Како да му се објасни на маж дека дете е способно само да "диши". Буквално зад петици и оди, се е опасно за него, да не се повредела. - Ставам јас алишта на балкон, опасно било да игра со штипки, да не се потфати во прстите. - зеде дете боичка (20месеци е дете) опасно било ќе се повреди И така 300 пати на ден слушам, ова опасно, она опасно. Е да, пред некој ден и дуксот со патент не бил добар за ќерка, ќе и се заплеткала косата. И така, во се гледа опасност што мене ми оди екстремно многу на нерви. Не дека јас во оган фрлам дете ама мајка му стара, па способно е и на оваа возраст само да сфати што е опасно без да и стоиме над глава.
So prosti zborovi. Jas sum majka jas najdobro znam sto e dobro za deteto. Jas ova na mm nonstop mu go kazuvam koga sumnja nesto vo mene i mojte odluki. Jas sum 24 so bebe a ne on
Еве уште еден како мојот паничар од сопруг. Какви банални ситуации си прави во глава се чудам каде живеел во претходниот живот. Вчера беше врв, да не кликал на копчето од лифтот струја ќе го фати. Аман боже ако најдеш чааре молим те пренеси тука оти ќе пукнам.
На мојот му е страв да не го уапсат. И тоа за глупости а не за нешто кривично или криминално. Некни бевме во молот со количката за бебе, а лифтовите беа сите расипани, само еден работеше. А многу луѓе со колички чекаа пред нас. А имаше и од тие електричните скали малку подалеко од нас, и му кажав да ја земе количката он и да ја качи по тие а јас детето ќе го зеам. Абе да видиш посерен газ, како почна да вика - НЕ, ќе ме фати обезбедувањето и ќе ми викнат полиција. Абе му викам каква полиција, јас нонстоп гледам луѓе со колички како се движат по тие скали. Он пак - НЕ, ти не разбираш ништо, ќе не уапсат. И така. Со будали не бива да се караш.
Исто е и кај мене. Знае да ме разбуди без причина. Му викам Не ти е добро? Он Добро ми е. Ама не ми се спие.
Ова најјако! За количка по скали имам финта. Ја дигаш количката да е на последните две тркала и ја држиш така крената до крај. Нормално ова без маж
Проблемот е шо на мојава количка не и ги бива тркалата, некогаш кочат, некогаш сами вртат, катастрофа е. И тоа шо викаш, ако сакаш нешто да завршиш, без маж треба да го завршиш
Количка сама дигам и тоа со се дете во неа,додека не се истрополам некој ден по некои скали. Маж ми е фатен у половината па не го мачам . Оддамна се неам испукано на темава ама кај и да е ќе ме има по вестиии
Затоа и спие во дневна Ама сеа заладува,може да го викнам пак во спална...пола ноќ само ,коа ќе почне да испушта звуци пак го мавнувам по ребра и директ у дневна или детска. Шала на страна, си има проблеми со синусите изгледа ама шо да прави коа има психички растроена жена...Ќе си трпи,и тој и јас
Ете и го мојот денес како цреп легнат на умирачка постела, кренал температура 38 Сабајле во 10 ме разбуди да сум пошла да го земам од работа, па појдов го зедов, па на болница го носев па до аптека го возев, денеска цел ден специјална нега, абе бог да чува. Среќа денес бев слободна, да не бев што ќе правеше, кој ќе му изиграваше и личен шофер и медицинска сестра и мајка во исто време?
И мојот сопруг се чуди кога ќе му речам дека сум нерасположена,изморена.Не можи да свати ..А јас од сабајле двете деца да ги спремам(градинка,училиште) да ги однесам,да одам на работа,па да ги земам,да средам дома,да јадат,да ги прошетам,......
Јас си мислев само мојот сопруг е таков.Со опасност од ова опасност од она.И јас повеќе неможам да го слушам кога така му зборува на децата за опасност да возиш тротинет.....