Мене ме нервира кога ќе дојде да ми чука на вратата а јас се бањам . Му се серело. Се тогаш му се сере. Па и сака да влезе да сере додека се бањам. А јас не сакам никој да ме замара во тој преубав преинтимен момент со самата себе шо си го имам, уште помалку да ми пушти и арома на гомно. И така доаѓа до кавга .
За миризба не збори Малата му вика:Тато,тато расипани глувци или расипани јајца јадеше па гомното ти смрде толку? На мама не смрде така П.С Моето на зумбул мириса
Уште оваа причина за развод да си ја кажам. Секогаш ,значи секогаш коа ќе му кажам да ја прошета ќерка за јас да испеглам,исчистам,средувам и милион др обврски што чекаат на мене ,потенцирам да ја шета подолго значи саат,два,спремам ранци,јадење,вода,пелени,влажни, облека ,грисини ...еве го кај доаѓа ЗА 15 МИНУТИ 'Не сака со мене,плаче за тебе вика мама мама' Има уште многу ама ај и за утре да си оставам...
И мојов дреме на шолја, концерт си пушта од саат време понекогаш бе, повеќето чита вести... А иначе се разведуваме и заведуваме по сто пати неделно, може и дневно Пред неполн месец се породив, за два дена дојдов дома, наредниот ден со поголемата ќерка бараа ручек ориз и печено пиле да им правам...а бебе цица ли цица...нетачен еј
Зашто количката ја возам по лева не по десна страна, зашто бебето плаче кога се туширам, куќата била несредена цела недела, ја тек три недели од пороѓај
Мене ми вика после 15мин шетање: се вративме, досадно ни беше, кај да шетам сам, не се шета...........
Лелеле и мене така нековаш , а јас знам сама да шетам со ќерка по 5 саати ,на нас не ни е досадно ич сами . Ми се спојуваат жичките право
Кај мене е одговорот, не знам јас што да правам до дете надвор толку време. - Јас: ами во парк да ја однесеше, до игротека пример, кај Х да поиграат - Тој: е па, не ми текна на тоа И така сите среќно си живееме. Бар не е само мојов, да се тешам де.
Сите среќно и мајките на антидепресиви до крајот на животот.Јухууу Некоја членка ако има тука маж и шо пие ад ,пошо јас неам слушнато за мажи и депресија. Му се спие,ќе си легне. Му се јаде,ќе седне да јаде. Му се бања,си влегува по цел саат си се бања со блуз у позадина или некој поткаст Ако е со ќерка и треба нешто да заврши или вода да се напие , * ела земи ја,ми се пие вода А ние мајките шо ,пајаци сме со 8 нози и раце. АЛО...Адвокатот кај е ???
Јас кога сакам да земам здив одам да се туширам еден час, и ќе си седам на шолја ќе си дремам и кафе си носам, оти само така можам без малиот да се релаксирам. Тој ми вика шо седиш таму, шо прајш толку. А мм не мора ни да седи во вецко кога си става слушалки и цел ден слуша нешто на Јутјуб, буквално кога е слободен тој е со слушалки на уши, а никој не го замара, многу сме правеле галама, кога син ми цел ден е мама, мааа мааа
Изгледа мојов е изрод што не дреме толку време во купатило на шолја и без телефон. Ќе си го изнагушкам поради тоа. Изгледа не е толку "какач" како што кажа @Adidas888 . Ме нервира само кога ми се плетка во кујна, не можам така било кој да ми оди пред нозе, зад нозе. Не сакам никој да ми припари во кујна, прави ручек и тој, ама потоа правам проверка и него тоа го нервира, ми вели да го оставам сам да направи ручек без да му се мешам. Јас само му дофрлам "земи ја таа и таа лажица, земи дрвена лажица, тоа тавче/тенџере". Затоа најубаво ми е јас да си правам ручек, си редам по мое. Нешто ако е за миење јас веднаш го мијам, или на рака, или го одмивам и ставам во машина, не сакам во судопер немиени садови еден куп, и така ми е полесно, да не ми се собираат куп садови за миење.
Мнооогу се смеам за какачииии Малово од што сака да се бања и јас го праќам со мм кога ке дојде од работа да се бањаат а види дека влезе мм во тоалет он лази до вратата се крева лупа и вика "татататтаааа" и не може да седи толку долго. Едно време му го зњмав телефонот пред да влезе во вц излегуваше за максимум 10мин. А сеа што пиша некоја членка го заборавам дека е таму. Претходните 2 дена беше дома, луѓе куќава уште нозе да има и да проооди, мене он ми прави лом по дома, не гледа да подигне по него, сабајле си правел кафе а бе по пола кујна правел кафе, живците одсабајле ми ги качи арно излезен беше веќе иначеее Работи по цел ден и јас мислам дека се одвикнавме да сме заедно дома, он кога ке дојде јас носам бебе надвор или имам некоја работа па знае саат два да го зачува и 200пати "до кај си????" Поарно ми е кога го земам со мене детево. Ама веќе почнав да му го оставам нела се снаоѓа, јаде пие се, за спиење секако доаѓам дома. А после одмор му се местам и да го одбијам е тогааш ке мора и да спие со него, ама уште не знае он А да најјаката реченица му е "Ти со дете сакаш дома да ти биде чисто" Ама мене детево не ми фрла чорапи низ спална ни па ти остава алишта и пешкири у среде соба
Јас: и оваа столица е направена лом од мачката Мм: А ја исчисти? Јас: зборам за дупките по столицата Мм: Добро, а ја исчисти ли? Јас: Не, не можам со овој додаток на правосмукалката Мм: Земи го другиот Јас: А каде е? Мм: Па не знам, некаде низ соба ........... Ме дупиш или ме дупиш? Едно зборам, друго одговара
А вашите кога ќе видат нешто што треба да се поправи,исчисти ви викаат ли: - еј ова треба да го исчистиме? Ама не фаќаат они туку чисто да знаеш што треба да средиш следно
ИсчистиМЕ, купиМЕ, се е во множина. А на крај знаеме кој го чека. Ама за воља на вистината вика и поправиМЕ, па он го поправа