам луѓе што ме сакаат покрај себе, кога зад грб свашта ми правеле. Баш со тие зборови. :D
    А, јас ја жалев и прва рипав да ја одбранам без разлика кој ја чепкаше. Ако...ако тоа било нејзината корист од мене и ако поради мене не одеше тепана и со последици на психа од исмејување, тогаш сметам дека добра корист имала и дека јас сепак сум направила добро дело, така да, мило ми е што го надминала тој период, па веќе не и’ требам.
    Доволно сум возрасна, па премолчив, зошто и двете знаеме кој е самецот во приказнава, што пак се навраќа на првата реченица: пробува да си го потисне својот недостаток на моја сметка.
    р.ѕ. Игнорот со крената глава кај таквите исмејувачи повеќе боли од било што.
     
    На Miss.M5, L-enna, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум исмејувала луѓе кои имаат недостатоци! Никогаш не знаеме што носи времето,можеби еден ден и ние ќе ги имаме тие недостатоци,дури и потешки.На никој не му е убаво некој да го исмејува,а ни најмалце нема да ни биде нас убаво.
     
  8. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    јас не сакам да исмејувам никого затоа што секој е посебен на свој начин. долг е животот а и мошне непредвидлив!
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Поседувам недостатоци и сметам дека секој ги има ама од најтежок тип се оние внатрешните (безобразие, злоба и слични на нив), што не се гледаат со "голо око".
    Јас имам и еден воочлив недостаток, по кој луѓето ме етикетираат, ми се потсмеваат, ме озборуваат.. Никогаш не помислуваат како се чувствувам јас поради истиот, ниту се обиделе отворено да разговараат за истиот со мене (јас немам проблем да зборувам за тоа ако некој ме праша лично), уште помалку ми понудиле поддршка или помош за надминување на истиот. И не барам сожалување, само разбирање и свест. АМА НЕМА! :@
    И боли, ужасно боли кога знаеш дека додека ти рониш нилски солзи поради тоа што те обележува во очите на другите, тие "совршените" си прават шеги зад твојот грб и се смејат на цел глас.
    Свесна за тоа како секој со недостаток се чувствува, никогаш не сум исмевала некој друг ама обратното го доживувам секојдневно.

    Случки милион и една, ама посебно иритантни ми биле кога љубоморните "другарки" на дечковците, кои ме исплукале пред нив. |(
    -Еден бивши се распрашувал за мене кај една девојка која ме познава. Нашето познанство со неа не беше длабоко, туку само онака сме се нашле заедно неколку пати во исто друштво..проследено со нормален муабет. Истата таа пред него ШЛАП со етикетата...кога и текнало дека баш за мене ја прашува рекла ААААА таа [етикета, епитет]. И по грешка, бидејќи беше во пишана форма стигна кај мене. Напишано со подлост и во смисла "што бараш ти со неа?". После беше што беше не е ни важно..
    -На сегашниов дечко, рака на срце премногу девојки сакаат да му се залепат. Свесна сум и јас за тоа, свесен е и тој. Ама ко за беља јас сум го упецала, па тоа боде очи.
    Негова "другарка" полна со завист и тонови на навреда во порака му испратила фотки од девојки со недостаток како мојот. Повторно јас се најдов во ситуација погодна за да ги видам. Кнедла во грло ми застана ама ништо не ме изненади, не е прв пат...ок.
    Истата таа доволно е да биде погледната 3 секунди за да се види нејзиниот недостаток ама јас и покрај тоа што она се решава да ме руга, немам срце да го правам тоа и да и се спуштам на ниво-НИКОГАШ!

    И среќната околност во мојот случај е што јас работам на отклонување на мојот недостаток и ќе успеам во тоа, па комотно ќе можам да им плукнам во лице на сите што ми се потсмевале.
    Ама за жал има такви недостатоци кај луѓето што не може да се избришат. Без разлика за што станува збор, никој не заслужува да бидат предмет на исмејување.
     
  10. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Не би никогаш да би се смеела или исмејувам некој или некоја поради некаков недостаток.Било да е физички или не знам каков.
    Се водам според поговорката;Не суди,за да не ти судат.Бидејќи не пстои таква личност која е совршена во се и нема ни ниедна мана или недостаток.
     
