Конечно ве исчитав сите. Темава ја разбрав дека е забавен карактер не од сериозен.Ај ако не да се разведеме оти не знае да пазари и сл. Не знам за вас ама мислам дека маж ми повеќе има што да каже за мене на темава него јас од него Јас повеќе лупости правам
Мојот знае кое каде стои, ама ваљда така му одговара или да проба да види дали јас ќе му го дадам. Најчесто е за алиштата на детето. Значи знае има посебни фиоки и посебно стојат неговите јакнички и палтенца. И кога ќе појдат некаде обавезно следува "а каде е таа и таа јакна" Мојот одговор е најчесто "Кај комшијата" или "кај мајка ти" Мајка ми секогаш велеше и да ви е закачено на клин пак нема да го најдете, посебно ова важеше за татко ми и брат ми. Инаку денес од сабајле ми го крена притисокот. Му текнало да оди во друга држава да вози колега на аеродром и успат требало нешто да пазарува. Јас цела ноќ дали имам спиено 3-4 часа и тоа неповрзан сон. Веќе влегувам во 38ма недела и овие денови осеќам болки и нелагодност и плус со тодлер сум. Само ми е страв да не ме фатат болки, а имам закажано царски, него мува не го лази. И така му се налутив, божем ќе дошол за саат време хахах сам себе лаже. И тоа сам се нуди да ги вози, вечер уште еден кажа ќе вози ама тука кај нас и така...
И алиштата на децава ми се поделени. Едни за во школо, а другите за надвор. И пак ме прашува што да облечат. Кога ќе ме праша за нешто каде е, јас најчесто му одговарам Кај мајка ми. Он ми вика Јас таму не одам
Тема алишта на дете - сопствен плакар мал има ќерка. - Јас инструкции по телефон давам: Земи од нејзиниот плакар на најгорна полица лево фармерки и блуза. Заедно се здиплени. Ќе дојдам јас директно на роденден - Тој: Добро. А на нозе може сандалите за на плажа? - Јас: Не, розовите патики нека ги носи... Стигнувам на роденден - ќерка е облечена во фустан што и е за низ дома бар чист нашле и со сандалите за на плажа. Толку од познавањето алишта
Исто - Донеси боди и шпикозни од плакарчето за малото. - Шо беше боди? Шо беа шпикозни? По милијардити пат Ама ми падна незгодно да се испукувам на темава од него заш нередот шо ве нервира од мажите - јас го оставам а тој го собира Па сфаќам дека колку и да ни се поделени обврските, веројатно му е смачено да ја средува кујната после секое готвење и јадење. Да има тема за нив, веројатно би ме спомнал Немам време за се', то е... веројатно и вашите такво оправдување ќе најдат.
Мојот сакан сопруг еднаш го однел малиот во градинка со валкани алишта. А убаво му објаснив кои алишта да му ги облече на детето. Јас мислам дека намерно се прави будала.
Јас обратен проблем имам, ми најде замерки неколку пати како сум ја облекла за на роденден. Последниот пат и имав облечено комплетче шорц и маичка многу слатки со цветчиња, и биле како пижами и ме натера да ја пресоблечам
Ако некој ден чуете дека македонка си го убила мажот во Германија, да знаете дека сум јас. Повеќе не прашувајте, само да знаете дека јас ќе бидам таа.
Mojot pa go odnel vo gorna pizama , koga otidov da go zemam od gradinka mi se stemni. A denes maliot zaboravil da gi soblece sorcevite sto spiel i oblekol drugi nad niv i ovoj nisto ne videl.
И на мене ми се стемни кога го видов детето како е облечено. И одма му се јавив на телефон. Он ми вика Заборавив за алиштата
Долго време го читав форумов и само викав сега ќе направи профил, после ќе направам и никако не дојде тој момент. Капката што го проли садот беше темава. Еве сум тука благодарение на темава. Сакав да кажам дека се сложувам речиси со сите ваши мислења поставени тука а особено со тоа за серковците и лошите способности да најдат нешто во куќата во која живеат од кога се родиле. Ние сме релативно тазе во брак ама не значи дека се сложуваме скроз 100 на 100. Тоа со серењето, се сложувам, кога ќе влезе мислиш раѓа. А нешто што уште повеќе ме нервира е кога си прди така пред мене. Оптегнат на каучот и ко некоја крава прди па уште ми вика ,,маж сум што да правам". Абе ужас.
А мене па не ми се прди? Единствено сум си прдела онака лагано пред него додека бев трудна, тогаш го растурав, ама вака ми нема логика.
Тоа е оноа што не го разбираат па се бунат- другачие е ко ќе ти е дечко, другачие ко ќе ти е маж. Прдење инаку не е дифолтна состојба, ама тоа е друга тема. Може па труден е @Kralica.Milica
Ама шо е толку фрка прдењево? Отепува со мирис или шо? Мене прдежот не ми смрди (фала скапи пробиотици), до шо е ?