Ми се јавува маж ми и ми вика Детево има температура. Што да правам? Му викам Дај му сируп. Колку да му дадам? Јас му кажувам количина. Ми вика Во што да го ставам сирупот. Му викам Во тенџере Не знае како изгледа сув квасец
Денес го прашав дали знае што е ловоров лист и мицеларна вода, и се смеев како будала, ми вика што ти е бе? А јас да го проверам дали знае, за мицеларната вика што беше тоа познато ми е.
Хххахаахахха мојов многу сака да готви па ги знае кулинарскиве ствари, мицеларна којзнае што мисли дека е за одзатнување вц шоља. Него ме потсетивте со квасецот прв пат во Германија кога бевме заедно и пазариме за јадење, доаѓаме до малецки коцкички ни личат на путерчиња и цели фасцинирани од Германија кај евтино па и поголема грамажа зимаме 8 такви да има да се крка. Стигаме во смештај, седнуваме отвараме мм вика абе...ова расипано личи смрди глеј му боја, гледам КВАСЕЦ
Ловоров било "нешто за у јадење" - ова гарант мајка ми му има кажано Мицеларна појма немал , викам ми треба да ми купиш. Вика од кога пиеш вода
Јас со него сум тука. Иста песна како и во Мк. Со него не ми се пазарува. А види алати и штрафчиња, знае да заборави дека сум присутна. Додека не ги провери сите не си оди. Многу пати му кажувам да не купува тоа што не го јадеме. Ама он инает. Ќе купи и кога ќе му помине рокот се расправа со мене. Вие не јадете. Сега мора да го фрлам.
Мојот,без доблестите, да не се повторувам . Само ќе додадам ,ај што не смука (освен ако се рачуна 5 пати годишно)туку и мене ме убедува дека не било за правосмукалка ,така ми се причинувало.И не е расипана чешмата ,ние останатите не сме ја затворале убаво. Кога беа мали моите деца по еднаш на родителска на училиште.Ама парадоксот да е уште поголем на крај паметат тато кога бил на родителска и кај седел,и гз дека бришел,ама за мама немаат такви спомени.И да,тато е секогаш во право, тој е душа и јас да не го карам .И не го карам зошто не ме ни дедектира . Е добро де признавам,душа е ,никогаш не дошол намуртен на врата.Ама затоа од врата во кревет и за 5 секунди во длабок сон. Пс: Јас и цигари му купувами леП,ама платата па цела кај мене е негова до денар
На тема пазарење… до тој степен е, што секој пат ко прв пат да оди… па ми праќа цели рафтови.. кое било од рафтот.. па слика, па ако не му вратат во секунда… ѕвони мислиш ко да чека пола саат… поготово за улошки за основни средства за прехрана добар е, ги научи конечно. Само коа нешто нема, тогаш го фаќа паника, па врти пишува дека немало.. па што да праел дали да идел до друга продавница.
Да пукнам еден кикс на мм од одморот. Јас и бебе спиеме во соба преку ден, тој ѕвони како луд на тел и ми се дере зашто не отварам врата пола саат стоел, слушам како една баба лом го прави на турски. Нормално дека згрешил соба
На список : детергент за бели На мсн: слика од рафт во Кам од детргенти и порака заокружи на слика не знам што сакаш Да го оправдам: мењам цело време детергент за бели
Јас мислев само јас имам ваков маж Опседнат се да му биде чисто и на место. Читам вака сите се жалат, а мојот е поголема домаќинка од мене. Некогаш ме фаќа срам искрено, ама мислам стварно и тој претерува. Еве сабајле станавме пиеме кафе и уште нерасонети ми зборува денес да земам прозорите да избришам, да усмукам, да видам овие играчки на детето да купиме кутии и да ги распоредам. Велам добро човек дај да испиеме кафето на раат. Сега плус ме штеди дека сум 9ти месец, ама и онака зависен е од чистоќа. Едно време почнавме да се караме, доаѓа од работа и нормално дека има расфрлани играчки детето е мало. Нормално е садовите да не се секогаш измиени, ама не едно влегување во куќа и прво мава поглед накај судоперот и мх мх садовите мене ме чекаат изгледа. Ќе седне и лелеее гледај какво е расфрлано ништо не е на место, цело време го потсетував дека имаме мало дете. Инаку се работи од машки и од женски работи и ако така и треба. Знае и да готви и машина да пушта и садови мие...ама мислам има проблем сака куќата да му биде како никој да не живее во неа. Како мојата мајка да му е мајка бе. Исти се, опседнати со чистење. Најмногу ме нервира ќе се муне во купатило и ќе вклучи машина. И затоа бели гаќи и маици ми стануваат магично сиви. Еве членкиве пишуваат дека го праќаш за едно во маркет и само тоа го добиваш, јас пак се карам што оди таму секој ден и со под 2 кеси не се враќа дома. Си купува се и сешто, што треба и што нетреба. Затоа неможеме да заштедиме хахах. Ама ајде велам подобро ваков да е, не чека се на мене и полесно ми е. Ама некогаш стварно претерува па што велиш осеќам притисок дека маани ќе ми најде.