За да не биде вака, на секој линк што го споделувате, бришете се после прашалникот. Ова важи за линкови од сите соц мрежи и јутуб. Еве иначе мм уште ја лепи рачката од машината за садови. Се вади и ако излезе и се затвори, отварање после само со одмонтирање на кујна пошто е вградена. Значи 2 месеци and counting. Ќе се известувам за напредокот.
Мојов е пипав, со рацете не му спори многу многу. Нешто јас што ќе завршам, на него му треба х2 или х3 време. Мене ме нервира тоа многу. Ама што и да треба, завршува. Ќе му треба повеќе време, ама послушен е. И упатства обавезно гледа. Еве после кога ќе отидам на работа, на него му оставив задача за го склопи шкафчето за пресоблекување на бебето, количката, и да монтира неколку полици. Знам дека кога ќе се вратам, тек тогаш ќе биде завршен или ќе привршува. Ама бар нема да сум дома да гледам slow-motion покрети и да се нервирам. Ама што да му правам, не е ни тој крив. Програмер е мм, цел ден пред компјутер и со мозокот работи. Да работеше физичка работа или да имаше женски мозок, ќе му спореше сигурно повеќе во рацете. Битно ми е што ме слуша и прави се“ што ќе побарам. Кога ќе ми текне дека мајка ми на татко ми му вади долна облека кога се тушира бидејќи не знае ни каде му стојат гаќите, мојов ми се гледа како лотарија да ми се паднало. Со татко ми се различни како небо и земја. Мм е целосно независен од мене. Ептен ако му треба нешто во кујна да најде пример што ретко се користи, ќе ме праша каде е. И подобро што прашува, бидејќи кога бара може и пред него да е, а тој не го гледа.
За таа работа морам да го пофалам мојот, да не е дека само мрчиме . Влеговме во комплетно празен стан, од најмалото до најголемото парче со мерак го има склопено.
Дали и вашите дуваат пуфкаат и се нервни додека детето им вришти не знае што сака а вие чистите? И дали се осеќате ко на журка да сте отишле па грижа на совест побрзо да исчистите Убаво секогаш кога сме на викенд оставам тој да помине ко лисицата со опашката јас си се чувам со бебе, ама сега викам ајде да е темелно, долго нема да доаѓа никој нека остане чисто Ќе им биде забавно од утре 9ч без мене само да имам од кај да ги гледам додека се чуваат
Кога сакав да чистам, му викам да го почува бебето, немаше уште 40 дена, а тој: "абе ајде што се замараш, секако никој нема да дојде, знае со мало бебе сме". Па ајде, ако никој не иде, нека стане куќата кочина. Не чистам за другите, ама со кој ќе се разбереш. Сега е на пат, викам кога ќе си дојдеш да потсредам, ти биди со него. Одговорот е:" абе ај не се замарај со тоа". И така...
Тебе те нервира, ама тоа е многу убаво. Чичко ми е страшно проблематичен, болно проблематичен!!! Тој сака се да е под конец и никаде на нема прашинка, се сеќавам еднаш се караше дека чашите не биле наредени на цедење по редослед... Братучед ми отворено му кажа кај нив да не иде на гости и не им оди. Какви нервози јаделе додека беа мали...
Аууу исти се изгледа сите. Абе душо, тоа е , со бебе сме дома. Неможе да е средено. Кој ќе гледа. Јаааас гледам бре. Две полни корпи од бебе алишта испрани, неможам да ги средам. Викам нема детето во што да го облечам бе. Средив пред една недела се по дома, бев кај моите , дека он трета па да одмори, а и јас кај моите одморена бев. Дојдовме вчера, пак за средување колку сакаш. Тоалетот генералка убава си сака. Па капак на се грчеви тек сега и се појачаа, нервен слом не ми бега.