Kај нас па обратно, јас не јадам многу овошје и ретко купувам, кога одев на пазар само зеленчук купував за салати. Мм кога пазарува еден куп овошје, знае дека јас многу ретко јадам и скапува. Не е ни тој многу по јадењето, и само купува и тоа што треба, и што не треба, да имало. Јас кога пазарам купувам тоа што ми треба, или нешто што е за замрзнување да имам залиха. За козметика и средства за хигиена повеќе и од мене се разбира. @Adidas888 ми има купено миЦеларна вода од твој крај, и тоа Garnier.
Е мојот е обратен . Само трча по мене да затвара врати и да гаси нешто уклучено. Кога му е на него ладно, мисли дека на сите ни е ладно и трча по нас со алиштата. Кога му е жешко, мисли дека на сите ни е жешко и трча да ги гаси парната.
@Spidy уживај, во фрижидер со точни насоки не може да најде. Пример кај е шишето сируп? Втора полица броена од горе, лева страна веднаш до калапот сирење. Хммммм не знам не гледам абе љубовен 8месеци не научи што е зборот ромпер или шпихозни па кога ќе му објаснам кој ред во плакар, за секој случај ми носи од сè по едно да одберам па враќа назад Бебе беше болно изгоре од темп, јас се клукам одма со 300 ствари да не ме кутне како ќе го чувам сама, на втор ден паѓа болен мажО со температура,нос,грло и ми вика : Остај ме ти мене не ми прај сокови супи - гледај го детето
Аа да, тренерка шпикозна тоа се исто е и сива и плава се иста боја, иии тренерките плави се горе десно а он упорно ги бара кај чорапите и пижамите, и така.. опишувам кај се наоѓа и како изгледа и што има до него,над него, под него...
и мојот, покрај маркетот работи уште една работа, продава средства за хигиена, така да јас во мојот живот никогаш неам купено, ни прашок, ни омекшивач, ни било какво средство, тоа е целосно на него, а ова богами дома имаме и на залиха јас во суштина пазарам само овошје, зеленчук по пазари и за мене козметика, шминки, гелови, другото е на него
1 месец го бара струјниот кабел што го чувавме 3год а јас го фрлив пред 35 денови и уште му викам сигурно е во магацинот. ахахах
Добро дали сите мажи имаат проблеми со меморијата?тро закоравени да се во мозокот или шо е ова, ништо не памти, се заборава По два три пати слушам на секој ден заборавив ова, заборавив она, само мора нешто да го потсетувам и да не набројувам за се и сешто, ми се смачи веќе
Се знае дома што користиме и тоа купуваме и двајцата, мислам дека нема потреба од прашување. Може да ме праша дали ми треба нешто друго, а не какво сирење, јогурт да купи, се знае какви користиме и какви јадеме. Јас на пример не јадам овчо сирење и нема потреба да ми се јавува да ме праша, ако сака нека купи. Ниту јас не одам со список кога пазарувам, ниту мм. Пред да си оди од работа може да ми се јави да праша дали треба нешто од маркет за дома да купи. Или ако ми фали нешто, а јас не сум купила му се јавувам што ми треба.
Докажано е дека мозокот на жената повеќе работи во многу сфери отколку машкиот мозок. Исто така и за меморија, детаљи... Имам праено со мажи муабет, а и мојов ми го има кажано истото, дека некогаш им се случува да не размислуваат за ништо. Мене тоа ми е чудно, а верувам и на секоја жена и е, пошо кај нас мозокот цело време работи и цело време имаме гласови во глава. Затоа и не му замерувам на мојот ако згреши нешто или заборави, го гледам дека се труди многу работи да направи како шо јас би ги направила или како шо јас ги сакам, ама едноставно толку му е капацитетот на мозокот, неможе повеќе. Ако се потруди повеќе од тоа, тогаш мозокот му прегрева, и почнува да се нервира.
Мојов гарант е исклучок, толку да не се памтело јас не знам некој друг вака, кога му зборувам мора да го препрашувам дали ме разбра и неколку пати истото да го повторам за да се осигураме дека нема да заборави, шо мене ме изморува, а некогаш јас ако заборавам нешто ми вели ај јас заборавам и оставам на тебе ами ти да заборавиш, не се ни труди да запамти, се јас треба да мислам за многу работи оти ништо не прајме
Мојот ценет сопруг освен леб и цигари друго ништо не знае да пазари. На синко пелена дали 10 пати му има сменето. Ручек ,т.е јадење има направено Макс 5 пати . Кафе два пати годишно прави. Никогаш не е пелгал,постилал алишта, бришел прашина . Фрла ѓубре и мнооогууу ретко усисува. Купатило чисто еднаш после мои 10 чистења . Сам ретко го шета детето. Не го храни синко . Ако треба да се смени сијалица пример ,да се наредат дрва , да се заштрафи /поправи нешто по дома ...си вика мајстор. Мислам односно сигурна сум дека детето појќе ќе се снајде без мене 2-3 дена одколку он . Доблести му се : Не рчи Не седи во веце појќе од 3 мин Не ми се меша ништо во домаќинлкот Ако нешто не можам да постасам дома ,одма ми наоѓа замена/ припомош. Многу убаво гушка И највжното Ме има излекувано секогаш кога многу мислеле дека до тука е крајот
Твојот ко на золва ми мажот. Вистинска случка: Паркираме на бензиска и му вели: земи ми цигари, паломи и мастики. Се врати со вода, бомбони и чипс Оган и' чуреше низ уши на жената
Охо ова постојано се случува дури му се јавувам и ко ќе е таму во продавницата за да бидам сигурна дека ќе купи тоа што ми треба.
Најјак ми е одговорот не можел толку инструкции во исто време, ете само то го слушам, оти јас се планирам но го планирам и него, то шо треба да се напрај во денот заедно да го направиме за побрзо, полека ми вика ред по ред а јас се сум смислила, шо кога и како да биди направено, и му велам епа ти испланирај не е толку тешко. А на него ако се чека треба пола ден да помини тој само игра, не мрднува, си купил хбокс, има 6 џоестици, си нашол некој сервер за игри колку сакаш за ич пари, си купил и едни рачни за играње не знам како се викаат две има такви, со него си ги носи секаде кога и да е слободен игра, ни муабет не ми прај и мора да го молам ај море напрај едно кафе да се напијаме, не ми се пија,ај за мене напрај, не е тешко напрај си сама, ми вели, а не е за тешко туку нешто да го активирам оти ме пукна
Јас имам обратен "проблем" за во маркет. Го праќам по 2 работи а се враќа со полни торби. А ич не сакам така да имам резерва на резервата, ем во мал стан сме ем сите маркети и продавници се тука буквално нема потреба. А од складирање работи алат има за сѐ еден куп што не го користи. Се надевам еден ден ќе имаме куќа со двор и работилница. Ама слободно си се ругаме и двајцата за киксови и не сфаќаме трагично. Еден кикс: кога ни се роди детето не можеше да запамти колку е тешко. Скоро вареше шпагети и ме прашува дали да ја исцеди водата сега или после. Ама и јас си имам мои испади и работи што не ме бива, така да меѓусебно си се ругаме и надополнуваме. сфаќам и тие што не им е смешна темава, и јас се чудам за некои работи посебно околу децата. А за седење на шоља сејм, ок ми е ако сака таму да си го помине слободното време, сѐ додека ми носи кафе во кревет јас да имам време на само. И он заслужува.
Ај да не ве бришам цело време со оф топиците. Темава е јасна, насловот е јасен, држете се до темата. Сите оф топици ќе бидат и понатаму бришени.