1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Исповед

Дискусија во 'Религија' започната од Pla4ka, 26 јануари 2010.

  1. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    11.401
    Пол:
    Машки
    Шо ми требаше да ја отварам темава сега… Се изнервирав, од луѓе шо ти наметнуваат да веруваш во прикаски стари 2000 години.
     
    На fbaby, Lady D ❤️ и Just.do.it им се допаѓа ова.
  2. Mic18

    Mic18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2022
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Машки
    Темава е за исповед, а на кој бе му одговара нешто нека си отворе тема и таму нека си дискутира и нека си менуваат нешто ако можат! П.С. Никој на никој не наметнува нешто да верува секој си одлучува за себе во што ќе верува а во што не.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.300
    Пол:
    Женски
    Интересно, најгласни се оние кои не се православни христијани и не ни одат во црква. Ние кои сме и кои одиме, притоа сме жени, никаде не гледаме некоја толку трагична дискриминација во тоа аМа ЖеНа нЕ мОжЕ дА бИдЕ Поп. Црквата е место каде го наоѓаме мирот, каде заедно се молиме, каде сме поблиску до Бога. И тоа е толку убаво, што не ни паѓа на памет да се чувствуваме нешто подолу. Важно е да сме присутни таму. Ако сакаме да се посветиме на Бога, ќе отидеме како монахињи. И ќе ни биде убаво. Друга работа, темава е Исповед. Пишавте зошто да се исповедаме на свештеници кои и самите се грешни. Затоа што, исповедта е олеснување за нас и треба на нашите гревови да мислиме, а не на туѓите. И трета работа, мислам дека се спомна некаде низ странициве наназад, зошто при причест први биле децата, па мажите, па жените. Вие да знаете што во суштина е светата причест за нашата душа, не е важно кој е редоследот, важно е да се прими. :inlove: Убаво ни е да сме христијани, не сме дискриминирани како што рипате да истакнете дека сме, гарантирам дека вие ако бевте дел од Црквата, да живеевте духовен живот, немаше така да размислувате. Вие гледате од друг, надворешен агол и нека е така.
     
    Последна измена: 13 ноември 2022
    На kuc, Anah, Puellapulchra и 3 други им се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    5.336
    Пол:
    Женски
    Еве јас живеам духовен живот и мислам, убаво што тебе ти е убаво(искрено), но да, сепак објективно гледано жената е дискриминирана во Христијанството/Библијата како и во останатите абрахамски.
    Затоа и не сме дел од црквата. :D И тоа е ок.
    За понатамошна дискусија за ова има посебна тема, пошто оваа е за исповест.

    https://forum.femina.mk/threads/Дискриминација-на-жените-во-христијанската-религија.15793/

    Но ова нема смисла и не верувам некој да се родил и природно вака да размислува, ова е внесено во глава (дел од црквата) и man made thing.
     
    Последна измена: 13 ноември 2022
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  5. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    10.105
    Пол:
    Женски
    Од која камена доба доаѓаш ти? :wasntme: На 17-18 немаш ни средно уште завршно, не па деца. А и ретко кој наоѓа партнер на тие години.

    Ти имаш пари дете да гледаш на 22? 8-|
     
    На Цунами, Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.300
    Пол:
    Женски
    Што поточно нема смисла?
     
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    5.336
    Пол:
    Женски
    Тоа дека грешник може да му ги прости гревовите на грешник, тоа го може само Бог.
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.300
    Пол:
    Женски
    Па ние не одиме на исповед за грешник да ни прости, туку Бог да ни прости. :^) Ние пред свештеник само ги признаваме гревовите, тој потоа не' разрешува од нив преку молитвата на крајот од исповедта, но сето тоа е пред Бога да се очистиме, а не е за свештеникот.
     
    На Mic18 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    5.336
    Пол:
    Женски
    Тоа е и поентата, зошто не директно од Бога, зошто треба медиум (свештеник/ грешник) за тоа?
    Toa e man made stuff.
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.300
    Пол:
    Женски
    Може и во храм, може и дома, може и пред свештеник од кој ќе добиеме разрешителна молитва.
     
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    5.336
    Пол:
    Женски
    Да, но сега за ова збориме (исповедање на гревовите пред свештеник кој и самиот е грешник).
    И ова повторно нема смисла.
     
    На Just.do.it и Lady D ❤️ им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.300
    Пол:
    Женски
    Искрено, за мене има смисла, не те разбирам што ти е тебе толку бесмислено.
     
  13. Polska.Win

    Polska.Win Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Отидов кај поп да се исповедам, сеир ми фаќаше.Повеќе не фала
     
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    5.336
    Пол:
    Женски
    Затоа и ова пишав, само се вртиме во круг.

    Ова имаше потреба да го правиш( исповед/ пред свештено лице)пред некој да ти каже дека убаво е да се прави е дел од твојата религија( најчесто но не и секогаш онаа во која си родена)?
     
  15. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    23.336
    Веќе кога ионака правиме оф топик муабет, да си прашам - што претставува живеење духовен живот? Дали е спиритуалност во прашање?
     
    На Angie1432 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.438
    Допаѓања:
    7.733
    Пол:
    Женски
    Од каде знаеш ти кој е православен христијанин и кој иде во црква? Не знам од каде таков заклучок.
    Очигледно не знаеш или многу површно гледаш на христијанството, но има верници кои не идат во црква и се поголеми верници од тие што идат секој ден.
    За тоа дека има дискриминација, има. Е сега, можеме да искористиме разни оправдувања и замаглувања дека нема дискриминација.
    За исповедта, многу легитимно е прашањето зошто да се исповедам пред некој кој исто така е грешен.
    За светата причест, притоа која знаеме што значи за нашата душа, зошто сепак редоследот да не е деца, жени, мажи?
     
    На Lady D ❤️ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    23.336
    Или воопшто да нема редослед, зошто битна е поентата на причестата?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.481
    Допаѓања:
    78.300
    Пол:
    Женски
    Затоа што православен христијанин кој оди во црква и вистински си ја познава верата, не може такви работи да пишува и да мисли. Ако некој е верник и сака да биде блиску до Бога, баш треба често да оди во црква, на богослужба, исповед, причест. А не да биде изолиран од тоа.
    Кажав поназад, не' интересираат нашите гревови, не туѓите. Ниту еден вистински православен христијанин нема да рече "И попот е грешник, што барам кај него да се исповедам".
    Не знам, прашај некој што го вовел тоа "правило". Ме интересира да се причестам, небитно дали прва или последна.

    Мислев на духовен живот од аспект на православието. За него пишувам во темава.
     
    На Mic18, sonuvana, Цунами и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    377
    Пол:
    Женски
    Ја инаку живеам во палеолит, од таму доаѓам. :rofl:

    Него кога сме кај темава, исповед, кој сака да погледне на овој канал има мнооогу интересни сведоштва ако сакате да ги проследите.



    И ова сведоштво пред некој ден го погледнав, ми беше во предложени, навистина интересна приказна.

     
    На sonuvana и Polska.Win им се допаѓа ова.
  20. Polska.Win

    Polska.Win Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2022
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    129
    Пол:
    Машки
    Имам чуство читајќи ги коментариве дека луѓето изнајдувааат милион оправданиа да се утешат пред самите себеси зашто не веруваат во Бог.
    Поповите краделе,возеле џипови,грешни биле,како он ќе ме исповедува.
    Ако си верник нема да те одвратуваат постапки на попови кој се неверници или што те знам.
    Затоа верата си е индивидуална работа според мене
     
    На Puellapulchra, Mic18, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.