Зошто со свекрвата, ти немаш со неа проблем, со него имаш. Јас знам да разговарам со свекрвата на овие теми меѓутоа јас знам дека тоа ќе има ефект, ако нема, мислам дека не ти е паметно да разговараш.
Јас затоа го испратив во дневна да си спие. Му реков коа ќе престанеш да хрчиш ќе те примам назад у спална
Пошто и јас хрчам, а верувам и вие ама не се слушате, подобро да си побараат чаре. Има лепенки, има штипки, има начини. Јас трудна хрчев многу, премногу, сама се дислоцирав зошто беше страшно, ај маж ама и дете будев. После си земав штипка и завршив работа.
Секако, сама се имам фатено како хрчам, најчесто кога сум болна или преуморна, ама и тоа ме буди, ептен е ретко ама се случува. Ова е секоја вечер, во било која положба, дури и седнат ако задрема, уште првата секунда... Беше на куп доктори, спрееви, апчиња чуда.. ништо . Зборевме за операција во систина, но не гарантираа дека ќе престане да жрчи
Мојот требале да го земаат во филмот Брзи и бесни, оти вози како ненормален. Колку казни се изнаплаќа и пак не му иде аклот.
На маж и мене ни помогнаа тие едни како штипки на нос што се ставаат. А имало сега на Тему и некои како фластери, видов на интернет. Операцијата не е гаранција.
Јас поради тоа хрчење во бременост плачев како мало дете, не можев од ударите на бебе во стомак да спијам, па и маж кога засвиреше, една ноќ рикав како крај света да е, хормоните секако беа капак. И сега во ПМС кога сум и хрчи, на плачка ме тера од мака што не можам да заспијам
Дај кажи каква е таа штипка. Хрчи мажот, ама јас поише. Да не ме пише во некоја тема "испукајте се од жената"
Побарај на гугле, баш е ко штипче, се става во нос фактички и чудно но делува многу добро. Мајка ми исто хрчи ама многу тоа, се тресат ѕидови од неа, она со тоа престана. Не е дека не хрчиш повеќе, хрчиш, ако не ја ставиш, ама јас мака само зимно време имам и само тогаш ја носам.
Еве ви линк, првото што ми излезе, ваква иста е и мојата. https://www.amazon.in/Snoring-Solution-Silicone-Magnetic-Effective/dp/B0CZ99BLFP
Мојот мил зелен и сакан партнер му дал на мали вода да пие од авент шишето без да ја стави таа цевка внатре. Го прашувам како ќе пие така, нели му текна да стави цевката внатре мислам логично е. Вика е добро де ќе го крене шишето и ќе пие Како што е паметен да најде начин за се што е погрешно, нека почне да го прави како што треба. Ова во некој друг живот де.
Изџвакано, напишано, со поддточки, со образложение - И доаѓа од работа "Шо имаме на агенда за денес?" Од ова ќе збеснам другари и другарки Од постојано повторување
Во нашиот случај јас сум прва смена а он 90% е втора, доаѓа навечер околу 1 или 2 сабајле, ама сабајле си станува во 6 спрема дете и носи во градинка, сакам да кажам можат се само треба малце да му објасниш дека се не можеш да стигнеш и дека чекаш од него
Ех да го имав ќе се отепавме од карање. Овој твојов многу те сакал и уште многу те сака штом те трпи толку гласно да им крчиш. И јас во бременост многу крчев комшиите тропаа по парно постојано и ко за беља ми заврши со спонтан. Од крчењето мојов екс си бегаше на друга локација да спие и после спонтаниот и тоа што крчев уште погласно и паднав во депресија му се скурчи ме остави. Која среќлика си ти, ти завидувам. @snegulka445 ау како трпиш жено, јас на твое место да бев досега ќе го утепав, ќе ме читавте по полициските билтени. Арно што немавме деца, озбилна сум. Среди си го со време, да не ти е доцна, ако и не е веќе задоцнето, деца ќе ми заплашува аууу
Ако за хрчење ако те остаи тој ќе те остаи за било што друго. И хрчење и депресија се работи кои се решаваат и ти немаш вина во тоа. Така да ич да не ти е криво.
Ти благодарам Некои работи поубаво е да се пресечат во корен, подобро спречити него лечити. Некогаш залуден е трудот, навистина не вреди. Што требало да биде ќе се случи независно од се. Како да кажам судбина. На што можеш да влијаеш и промениш ќе делуваш, на што не па тоа е.