Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Испукајте се од мажот

Дискусија во 'Брак' започната од LiquidLuna, 28 август 2024.

  1. snegulka445

    snegulka445 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Пробав многу начини не успеав да му објаснам да свати
     
  2. Amore.Mio

    Amore.Mio Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2021
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    703
    Исто, исто!!!
    Постојано му вика пази а детево има веќе 5 години и знае се сам.
    Не!
    Подобро било да каже пред време пази да не паднеш оти ако падне веќе ќе биде касно и ете ти беља, а вака ако каже он нема да падне дете|(.
    Син ми го научи и му вика веќе абе тато па пазам :D.
    И така за банални работи постојано паничи и ме нервира, ова е едниствена причина за која се заканувам со развод:D.
     
    На WhiteCat33, snegulka445, Snowflake92 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    4.209
    Аууу значи чадам, Ч А Д А М.
    Иаме еден куп работи за средување низ станот, значи машината ни е со скршена врата повеќе од половина година. Иаме еден куп слики кои треба да се закачат, сите ѕидови ни се празни откако се вселивме во станот. Чешмата во кујната треба да се намести, цела се тресе. Иаме шпајз кој е како бомба да паднала, плус има еден плакар со "алати" кој не е искористен ни 10% просторно, плус алатите цело време се расфрлани насекаде. Зимски алишта треба да се извадат од подрум, треба да се избрише прашина, да се помине со правосмукалка, да се исчисти вцто.
    Дали е можно сите овие работи само јас да ги забележувам и мене да ми сметаат? Еве не знам. Три недели како само седи дома, малиот е во градинка, има точно 0 обврски. До крај на месецов е слободен.
    Ништо од гореспоменатото не е чепнато. Ништо. Само си гледа филмчиња, од време на време ќе подсреди нешо низ дома, и тоа е тоа воглавном.
    И уште ме прашува што си лута. Па што да не сум? Наместо сеа да заврши нешто, ќе ми попува после за викенди ај да средиме ова, ај да чистиме, ај ова ај она. Ништо не му текнува сам да започне, да направи.
    Дури и за доктор го молам луѓе 3 месеци да оди на доктор, железото му е слабо ептен. Како бе не му текнува да си закаже посета на доктор? Треба да се искараме за да направи нешо. И тоаш е ко дете под казна. Еве сабајлето се искаравме за ова, пошто му пререков дека нишо не фаќа. И за докторот му спомнав. И како покиснат зема телефон да се јави да закажи. Алооо еј за да оди на преглед! И на крај испадна дека не е ни запишан кај матичниот кај што мислеше дека е.
    Што сака нека прави, маж од 35 години, нека брка работа.
     
    На Трагедијаупмм, mira.mira, moonlight-girl.55 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. deasmamas

    deasmamas Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    187
    Си зема да пегла кошула 5 мин пред работа, иако цел ден беше дома и уште лут како тоа сум забораила јас. Уу мајмун еден, кај малава цел ден денеска кенка, заби ли се што ли се, плус падна расцепи уста, па уште тој ми фалеше за капак на денов. Ајт у пм :@
     
    На Kom.pot, Antebellum, Kralica.Milica и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.267
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Се спремавме за на одмор. Јас кај сите ги спакував, спакував и мини аптека, сирупи за температура и алергија, гази, бетадин, синопен, чепчиња за температура и запек, пробиотик, електролити, фластери, хидроген, топломер, аутан....
    Пуши цигара пред тргање, отвара фиока во кујна, гледа ханзапласт и ми вика "знаеш што, ај ќе го ставам ханзапластов во ташничка за секој случај да не ни затреба". Кај ти текна бе викам алал да ти е, ич не ми текна лекови да спакувам со бебе и дете алал....тука више ми го сфати сарказмот :drunk:
     
    На Mother of 2boys, strelec231992, Mumoftwo30 и 21 други им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.149
    Пол:
    Женски
    Драг дневнику,

    Има нешто магично во машкиот мозок. Сакам само еден ден да го имам, да ми одмори главата. Сакам бумбарите шо му зујат да ги чуам. Или оние мајмуните со тапани ги има мојов, не знам.
    Колата беше на мајстор два (2) дена, абе болен легна. Денес му ѕвонеа да ја земе, мислиш по невеста ќе оди. Потресен целиот. (facepalm)

    Земавме јадење да правиме, се туфка у кујна. "А сеа месото да го спремам?" -Да. "А шо му стававме?" -Не знам, секогаш ти го правиш. "Оффф, не ми работи мозокот, леле колата"
    Леле леле леле
    Главата тапан ми ја направи :headbang:

    И кутијата со сваштарии заврши у канта. Нека ги бара минијатурните шрафчиња за 16395 денови од сега, ќе се правам на три и пол, мачката си играла со нив :wasntme:
     
    На Zumbulche, Mother of 2boys, Juicy и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.342
    Допаѓања:
    22.008
    Пол:
    Женски
    Мојот знае оти не смее да ми каже да пеглам нешто, си знае предвреме дека не е испеглано и оти ќе мора сам да се пегла.
    Не дај боже да му излета од уста "што не си ја испеглала". Ќе прелетне и пеглата накај него :rofl:
     
    На Трагедијаупмм, Mumoftwo30, marrisa и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Ние само кога сме скарани си пегла сам зашто инат е да каже да му испеглам, а и знае дека пегла ќе стани.

