Мојот спие у дневна ради рчењто, има цисти на синуси кои кога пречат кога не, ама обично ако заспијам пред него не го слушам и тоа е решение. А сега па и работи ноќе, се изнаспавме со дете Него сите се жалите оти не знаат под конец да срдат, јас ќе се жалам оти мојот на моменти има ОКП, девици јавете се Значи имало моменти кога ќе се разбуди и е нервозен оти нешто не е на место, мислам не ми префрлува секако оти знае дека со дете не можам да стасам да средам, ама нервоза го фаќа оти не е. Кај нас се знае точно каде стои дури и најситно штрафче, плакар нареден по големина и боја, усисува секој ден оти трошките од дете му се лепеле на нозе. Некогаш ме нервира оти несвесно осеќам притисок да средувам по мене цело време оти знам дека ќе ми најде маана што живем во хаос, а јас знам да си живеам во така креативен хаос, не ми смета толку(мислам на несредено, не валкано) И нај ме нервира кога ќе си дојде од работа и ако случајно ме види будна ќе ми рече златце сабајле ќе ја средиш кујната нели? Секако дека по успивање на бебе не се фаќам за кујна оти едвај чекам да легнам. Мислам не човеку ќе те чекам да станеш попладне за ти да ја средиш, ме нервира моментот што ем знае дека ќе ја средам оти не можам да функционирам во неа 2х2 е па и ме прашува бе ко ја да уживам што е таква И пред да скокнат дека ако му пречи да си ја среди, да си кажам дека ја средува подобро и поефикасно од мене, ама работното време не му дозволува повеќе, не е возможно едноставно.
Јаа сум девица и исто се нервирам ако не е нешто на место, затоа во кујна не сакам кога некој ми се плетка. Кога прави ручек мм одам по него и му кажувам со која лажица да меша, во кое тавче, и него тоа го нервира, затоа поубаво ми е сама да готвам, си враќам на место. А јас кога правам ручек ме нервира кога ми се плетка и тогаш прави салата. Ама ова толку не ме нервира отколку што на никој не знае да каже НЕ, и на сите сака да помогне. И на почетокот што сакаше да се дружиме со секого (јас тоа не сакам), сега имаме мал круг на пријатели. И знае дека никаде не сакам да преспивам, ниту да преспие некој кај нас, тоа ме нервира (се разбира со чест на исклучоци), а не секого да покани на спиење, тоа би ме изнервирало.
За чистење чисти, дури и подобро од мене. Машина за садови празни на рати, ќе извади дел од работите, па нешто му текнало, ја оставил, по час, два, пак се вратил, извадил нешто. Машина за перење, ретко кога празни, ако веќе ги става алиштата на балкон за сушење, се по следниот редослед, чорап, блуза, маица, пантолони, чорап, крпа, со ред како си фаќа ама секако ќе се сушат, не се нервирам за тоа. Е последно ме нервира - правам јадење, некои нови работи или нешто на тв/интернет сум видела. Седнува/ме на маса и прво прашање "Како се јади сега ова?" Јас -
Леле за рчењево исто рчи абе ѕидовите од куќата се тресат мислиш, и преместен си е во дневна си спие веќе, само ми се крева косата на сабајле кога станувам, ако не му постелам јас чаршав и перница, он сам не знае, така како што е на флекерите си легнува и на перниците што се од гарнитурата, ми ги згмечи веќе формата им ја расипа. Сега почнав му го оставам чаршавот и не да го постеле нормално, ќе го фрли само така и ќе легне. Или некогаш детето ќе изрази желба да спиеме сите заедно во спална, и му викам чекај нека заспие па премести се, мислиш му викам заспиј ти пред детето. Па како заспива бе рацете нагоре раширени, доле нозете раширени мисли морска ѕвезда дека е изгледа и после јас на ќошот цела вечер во една позиција не можам да се завртам.
