Мојот сопруг ја чува колата како очите. Не смее ништо да и фали. Кога идевме за Мк, а и назад, од јадењето сме направиле трошки. Леле кога збесна. Пазете што правите. Ми ја уништивте колата.
Мм колата ја чува како очите, јас кујната, не смее да ми растури и прсти да ми прави. И во купатилото да ми го прска огледалото кога се мие.
Е кај нас е обратно, јас сум по колите. Негова е колата, купена уште пред да се земеме ама каде и да одиме јас возам. Без разлика дали до продавница или на одмор 600/700 километри јас сум шоферот и јас се мислам колата да биде чиста и уредна. И додека бев трудна негде до 6 7 месец јас возев, а после дур се породив и месец два после тоа тој. Најмногу се нервирам кога ќе ми рече нешто дека сум погодила дупка, а таа дупката е прва што сум ја погодила после два месеци. Тој кога оди негде сам сигурно не ја пази како ја што ја пазам.
Една случка имав и пресмешна ми беше, абе цел живот ќе ја памтам, и тоа за Нова година беше. Најадени, напијани, нормално јас мелено месо изеено, внатре шо нема гуштери, пасирани мадина од бизони, уши од магарина итн. Легнуваме на спиење, ама толку многу ме мрзеше да станам (најчесто лажам дека одам до WC оти ми се оди, туку ми е срам да си прднам, јас и пред мојте ми е срам) и си помислив ај таа настината е, носо затнат, нема да сети и плус покријани сме со кебе и јорган... Тушнав јас, ама таа миризбата да се плукнам во неа и низ панцир че поминеше... таа само поткрева кебето и мириснува, и ме прашува дали прднав?
Јас сум таа у бракот затоа и толку пребирам кола. Он алат мкне у кола, влегува од објект директно со прашина. Затоа само он си ја вози. Јас збеснувам моментално
Капа доле за коментаров се пресмеав Наравоучение, пушти го прдежот низ дупче од јорганот никако внатре. Па уште и сиротата ако била пикната со носот под ќебе да се стопли, отидоа трепките, трајна депилација на брк
Има една изрека - If you don't hear her fart, you don't have her heart. (И обратно де) Боље да прди него други работи што ги прочитав низ темава
Ми вика не ми се трга на пат од што знам лом дека ќе е колата, сусам, песок, не знам како ќе ја гледам 10 дена. Викам мене не ми се трга што 5 саати ќе седам меѓу бебе 3 мес и тодлер 3 год ама у право си, твоево пологично е.
Е сабајле ко шо се испукавме,оддамна не сме се испукале така. Цела вечер неспиена ,стануваше ќерка нз зошто ,пропуштени пелена,мокра постелнина,вода бара ,бара да ја лулам итн. Мм си спие у детска соба си рчи уште од 10 саатот. Станува сабајле јас се успав,и замисли ми вика не те чекам ќе закаснам и јас на работа,додека се нашминкаш ехееее....леле коа ми пукна филмот. Кажав ја,следната бременост он нека си земе породилно,нека дава адаптирано а не да спијам пак 2 години со цицки одвонка. ...
Дојдов да се испукам ама ако почнам да пишувам колку ми крена притисок денес ќе почнам пак да се нервирам и него ќе го испукам. Никако не ми иде во глава, се напраивме партал и човекот си легна да спие, ама спие брее мува не го лази, се му е пуно рамно Стварно посебен вид на животинки се повеќето мажи
Да ви се научат децата по татко да идат, па да видат и они како е. Малиот со мене цел ден е на земја, само ако јаде и спие го кревам, иначе и сам и со мене се доле си игра. Ама очигледно го научил маж ми дека го крева. Само што стана сабајлево, го гледа и му плаче. Овој го крена, му направи малце муабет и го спушта да иде во вц. Бебе плаче, се влече по паркет, до вратата од вц стигна (уште не знае да лази, ама како војник со раце се влече). Маж ми отвара врата, бебе кога му ја викна уште погласно да вика. И штом го крене готово, насмеан од уво до уво. Јас се згазив од смеење, му викам ако ти е, да не можеш ни да мочаш на раат. Мене не ми прави проблем речиси ич, ама изгледа и овој ќе биде татин како поголемата ќерка. Ако, нека му досаѓаат.
Моево истото го прави, ги оставив пред некој ден 3ч се чуваа, се враќам абе супер пројдовме ама не ми седи доле мене, плаче се влече по нозете ми се крева епа викам знае каде пали тоа. 8месеци е, сеуште не почнал до вц да се влече па да му тропа и така само Тата тата тата по дома си вика
Леле незнам зошто кога го прочитав твоето мислење кога ме фати некоја глупа смешка и сама се смеев. Ама стварно е така и кај нас како мали никогаш ја немавме слушнато мајка ни да прдне, некогаш ако и излеташе несакајки сите се смеевме како незнам кое чудо да се случило. Додека пак татко ми ехеее пофалби, после и брат ми исто не престануваа. Мажите дефинтивно се фалат со нивните прдешки и божем толку е смешно тоа. И маж ми знае да се испофали де, ама ако не ми е денот лом го правам и ме нервира. Сите прдиме факт, ама не кога те чекаат во спална за спиење и ти одиш од вц и го пушташ во спалната да смрди. Се надоврзав на твојот пост бидејќи ми падна смешно за мајките.
Мојата кумашинка велеше, ее кумо гледај и учи како и двете ги имам научено се по татко им да си одат и викаат. И стварно така беше. Кај нас што знам од како е роден еден ден не сме се разделиле, сега е скоро 3 години и нормално сабајле станувам и тој со мене во вц. Ако се туширам исто. Сега некогаш се игра па ќе дојде да ме провери и пак назад. Ама затоа татко му како да има златно "дупе" , не дозволува додека е во купатило малото да му влезе. Веднаш го враќа назад. Му велам барем ти да го научиш како треба да моча во шоља. Ама вака дека е на работа и од кога ќе дојде на него му е лепенка, јас уживам.
А в кола прди дур возиш? Јас дали да возам или да умирам од радиоактивноста или па да се расправам со маженцето мое најмило.