Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Испукајте се од мажот

Дискусија во 'Брак' започната од LiquidLuna, 28 август 2024.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.218
    Допаѓања:
    11.227
    Пол:
    Женски
    Ова на дневна основа lxo39cab2df71.png
     
    На Mumoftwo30, Anturium, jance и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    2.777
    Допаѓања:
    17.747
    Пол:
    Женски
    Не сум влегла одамна во темава, не дека немам матртијал, време немам :rofl:

    Мојот дома состава се што ке стаса, тоа му е професија. Ама луѓе таков влечко за дома кога е немате видено. Има направрно 363838 цели куќи значи збориме од темел до кров, внатре надвор буквално само да влезеш мебел да си купуш и живееш. Ама за домаа е за дома.. имаме 70% ограда на дворов, претходно ме нервираше ама "ќе биде" нели, сега ми оди на живци пред летна кујна имаме травњак не е голем ама за бебо да си игра додека правам ручек е топ, погодете што, нема ограда. Помина летово внтаре сме веќе, зимава ке биде, важи(y)
    Презборев уста пена ми фати, конечно се качивме на поткровје да чистиме, јас се немав качено предходно ама по неговите кажувања немало 3 дена да излеземе од горе и којзнае дали ке сме завршеле, го исчистивме цело за 5 часа вчера, 5 часа во кои и пиевме кафе и фрлаше работи што се за во канта. Сега имаме спремна соба 5на5, да биде со рафтови за ствари од бебо да ставам. На детево да можам да му направам детска а не магацин да ми е собана со 300 дрангулии негови и наши.
    И вчера после чистењето вечерта имавме гости, заминаа луѓево и да раскренеме он кренал нозете, и му викам а да помогнеше малку. Не можам цел ден чистиме, а јас можам а :devil: ретко ама квалитетно од такт ме вади.
     
    На Mumoftwo30, Zumbulche, Dennings и 5 други им се допаѓа ова.
  3. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.031
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Даааа... Вечен проблем ми е, дури знае револтирано да стане и да излезе од што не може да ги трпи децата (имал мн психички напорна работа-ко мислиш ја на работа бројам овци)...
    И така јас максимално се трудам малава да не има некој тантрум во негово присуство, зашто и мажето ми мое може напад да добие...

    Ќерка ми ќе ја учам да не се мажи, деца од донор хахахаххахаха
     
    На Zumbulche, Joanna28, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.173
    Допаѓања:
    102.184
    Пол:
    Женски
    Листата моја за мм знаете колкава е, колку кинескиот ѕид. Ама најмногу што ме нервира е што се што ми замера он дупло поише прави. Јас бар сама си ги средувам работите, он без мене е ко со три леви раце.
     
    На Dennings, Mumoftwo30, deasmamas и 2 други им се допаѓа ова.
  5. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    101
    Ние плус се молиме да го однесе да игра у друга соба, зашо ми се бута у правосмукалката. Вчера ми вика сега ти текна да усисаваш, да сега ми текна зашо дете се заигрува и можам сама. А не жуч да ми пукне.
     
    На apple12 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  6. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    20.149
    Пол:
    Женски
    Шо пие кафана?
    Сакав да го убијам денес ама Жив е уште па да се почастиме :D

    Ја среди топлата вода после 4 месеци |( Па ко паун цел ден се фрцкаше "Сеа можеш раат да се бањаш"
    Мислам фала другару брачен... Уште еднаш да слушнев колку добро го средил проблемот, со пепелара ќе го мавав мислам ]:)
    П.с. водоводџија е, не требаше да биде кванта физика вентил да смени ама "Немаше време" додека не му кажав дека немам намера да се бањам веќе :rofl:
     
    На Dennings, Xxxx2, Mumoftwo30 и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.261
    Допаѓања:
    8.083
    Пол:
    Женски
    Сериозно е водоводџија? Па што не кажеш, другарке?
    Нас ни течеше лавабото 5 месеци, имавме нокшир под лавабо зашто маж ми го поправаше. Прва поправка беше да го затне цело со силикон. Втора поправка намота крпа :fubar:. Кога реши мајстор да викне, читај после 5 месеци, дур го чистеше вцто после мајсторот се лизна на плочки, се задржа за чешмата од туш кабината и ја ОТКОРНА од ѕид, па шикна вода низ цело вц. Значи, после 5 мес имавме две нови чешми, цевки, и 7000ки во загуба, само зашто он реши чешма да поправа.
    Пс. очигледно не е водоводџија мојов (facepalm)
     