  11. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Знам какво е чуството, некој да не навредува и да ти се исмејува, ама како рекле `Се се враќа - се се плаќа" .
    Еден пример: До четврто одд. на другарками и се смеев зашто носеше очила за подобрување на видот, после во петто одд. на систематски ми рекоа дека и јас треба да носам очила. :geek: Оттогаш не сум се исмејала ни за најмала ситница. :!: Впрочем сум плачела и нервирала кога ми викале цвикерашка, ама помина тоа. Па што никој не е совршен. ;)
     
  12. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Многу е тешко чувството кога ќе те исмејуваат за недостатоците.Јас не гледам во ова ништо семшно,а друѓите воопшто неможам да ѓи разберам зошто се смејат.Треба сите да сватиме дека никој не е совршен и незначи ние сега ако немаме недостатоци може цел живот да ѓи немаме,може денес ѓи немаме но утре можат веднаш да ѓи добиеме...
     
  13. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    89
    Никогаш ама никогаш не сум исмејала некој,а ако некогаш сум го направила тоа сигурна сум дека е било ненамерно.Околу мене имало многу луѓе кој биле исмејувани во мое присуство и секогаш сум се трудела да ги одбранам или да помогнам,али на крај ја си го изедам стапо :D :D :D
     
    На femina22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheBrunettelady

    TheBrunettelady Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Незнам што има интересно со тоа да се исмејува некој на туѓите недостатоци или пак со тоа си ја храни душата со злоба ''секоја им чест на таквите '' :devil: Никогаш во животот не сум се исмејувала на никого бидејќи не се осекам совршено за да коментирам за несовршените !
     
  15. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    10.927
    Јас себеси не се сметам за совршена и според тоа ниту смеам,ниту сакам да исмејувам некој друг поради некаков недостаток.Впрочем,доколку би се смеела на некој туѓ недостаток,самата себеси би се деградирала.Но јас велам дека животот е тркало и не ретко знае да врати како бумеранг.
     
    На london-girl и lepadama им се допаѓа ова.
  16. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Никогаш не сум исмејала никој... која сум јас некого да го исмејувам? бар за мене е најголем грев е некој да исмееш тоа значи дека не си човек ....но добро би било да го прифатиш каков што е и да се однесуваш љубезно да му помагаш безрезервно тогаш стануваш вистински човек...инаку сите имаме недостатоци тадури и моето куче има па што? Големината на човекот е да умее да подаде рака а не некој да исмее без разлика за што станува збор дали е тоа болест или економска пропаст сепак животот е тркало и многу е краток наместо некому да му нанесеме зло подобро е да му се направи добро
     
    На london-girl и lepadama им се допаѓа ова.
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Една од работите кои најмногу ги мразам е токму измејувањето на туѓите недостатоци.Мислам секој човек има мани зошто да се озборува за тоа или да се коментираат истите.Ниту сакам кога некој моите мани ги исмејува ниту пак јас нечии да исмејувам.Пред некој да озборува на тој начин нека си застане пред огледало и нека си ги побара своите бидејќи сигурно ги има.
    Многу пати сум застанала во нечија одбрана токму поради тоа што знам дека чувството е многу лошо.
    А и ако на некој му сметаат тие мани нека се тргне од личноста и готово...некој таа личност ќе ја сака баш поради тие мани.
     
    На Yowannty и vitomir им се допаѓа ова.
  18. Evdoxia

    Evdoxia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    132
    Пол:
    Женски
    Најниското ниво на кое може да падни човек е да се исмева на туѓите недостатоци.
    Па зарем постои совршенство?!?
    Премногу мизерно е да се прави тоа( само се докажувате колку сте "паметни" )
    НИКОЈ НЕ Е СОВРШЕН ! ;)
     
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.425
    Допаѓања:
    183.260
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тоа најчесто го праат луѓе кои и покрај тоа шо се снобови длабоко во себе патат од комплекс на нижа вредност и недостаток на пажња, и на тој начин очајно се обидуваат да се почувствуваат супериорни во однос на останатите.
     
  20. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Со еден збор => м-и-з-е-р-и-ј-а ! Ваквите луге се најчесто сиромаси што немаат со што да се докажат и мораат да се подбуцнуваат а дома немат што да јадат а ти ако му го плесниш в лице тоа, ами што ке биде? м ;) мизерлоци