Па не дека се тешиме, лично јас за мене сега зборам, не дека мм никогаш не го нахранил, избањал, прошетал малиов, или па го мрзи тоа, НЕ! Ама јас тоа го правам често а тој ретко, тој оди на работа, јас моментално не, и секако дека јас ќе минувам повеќе време со малиот. Кога мм е дома ако јас го ранам малиот ( бавен е , дури станеме од маса) мм кренал јадењето, измил садовите направил кафе, нешто не е во ред? Па има и за двајцата, јас повеќе со детево тој по дома јадење, садови....
Оклучив перална и мм ме прашува *Абе шо има у пералната? Тенџериња има душичке. се надевам толку ќе е за вечерва.
Денес имав стресен ден, па требаше да работам попладне. Му викам на мм, зимај дете и оди шетај, сакам после да одморам малку, цел ден сум со ќерка ми. Излегоа, секако не земал ништо со него, ни марамици, ни пелени, па се вратија назад зошто пробал рацете да и ги измие на чешма па во меѓувреме ја измокрил, а во друго меѓувреме она се покакала. И секако тој без ништо за да може да смени пелена. И така заврши моето одмарање.... Утре сум на работа и денес ми вика: утре мора да одиш на работа?
Најјако е кога ќе го оставиш мажот на своја имагинација да облече дете. Неколку пати за зафркнав, кога видов како шетале, жал ме фати. Врска нема едно со друго. Прво што личело на облека го земал и натнал. А ја секое сабајле за во градинка, 15 минути се мислам која комбинација да ја направам. Да оставам на него, служби ќе ми го земат детето. Тоа е грев што се прави на модниот свет и општите правила за комбинација на бои. Прашањето е, дали тие не се замараат или ние премногу цепидлачиме. Нешто е, од двете, по малку.
Не се замараат Ова го имам приметено кај повеќе мажи. И мојот е ист. Појма нема од естетика. Не само за облека, туку скоро за се. Дома ми е се на бело, а овој мојот сакаше еднаш да купи еден кружен лустер, КАФЕНА БОЈА, и тоа како плетен беше. И се скаравме. Му реков дека тоа нема да одговара со ништо и овој ми кажа дека сум немала појма шо е убаво.
А ако стварно се разведам еден ден тоа ќе бидд оти РЧИ КОА СПИЕ. Еве го до мене лежи, во 10ти сон е си 'рчи гајле нема...само го мавам де по нога де го вртам ,не реагира...хелпп
За ова мислам исто да размислиш на развод И мојов рчи, нема спас за нас сесре, праќај го у дневна со време.
Ехееее испратен е 100 пати у дневна, кај и да е сеа пак ќе лета од тука. Значи му затнувам нос не бе дури фучи и рчи . Работава е за развод стварно. Негорци блиску ми е сесре...те го те
Или да ги остаи цигарите. ..или операција постоела. Или различни спални. Леле, советиве ми се ко Марија Антоанета Купете си шестособен стан со 12 вецеа и дадилка
Дневната е тука ете полека, 101 пат не му бега, одма ќе го прешалта. Ништо крајно друго чаре ако нема перницата на гла и ни ќе фучи поќе ни ќе фрчи
Хаха темава Браво! Маж ми и вц, и капење - се' му одзема по 5 мин максимум. За тоа не можам да се пожалам. Ме нервира што многу се фали по другите кога ќе земе да чисти или да зготви нешто дома. Па може и со видео повик да ѕвони на некој другар. А после неговото готвење, кујната не можам да ја добришам некогаш. Што е за него "чисто", за мене е валкано, косата ми се крева. Ама ај си викам, бар готви. И манџи, и паста - строго само Арабијата, пече риба и месо, и леб во пекачот прави само тој цело време. Му замижувам за хаосот. Друго што ме нервира е што нема женски ум. Сам да му текне да направи нешто за да го искористи времето попаметно. Треба се да диктирам, и повторувам, и пак нешто ќе заборави. Се нервирам кога излегува така од дома, а пример има ѓубре за фрлање и без да му кажам, нема да му текне да го земе. Кога ја собира машината за садови, секое собирање на различно место ги става работите. А јас точно за секоја чаша, чинија, си имам назначени места. И некогаш како ја реде... Три работи само да се собере. Ама има напредок. Последно го научив веќе после капење, да ја брише туш кабината, да не ја остава мокра и бигор да се таложи на стаклото. И ја брише после туширање секогаш. А за ако е "болен", со температура 37.4, крај на светот е. Мене ми е смешен, и се ми се лути зошто сум се смеела кога тој бил болен. И сите глупи апарати дома што по еднаш се користени и ми фаќаат место се од него, како апарат за пуканки, апарат за варење јајца, апарат за мини крофни, цел сет со маталки за мача правење... И не ми дава да ги фрлам. Дома за нас двајцата имаме 5 лаптопи и два таблета. И плус уште два огромни монитори за компјутер. Не можам да се завртам од електроника и кабли. Што ум имаат маживе, не знам. Едвај го разубедив да не купува и тој перница за трудници, кога запна му се свиѓала Си купи од продавница за ортопедски помагала перница за меѓу нозе за спиење. И сега јас со трудничката меѓу нозе, тој со неговата и спиеме. Бисери има една куп. Ај нека ми е жив и здрав. Знам дека и на него не му е ич лесно со мене.
Јас мојот ке го разведам ради тоа шо не знае една вечер да седе дома на газот Муабетот му е -Кај ке одиме сеа? -Ај да одиме кај Рајко. -Да му се јавам на Петко да дојдат А реално не ми е дојдено секоа ноќ до или по гости
И ова Ми вика а допреш перница а рчиш неможам да спијам Пааа како да ти кажам друже дека ист си Борбата е кој прв ке се успие само