    Последна измена: 26 октомври 2024
    На Трагедијаупмм, snegulkata, tanjita и 15 други им се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    Извини знам дека не ти е смешно тебе ама јас ја замислувам ситуацијата со туш кабината и се изнасмеав :D:D
     
    На Трагедијаупмм, snegulkata, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.261
    Допаѓања:
    8.083
    Пол:
    Женски
    Значи пресмешно беше. Уште искача леле ќе умрев.... а тоа шиба вода од дупката. Чешма од ѕид да откорнеш ејј :x
     
    На Трагедијаупмм, snegulkata, Mumoftwo30 и 9 други им се допаѓа ова.
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    И маж ми е мајстор за чешми. Имавме проблем со чешмата (уште бевме под кирија). Он сакаше да ја поправа, а јас му реков да го викне комшијата. Он Не треба. Јас ќе средам. Почна да работи и ја оштети. И почна да пцуе по дома. Другиот ден купи нова чешма и го викна комшијата да ја намести. :x Се прави мајстор, а појма нема.

    Еднаш го чистел лавабото во кујна. Наместо да чисти со средство, он истурил солна киселина (facepalm)
     
    На Dennings, Mumoftwo30, halfasoul и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    21.947
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам таа среќа :rofl:
    Еднаш се фатив за чешмата во кујна да ја пуштам и таа ми остана во раката и вода почна ко од цистерна да шприца во мене :rofl::rofl::rofl:
     
    На Dennings, Трагедијаупмм, LiquidLuna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.261
    Допаѓања:
    8.083
    Пол:
    Женски
    Е баш ќе му кажам дека не е једини, зашто 2 нед после тоа збореше е бе рукааа, чешма од ѕид корне (facepalm)
     
    На LiquidLuna, Feniksgirl, AneSk и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Од омилено хоби на мм, ќе го издвојам оставање истрошени продукти. Се залетав сирење од фрижидер да земам, с од сирење во кутијата не видов. Одам во вц заби со конец да чистам, кутијата со конецот празна во фиоката оставена. Излегов конец за заби да купам, ми се јавува да му земам шампон, викам имаш два во туш кабина, празни биле. Па нормално како не ми текна. Ова се само од денес, ќе си правиме колекција од шишиња и кутии дома, нема проблем либенце. И нормално го буташе новиот шампон со цела сила за да го собере а не му текна истрошените да ги извади (facepalm)
    Ама арен си е, какви ги има ехее :inlove:

    П.С ме немаше на темата зашто си тераше одмор во Мк сам, па заборавив колку живци кинам кога е дома. Претпоставувате дека сабајле се врати нели? :D
     
    На Miss_S, снежана2023, LiquidLuna и 5 други им се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Со среќа од утре :rofl:

    И мојот маж собира се и сешто по дома. За опаковки нема проблем. Ги фрла во канта. Ама се наоѓа по некоја даска, стари обувки, стара облека, картони, и др. Си прави колекција :D
     
    На LiquidLuna и Anturium им се допаѓа ова.
  15. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Јас сум таа што збира стари картони капачиња свашта, демек ќе правам активности за мали ама уште стојат натрупани во комода :|
     
    На Fenix05, LiquidLuna, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. snegulka445

    snegulka445 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ми треба совет.Дали е нормално :Јас секое сабајле ги носам децата едно во градинка,училиште па јас продолжувам на работа,А сопругот бавно си се спрема за на работа децата нејќи да ги носи и секое сабајле ме нервира мене,или децата,Пробав со игнорирање ама џабе ,ако не сум јас во собата ќе ги заплашува децата ќе му зборува глупости,..... Само мајка му ја слуша ..
     
    На Mother of 2boys и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.573
    Пол:
    Женски
    Не е нормално, загрижувачки е така да се однесува кон децата.
     
    На MeowMeow, Luna91, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.674
    Пол:
    Женски
    Ме нервира највеќе што хрчи....
    Шала на страна нема таков што нема маана.
    Ама мене се тоа ми се ситници.
    Да, ме нервира коа ќе каже не можам 2-3 работи у исто време.. вауууу
     
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.057
    Допаѓања:
    36.097
    Пол:
    Женски
    Мојот хрчи за двајца. Еднаш го снимив. Му ја пуштив снимката и ми вика Аууууу... Стварно сум хрчел :D А ме фати дремка он тогаш почнува Хррррррр.... :rofl:
     
    На Dennings, Erika.greeneyes, Fenix05 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. snegulka445

    snegulka445 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2021
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Пред мајка му е совршен.Така да незнам дали е правилно со свекрвата да се разговара