Дечки ќе ве замолам за мислење, имам упат за уринокултура специјалист ми препиша неопенотран форте дали да ставам вагиналета вечер? Имам и леукоцити 20 ме испратија на црп за да знаат дали да ми дадат и антибиотик зашто грло ми е омекнато и цервикс скратен 32 недела сум. Сопругов бил кај матичната но гледала стара крвна слика му рекла супер е и му ја ископирала среќа шо да видам мизерија. Ми е страв да не не реагирам на време иако немам никаков симптом....
Аман бе, се ми е бесплатно досега, крвни слики, приска, сега ќе треба брисеви, мене ми зема за ехо 300 ден, не треба да земаат и тоа ама ете... Пап 1 годишно правам 60ден само плаќам. Менувајте ги таквите матични. Иначе прв скрининг и со првото и сега ми ги направи матичниот, јас па имам мн верба во него, скроз е проф и си кажува тоа што треба, ако прашаш нешто ти објаснува, на тел е достапен во било кое време, задоволна сум. Вториот скрининг го правев Бт в болница, здравје пак таму ќе закажам и за оваа бременост. А до која недела се прават микробиолошките? До 16та?
Здраво Која ти е матична ако не е тајна? И мене матичната ми закажа кај неа за 1рв скрининг и сега се мислам дали и дополнително да одам на друго место, се работи за прва бременост кај мене. Поздрав
Здраво, јас сум 19та недела и 3 дена, следна недела сум на контрола а на 23та на скрининг кај др. Димчев. Е за сега што треба да се испитам освен крвна слика и урина. Ве молам ако можете целосно да кажете да знам што треба да направам
Здраво феминки имам упат за Синлаб и денеска ѕвонев да прашам нешто, но не се јавуваат на телефон.Да не се можеби на одмор, имате инфо?
Treba da napravam skrien sejker megutoa ne mozam nikako da go ispiam toj proklet serbet go povrajkam dali e neophodno skrien sejker da se ispita
Често знаат да не одговараат на телефон. Ако ти треба некое инфо најдобро е да одиш до најблиската лабораторија да си прашаш.
Разговарај со матичниот. Мене ми кажаат дека нема потреба да испитувам, меѓутоа јас заради тоа што знев дека е дел од испитувањата во бременост барав да ми дадат упат.
И јас треба, но искрено не ми се иде. Се мислам да не го правам тоа испитување. Инаку ми рекоа дека не е покриено од фондот ќе мора приватно.
Треба да се направи. Собери сила и испиј го, па ќе видиш како ќе оди. Најмалку што можеш е да пробаш да го поминеш испитувањето. Инаку стварно е тешко да се поднесе шербетот, скроз те разбирам.