Оваквите се како еднорози. Ретко се наоѓаат. Да си го чуваш. За трошките има решение. Папучи. Со висок ѓон. Ништо нема да осеќа. Едно време, двајцата се замаравме да биде чисто. Сфатив дека со деца, не може. Хаос е, ама тоа е. Леб наоѓам на места каде сигурно леб не се чува. Прозорите се ремек дело. Прсти, дланки, шлаканици. Едноставно, помирувањето е лек за душата. Ми изгледа дека дечкото не е доволно изморен. Земи растрчај го квалитетно, нема да му текне на прљавото.
За оние што мислат дека нема ништо смешно во темава - така е. Но дали е нешто смешно, зависи од поголемиот контекст. Кој се' се прави наудрен тука? Дали е само мажот, кога треба да облече дете, или среди по дома? Или има некој друг, кој исто се прави наудрен, кога треба да се понесе финансискиот товар, да се по'рмба , да се прими некој куршум попат, стресови, чуда. Овие двајца само глумат модерност (ова и за на Западот важи), ама па ако им е убаво, сите ќе си се смееме.
Разведувачки за добро утро; Знае дека сум аждаја насабајле, не зборам по 2 саати и упорно и упорно ми праи муабет И ко ќе се искурчам "Добро Луна, на тебе не ти збориме." Па 5 години не научи да ми збориш, ајде може во наредните 15 ќе научиш. До тогаш, секое сабајле заедно вака
Темава воопшто не е ни жална ни тажна туку слика на еден нормален живот на партнери со различни патерни кои живеат заедно и имаат компромиси. Бидејки без компромис нема заеднички живот. А оној кој не е спремен на компромис најчесто останува сам во животот. На темава Со мм сме долго заедно и не ме нервира повеќе толку Ама кога оди во маркет, па тоа е страшно. 3 пати ќе ми врти на телефон, фали уште со видео да ми се вклучи , да праша каков јогурт да земе Е да и кога ми се шутка низ кујна кога готвам ме нервира.
Мене маж ми слики ми праќа Еднаш ми ја даде продавачката од ДМ на телефон, да и објаснам што барам Пошо иначе ќе сум му мрчела (не дека нема)
А ист е и мојов. И слики праќа или ги прашува продавачките. Туѓ срам човек да го изеде, бар да не прашува.
Бебо знае да го емитира како хрчиии аххахахаха неколку пати не има разбудено и бебо измеѓунас кога го мавнувам со нога автоматски затвара уста и продолжува да спие
Мојот оди со список зошто само до 3 работи може да запомни,ако се повеќе список има...а ми слика обавезно..за да нема после дома зошто,што,како од моја страна И ние не сме баш цвеќиња де
И јас се пријавувам за маж-камера-не знам кај одам и што да земам. Баш сега беше во продавница, му викам не ми земај беби спанаќ, не можам ситни ливчиња да мијам, земи покрупен. Нормално се јави со камера, кој да го земам? Воедно никогаш не можам да се јавам на некој, затоа што нон-стоп ѕвони, за се нешто, дали ова било, дали она било. Имаше едно видео, како се праќа маж во продавница. Лепиш на хамер, кутии и пластики од тоа што треба, со појаснување и рецензии и го праќаш. Само во случајов изгледа и хербариум ќе треба да пратам, со димензии на листови. И целер, мајко мила, 100 пати купил и пак ме прашува, а како изгледаше тоа. Пашканат кога ќе кажам, готово, се губи, фактори ресет. А не дека не го седнав да му покажам што е што, со слики. И пак. Навистина не сфаќам зошто толку е комплицирано да се пазари.
И мојот има проблем изгледа да ја запомне големината. Знае дека секогаш купувам од големите зеленчуци, тоест зборам за брокула и карфиол. И го пратив еднаш да оди да пазарува и му кажав и тие да ги земе. И ми донесе во една мала кутијка заврзана со најлон, ептен мала брокулка и мало карфиолче, или само парчиња беа, не ми текнува. Ги видел заедно оти се пакувани и се израдувал човекот и ги купил. Му викав и сеа шо да правам со овие два залака?