"Болен" маж е бетер од дете, Болен Дојчин. Туку јас се фатив во половината и мм готвеше и само одев по него, не за друго, дека не можев да се наведнувам, ми помина, денес другава страна и ќе мора пак да готви, или да ми подава намирници.
Тооо,тооо. Па и кај детето кога има 37,7 37,8 одма, дај сирупче да дадеме,лошо и' е нели гледаш? Е со да гледам,таа трча низ собите,те арна е викам. Абе викенд иде,да ја носеме на болница..паники на најјако.
Нај шо ме нервира е шо пред излегување бараме кај ни е телефонот,цигарите,новчаникот итн..додека јас дремам пред кола да ми отвори оти заклучена е,а и клучот го бараме успут
Мене еднаш ми рече дека сум ненормална, се давало сируп на 37.5. Чул, не разбрал. Викам кога специјализираше педијатрија бе срце? Ако не си, пукни трај таму и остај ме да се снаоѓам Туку, мојов е мирен дека живееме блиску до Државна И се си подрекува... Абе детска ни е преку пат. Ќе го пратам некој ден сам, нека му се изнасмеат Сабајлево, се зазборе на телефон, објаснува, мава раце, а јас ко млада невеста сум застанала до кола и чекам да ми отклучи Викам ти седи надвор објаснувај, само отклучи ми
Леле бе ме изнасмеавте и утешивте Си го пронајдов мажето до негде само не кај какачите Мојов доаѓа од работа и јас со душа го чекам да го земе малиот за јас да завршам нешто и ете ти го после 10 15 мин му вика " ај да видиме што прави мама" Ич не мора да ме проверувате аман. Да ми простите ама кога бев со стомачен вирус се изнауживав, си преседев 2 дена во спална и му реков ти го чуваш јас ќе се тргнам да не ви пренесам А можеелл се сам тогаш. Си викам како не ме држеше уште некој ден таман може ќе се навикнеше и куќа да среди кога бебето е мирно или спие
Маживе изглеа освен деца да направат друго не знаат за деца, јас мислев само мојов не чува дете... Чува 15/20 мин и само прашува, уште колку......
Ми вика "Треба да џогираМЕ, види какво е " ( фала шо ми кажа јас не глеам ) , му викам "Добро , јас ќе поминам со правосмукалка ти џогирај" Усисав по некое време и ми вика " Еее па не било толку прљаво за џогирање"
Имав на работа една колешка постара од мене што ми викаше "маж ти треба само за дете да ти направи а тек па над 50 кога и за онаа работа не го бива ич за ништо не ти треба Вика, алатот не работи, деца веќе направил и пораснале, шкаф не може да помери и да поправи нешто зашто кичма го фатило и за што ти е, за карање и само неред да ти прави Тогаш се смеев сега си викам женава до негде у право била
Фамозните болнички фантазии : Па и во болница да завршам, барем ќе се одморам малку, во мир и тишина.
Да се пријавам со мртов болен маж со 37,5 температура. Како попарен сабајле отиде на работа, пет пораки ми пиша колку му е тежок денот, дојде ручаше и од прееска лежи и цифка. Лимон му цедев сега ми бараше перница да му подадам. Не знае дека има опција да го угушам.
Сега една недела ќе боледува. Мојов апчиња не сака да пие ќе се лечи сега со сокови и ќе “одболедува” у превод ќе го скрши креветот од лежење. И кога ќе ми рече НЕ ЗНАЕШ како ми е. Ало другар немам легнато откако се роди детево боли не боли пиеш апче и тераш ,забораваш што те боли…..
И јас ова заборавив да го кажам.Мм малку да се осети настинато право врви кај матичната Секој месец го зафркавам ,ајде не одиш ли на преглед?! Не бе, не маж да си во ова време.