Вчера го перев столчето за јадење на мали во туш кабина и тој го зеде да го намести во дневна. Пола саат се тувкаше како да го намести послужавникот напред, и никако не му текна да стисне на копчето за да ги пушти рачките. Јас лани побрзо го монтирав. Како може толку да нема мозок за вакви работи? Така се прави нели? Плакарот ни се откачи вратата лизгачка. Се утепа дигајќи ја и трескајќи ја. Брате само треба да клекнеш и да ја наместиш на жлебот бре, тој мајстор ќе викаше Добро има некој друг маж ваков или мојот еден и единствен е? Купивме рамки и си стојат во комода 2 месеци зашто не можел да најде мајстор. Абе каков мајстор се чудам и стискам заби јас да не ги закачам. Зашто машка работа била тоа, да сум оставила јас. А сака куќа да купиме, аха важи, да ја запустиме уште недоправена
Мојот одбива да чита упатства. Паметен бил, сам ќе сфател каде иде кој дел. Губење време е да читаш како треба. Затоа кога се скрши едно делче од ролетна, го поправи ама 3 пати ја ставаше и вадеше ролетната додека не бидна ко што треба. Ќе ја намести ама ја ставил наопачки, вториот пат правилно беше ставена ама обратно намотана, третиот пат се добро наместено ама стегнат каишот и не може да се спушти. Да прочиташе како се мести, ќе беше од прва, ама на кого кажуваш... А за хранилката упорно тврди дека лошо ја направиле, немало смисла како се мести и склопува
Дефинитивно се ист калап. Креветчето за бебето го местеше 5ч и пцуеше цело време како неспособните не знаеле да измерат дупки криви биле па немало логика, па сега се нервирал он да гледа така а јас трудна на мирување само од позади зборам "значи види упатство има прочитај" не не ми треба од тие неспособни ли да читам. Го заглави грешниот штраф па го вадеше со клешти.
Какво упатство, тоа се е губење време за него. И да, секогаш пцуе и ги криви тие што грешка дупки праеле и ги смешале штрафовите
За утеха транспортното креветче првиот пат го отвораше 15 минути. За 15 секунди се отвора инаку. Мултитаскинг е научна фантастика за мојов, посебно кога се работи за дете. 100 пати има прашано како се отвора летната количка. Едно дугме е само. Цела недела оди по дете во градинка и еден ден го заборавија шишето со вода. Следен ден со топлинките ја донесе дома, место патиките, во одбрана, многу имало розови патики, да не земел грешни. Трет ден, на видео повик се јави, многу јакни имало која е наша. Бар со точното дете цела недела си иди.
Крај!!! Ја па за тоа не можам да се пожалам, и ја искречи детската, и монтораше креветче и фиокар, дај му цел ден ќе штрафи нешто. Одвај чекам беба да се роди, е тогаш знам дека ќе има вакви ствари.
Ооо, па тебе рано ти е. Додуша може твојот и ендемски вид ќе испадне. Мојов вика знаеш како е да викаат деца на сите страни ( ова за земањето од градинка). Уште да не заборавам нешто. Демек јас кога носам/земам дете, мирно е и тивко, така подредено ме чека се.
Јас не можам да се пожалам од мм, изгледа не постое Он ја зима и носи малата во градинка, дури и кога заедно одиме на работа преку една недела он ја носе, а јас може и да не излезам од колата Вака кога ве читам за вашите мажи, си велам форумче ти со Господ си вечерала, какви се мажи има, супер е твојот Изгледа во нашиот брак, јас сум мажот
Маж ми може да се пресоблече 14 пати, а требало да излеземе пред 14 минути пример И најјакото ќе му кажам "Мене си ми супер" И тука ме мава со свој камен по глава оти јас секогаш така викам "Тебе треба секогаш да сум ти супер, ама јас не се свиѓам" И шта чеш, подвивам опашче и си чекам да се бендиса
Секогаш навреме одиме кај и да било. Ама..... Кога треба да се облече само прашува што да облече. Јас му викам Што сакаш. Ќе извади блузи и Која да ја облечам. Пак му викам Која сакаш. Или ако му кажам Таа облечи ја, он ми вика Е како да не. Таа нема да ја облечам Сака да се дотерувам. Ми вика Нашминкај се. И јас прво се облекувам и таман да почнам да се шминкам он Сега најде да се шминкаш?
Пред некој викенд се спремаме за кино, па кафана. И јас средена од глава до пети, ама у патики. И земав да се шминкам и експертот од страна "Не ставај туш бе за у кино, да не ти се размачка до кафаната, а и туш со патики оди ли?" Ќути си срце.. поарно
Ние мењавме градинка. Една недела пред да почне ми изнапраќа рилчиња дека децата на адаптација требало со таткото да одат, демек мајките паничеле па пренесувале на децата... Го оставив два дена да го носи. Првиот се убедувале 15мин и влегол со плачење. Вториот ми се јави дека 20мин се тегнеле, влечеле и многу плачел. Сакал да оди во претходната градинка. Ми вика тргај да го земеш. Јас Тргнал да си оди и ми вика леле го оставив детето тргнав на работа. Ќе се вратам додека да дојдеш Јави се во претходната градинка таму ќе го носиме. Не се издржувал стресот . Следно го однесе минатата недела еден ден, плачел и му рекол да го земеме пред ручек па татково му рекол добро. Му викам како си му рекол така, па ај ќе видиме ми вика. А што треба да видиме? Да излеземе од работа за да го земеме?