ИСПОВЕД НА ЕДЕН СОПРУГ " Јас всушност во текот на целиот мој живот не сватив зошто сексуалната потреба на мажите толку многу се разликува од сексуалната потреба на жените. Никогаш не го разбрав она со Марс и Венера. Исто така не го разбрав и тоа зошто мажите размислуваат со главата а жените со срцето. И на крај, навистина не разбирам зошто сексуалната желба опаѓа кога ќе ги изговориш оние фамозни два збора " Да, ја земам "... Пред некоја вечер, мојата сопруга и јас бевме в кревет. Страста почна да пламнува, и се беше во ред кога таа ми рече: - Неможам сега, не сум расположена, би сакала само малку да ме подржиш во прегратки. Реков: - Што? Што е сега пак ова ??? И тогаш TAA го рече она што ниеден маж на планетава несака да го слушне: - Ти едноставно не ги разбираш моите емоционални потреби кои ги имам како жена, за да ги задоволам твоите физички потреби кои ги имаш како маж... На мојот збунет поглед и израз на лицето, TAA додаде: - Зарем неможеш да ме сакаш поради тоа што сум, а не само поради она што го правам со тебе в кревет? Сватив дека таа вечер нема да биде ништо од сексот, се свртев на другата страна и заспав. Следниот ден се јавив кај шефот на работа и му реков дека ќе земам слободен ден за да го поминам со мојата сопруга. Отидовме заедно на ручек во ресторан, а потоа ја одведов во огромниот трговски центар само за женска гардероба и слични потреби. Ја следев наоколу додека испробуваше неколку фустани, пантолони, блузи, кошули, скапи комплети... Возбудата кај нејзе беше очигледна а неодлучноста што да одбере уште повидлива, па и реков дека сите што и се допаѓаат ќе ги земеме! Нормално, сакаше и чевли и ташни што ќе и одговараат на гардеробата, па и реков да си земе по еден пар за секој дел од гардеробата. Така шетајќи низ шопинг центарот, дојдовме до делот за накит каде и купив пар дијамантски обетки и огрлица.... Да ви кажам искрено, тоооооооолку многу беше возбудена, што се кладам дека мислеше како сум на работ од банкротство. Мислев дека ме тестира кога побара да и купам уште еден комплет гардероба и патики за тенис, зашто никогаш во животот не фатила рекет в раце! Сигурен сум дека ја натерав да се подзамисли кога и реков: - Секако драга, одбирај. Скоро беше блиску и до сексуална возбуда од толку емоции во нејзе, кога онака блажено насмевната ми рече: - Тоа е се драги, ајде на каса да платиме. Едвај се воздржував да не експлодирам! Некако со крајни напори смирено и одговорив: - Неможам сега, не сум расположен. Лицето и пребледе а устата и остана подотворена од неверување што се случува: - ШТОООООО????? Тогаш и реков: - Само сакав да ги држиш во прегратки сите тие работи... Ти едноставно не ги разбираш моите финансиски проблеми кои ги имам како маж, за да ја задоволам твојата потреба за купување како жена! И баш во моментот кога ме погледна полна бес, како да сака да ме убие, додадов: - ЗАРЕМ НЕМОЖЕШ ДА МЕ САКАШ ПОРАДИ ТОА ШТО СУМ, А НЕ ПОРАДИ ТОА ШТО МОЖАМ ДА ТИ КУПАМ ?
Хаха ха ха..комедиии....никако да им се најде крајот на ова мажите/жените...Секој си го правда своето.
Не да ја зезнал , ја удрил кај што најмногу ја боли. Не сакам ни да замислам што би направила жена после ова
боже боже.....е ова да ми го направе и незнам што ќе се случе... не можам да се замилам да се најдам во оваа ситуација
Е баш ми е мило што ви се допадна постот... Кога маж ми го прочита ова ми рече Како ке се почувствуваш ти ако јас ова ти го направам тебе? и ја му викам ке те задавам на лице место... а тој викаа ее ако ние мажите ве давиме на секое кажано Не ке нема веке жени на светот демек и они така се осекале кога ги одбиваме па може има вистина ама нели ние сме жени имаме право да одбиеме
Јас во постов не разбрав како тоа женава немала представа колку пари има мажот и. Ај да била некоја спонзоруша или нова девојка која типов ја лажел дека е милјардер ајде некако да разберам ама жена му...абе ајде!!! Јас на пример знам колкава плата има мојот сопруг а колкава јас и искрено никогаш не очекувам да ми изнакупи алишта за сексуално да ме возбуди. Приказнава е шовинистичка фикција или пак многу тажна (измислена) приказна за лош брак. Ако мислам дека нешто сакам стварно, ми треба или сум го заслужила ќе си го купам со МОИ пари од МОЈА плата.
100х БРАВО за приказнава, можеби не е реална, но тоа не е важно сепак е фино да се прочита. Пред се зошто во светот се соочуваме со милион нови, спонзоруши(секој ден некоја нова никнува ), ама само вака им треба не дека сум нешто против нив, секој си има право на избор, меѓутоа кога веќе си решил да живееш со одредена личност треба да се научиш на компромис, треба да се сфати дека не се важни само твоите потреби и дека не живееш веќе само за себе.
cecilija мислам дека малку не си го разбрала текстот.. Човеков сака да каже како се чувствуваат мажите кога ние нонстоп ги одбиваме, прави споредба со женската најголема страст( купувањето) за да ги долови емоциите кои се создаваат кај нив при секое наше НЕ. Немој да ме сватис погрешно... Инаку нормално дека секоја жена знае колку и заработува мажот и колку може да си дозволи да се опусти при купување позз
БОЖЕ!! Во текстов ЦЕЛОСНО го пронајдов мојот поранешен дечко! Суетна будала!! Леле со какви идиоти имаме работи, тешко нас!! -.-