    Туку денес ама ме напна. Ми ѕвони од работа и го прашувам што сака за ручек ми вели “грав”, ама да сум го стасала на време оти ќе јадел само и излегувал (работи приватно плус). Кај се тркав со себеси да го стасам си доаѓа за да ми каже дека по пат ќе купил нешто за јадење. Леле кога збеснав. Нарачки да му правам за да си остане полно тенџерето, мајке ми. Си подви опашка и си го искрка гравот како да не видел досега. А значи така брачно другарче, треба да свикам за да сфатиш. Па и ми се јавува јас нервозна и ме прашува што ми е. Прашај прашај, да ти отворам дневникот од пред еден век за фрлените ручеци па да видеш што ми е. Многу ме нервира ова, многу! Мразам да фрлам храна
     
    На Mumoftwo30, Dennings, Minnie-e и 5 други им се допаѓа ова.
  9. deasmamas

    deasmamas Активен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    187
    Значи не ми е проблем, сма кажи со време??? Јас највише му ги пеглам пошто коа ќе се заака 4 саати да пегла, клај клај, па се влечка, коса ми се крева :sweat:
     
    На Kralica.Milica, SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  10. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    932
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Кај нас вака иде со пеглањето: Јас се спремам, он ме чека, си прави нешто трето. Кога ќе го прашам: зошто не се спремаш, што чекаш? Добивам одговор дека што да се спрема кога за 2мин. е готов. Јас завршувам со спремање и викам ајде да одиме, а он тогаш почнува да бара маица и панталони и да пегла. Секако, пегла и пцуе(обично пеглата ја пцуе, а јас него), па јас превземам за да не ни помине цел ден.
     
    На Zumbulche, Juicy, Mumoftwo30 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.149
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш се заебав да го прашам шо да правам за ручек
    И тоа му ѕвонам со зборовите "Немам многу време, дај идеја шо да направам набрзина". И ми рече грав, и му спуштив :rofl:

    Тоа набрзина ли е бе друже? ]:)
     
    На Трагедијаупмм, Mumoftwo30, Dennings и 9 други им се допаѓа ова.
  12. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.454
    Допаѓања:
    9.547
    Пол:
    Женски
    Знае се кое јадење е набрзина....јајце пржено и колбас,ајт...(fingers)
     
    На Трагедијаупмм, Mumoftwo30, Kralica.Milica и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.342
    Допаѓања:
    22.008
    Пол:
    Женски
    Дали машките форуми имаат тема "Испукајте се од жената"?
    Баш би сакала да читам шо ќе пишуваат тамо :D.
    Верувам дека најголемиот дел ќе се жалат дека жената не им давала или оти неможат да се исерат на раат :rofl:
     
    На Glowy, Трагедијаупмм, снежана2023 и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.403
    Допаѓања:
    3.548
    Пол:
    Машки
    Ние не сме ко вас, за нас женичките се кралици без разлика дали серат или не
    :D (пробувам да те замислам на добар џоинт) :lol:
     
    На Mother of 2boys и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.342
    Допаѓања:
    22.008
    Пол:
    Женски
    Зошто побогу ме замислуваш на џоинт? :rofl:
     
    На LiquidLuna, SummerGirl и Realist1 им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.038
    Допаѓања:
    12.445
    Пол:
    Женски
    А може треба еден исклучок тука, баш ме интересира во каков стил ќе им бидат мислењата.
     
    На Deus ex mahina, Adidas888, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. fbaby

    fbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    11.513
    Пол:
    Женски
    Ја не сум омужена ама да си кажам една случка со татко ми.

    Кога и да оди на пат сака мајка ми да му ги спреми стварите пошто кога се пакувал он сам заборавал по нешто битно. Демек 4 очи поубаво гледале..

    И така еден ден ние сами дома, и ете го иде со куферите, го гледам се врти се туфка и ми вика ај жити се спреми ме ти, јас сигурно ќе заборавам нешто. Го гледам и му викам абе не заебавај, ти си знаеш што ти треба.. Не, ти по твоја желба стави што мислиш дека треба. Значи комотно можев сред зима да му ставам еден пар шорцеви и блуза на кратки и така ќе тргнеше...:|
    А не е дека нема тргнато така, еднаш по грешка ги собрал и панталоните на БАБА МИ. :D:D:D

    И ај земав да го пакувам, иде и ми застанува над глава и ми вика а јакнава да ја земам или да не ми биде ептен топло таму со оваа? Да ја земам другата, потенката? Какво ќе биде времето? Јас видов на апликацијата пишува топло ќе биде, ама ај провери и ти за секој случај.
    Чим си проверил тоа е, да не треба јас да одам директно да го проверам времето таму за да знаеш која јакна да ја носиш. :^)

    И така ме напна, си викам ја да сум ќе те разведам..
     
    На Mumoftwo30, Anturium, kozuf и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.342
    Допаѓања:
    22.008
    Пол:
    Женски
    Сакам кажам, незнам речам.
    Такви ќе бидат. Исто како во темата за мажите, што би одбрале жена или куче. :rofl:
     
    На Mumoftwo30, Gosh, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.038
    Допаѓања:
    12.445
    Пол:
    Женски
    Богами, али ајде барем ќе се насмееме.
     
    На SummerGirl и Adidas888 им се допаѓа ова.
  20. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    760
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Купи му друг пат готов грав у конзерва и подгреј му го :D Побрзо амин :D
     
    На Mumoftwo30, unearthlysarah, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.