Здраво, дали некој има правено трет скрининг, дали е задолжително? Бев на преглед во 30 недела и докторот ми рече се е во ред има плодова вода се гледаме за 4 недели. А сестрата ми рече задолжително до 32 недела се правел трет скрининг ...и сега сум во мисла
Некој да сподели искуство како е на трансфузиологија со гужви, се чека ли многу? За првото пред 5 години хаос беше. Сега треба д димери и хемостаза за испитувам ама кога ќе ми текне како беше ми се темни
Јас чекав саат време со закажан термин за да влезам Причината е што си пикаат нивни. Три прими директ и звонат она излегува и ги пречекува, а јас дремам пред врата. Па со нив муабет циле миле. Од други клиники само влегуваат и носат свои луѓе и пикаат . Страшно. И пред 4 год исто беше , освен попладне е рај
Исто искуство. Јас сум и на строго мирување со скратен цервикс и други компликации па имав и благи контракции, 27ма недела бев и му викам на тој на врата може ли да седнам внатре да чекам несмеам да стојам тој ми вика неможе ќе си чекаш надвор. Може повеќе од пола сат дремев надвор и уште 15мин внатре за едно земање на крв. Во меѓувреме се и сешто влегува па и ковид позитивни испитуваат на исто место. Хаос невиден! Испитав, земав извештај и се надевам веќе нема да треба да одам таму Башка што немаш кај да паркираш, а несмеам да се движам, хаос!
Зависи и од денот јас денес бев сабајле немаше никој одма ме примија тоа дека си пикаат нивни нормално е во здравството кај нас. Јас претходниот пат така чекав повеќе трудници бевме во таа гужва човекот ми вика на закажан термин пуштам нема врска терминот.
Kaко не , лаже. Јас кога бев , доаѓаат две едни по друга и викаат со докторката сме договорени. Овој почна да вика аман 10 ве закажала у исто време. И на едната и вика ајде. Викам извини јас имам термин на ред сум. Ајде влези вика. Ама џабе , она излезе си ги собра нејзините и тоа е И не , не е нормално така да биде. Некој треба да стави крај на ова. Јас со хематом чекав.Сара со скратен цервикс. На што личи тоа?
Знам нема веќе нема почит трудници постари. Јас му викам а добро ние трудници што се мешаме тука чекаме што да ви правам. Култура. Без врски си никој и ништо. Прееска си влагам преку врата тие што беа со врски мислам ќе ме истепаа у мене се збутаа мислеа ќе им фатам место што да му кажеш. Вака отиди си порано уште во 7 хахаха поздрав
Јас сум 8+2. Матичната ми издаде упут за ГАК на кој стои број на амбуланта и соба,за I скрининг и приска. За брисеви кај неа сум на истиот ден само утрото . Што значи упатот? Дали можам плус,да одам и приватно во Систина, и кому треба да најавам кажам? +Мислам на матичната
Ако сакаш приватно да го правиш скринигот кажи и да ти го откаже овој. Ова значи дека на државно ти закажала.
Во Ремедика беше 4500 само скринингот и приска 4000 мислам. Во Систина некој денар плус мислам. Јас правев кај матичен, приска одлучив да не правам, само пренатален.
https://forum.femina.mk/threads/Неинвазивни-пренатални-тестови.23908/ Имај предвид дека почнуваат од 500 е.