Главите им се само за онаа работа Минатата недела беше настинат. Цело време се жалеше. Мислиш готов е. Ми вика Леле, се ме боли. Му викам И тоа долу те боли? Он ми вика Не. Тоа никогаш не ме боли. Ми се јави да ме праша како да ја уклучи машината за садови. А пред да дојдам во Мк му ја наполнив. И му викам Јави ми се кога ќе ја пушташ. Он ми се јави и ми вика Јас ги наместив садовите. Како ги наместил Го учев да ја уклучува и машината за перење
Zdravo jas sum nova ovde vo forumov .. moram negde da se ispovedam barem da se olesnamznaci vaka nie sme zaedno skoro 8 godini 3 godini vo brak 2 deca .. na pocetok se bese okej dobra vrska srekni setavme jadevme pievme rabotevme znaci se bese oke ili jas taka sum mislela .. negovata familija isto .. odkako se zedovme rabotite se smenija ziveeme zaedno so negovata familija ..pocnav mnogu da se razocaruvam od negovi postapki nikogas me nema odbraneto i koga sum vo pravo za nisto ne me podrxuva sakam da pocneme da gradime nas sopstven dom ne saka zadovolen bil so toa kako so sme sega koj ne sakal slobodno mozel da si odi .. ako spomnes nesto deka imas maka ili problem lazes ili ke se pravi deka te razbira i ke gleda na politicki nacin da te smiri .. spored nego sekogas jas sum kriva .. po cel den e na rabota 3 godini ne sme imale nitu eden zaednicki den nitu eden moment na samostalnost ili sloboda bidejki ziveeme so drugi .. se osekam kako da sum mazena za svekrvata .. nemam nikakva privatnost nemam izlez ne sum ni podrzana ni srekna go sakam ama gledam deka toj me gleda na drug nacin kako da ne sum tolku vazna za nego .. vo ovie 3 godini mi nema kupeno ni eden poklon ni edno cvetce .. ne se raboti za finansii znaci ima pari .. nemam ni edno malo vnimanie od nego
Чисто да си олеснам душа. Денес требаше да излезам сама после 20месеци дома, закажано од пред 3месеци Арно ама баш денес мораа да се соберат и другарите на мм и он да присуствува иако знаеше нема кој да ни го чува бебето. Ок ајде се договоривме јас пола вечер тој пола да одиме арно ама морав јас да го успивам бебето и за инат да не заспива никако до пред 3мин (требаше веќе да сум 1ч излезена за до 9.20 да дојдам) и така фино лепо си облеков пижами му реков лепо да си пројде а он ни две ни три си се облече и отиде. Не е он крив јас сум.
Ти ако чекаш од маж да те одбрани, нема ни да дочекаш. Жалење исто, ниту еден нема нерви за тоа. Поклон ако треба да го измолиш, па ич не ти треба. Работи, купувај си. Па и тука ако жените сами не си купуваат, мислиш на маж ќе му текне? Сето е илузија, сега гарант ќе ми скокне некоја. Може не сум компетентна да делам совети на темава, ама ако не ти оди со мажот нека ти затера со свекрвата. Попаметно ти е да гледаш да ѝ угодиш нејзе, што се вика да имаш ветар во грб неголи да се нервираш. Биди ти помалку маж, пушти да се учи он. Ти биди жена, свари кафето и политиката со свекрвата истерај ја.
Одамна замрела темава, ај да ја активирам. Ептен "сакам" кога ќе ми спои нерви во 7 наутро. Бевме вчера излезени и ќерка на посува храна, ајде за вечера и направив супа. И за неа и за нас. Јадевме ние 2, остана на шпорет супата, демек ќе јаде маж подоцна. Во меѓувреме избањав дете, ја спремив за спиење, се изврткавме повеќе додека заспа. Јас набрзина само се средив и си легнав. Е па утрово влегувам во кујна, си стои и супата на шпорет и друга храна на маса, не во фрижидер прибрана. А во кујната грееме постојано и е топла. Нема шанси стоена храна да јадеме или да давам на дете. Смачено ми е од фрлање храна непотребно, зошто ама ич не е времево за таков луксуз, а пак и ич не е тешко да се завртиш околу тебе и да ставиш во фрижидер се.
Јас дојдов да се пофалам дека научивме оти корпата за алишта има капак и алиштата се ставаат внатре. Тоа е од радосна вест, а останува да се научиме дека фиоките се затвараат, дека вратите од плакарот се затвараат и дека чаршафот после јадење се тресе од трошки и се собира. За рчењето уста да не отварам, пцујам како кочијаш сред ноќ, самата помисла на тоа ми го активира секој нерв што постои. Јас не знам дали спијам со маж или со машина за дрва сечење.
И јас имам таква машина за дрва и чаре- посебно спиеме. Ем понаспани, ем посреќни и не стануваме скарани сабајле 10 години врска, скоро 3 во брак и на прсти се бројат кога сме спиеле заедно, кога морало само Пробај, повеќе ќе се сакате наспани
Пред некој ден на инста ми излезе видео во стил "не растам само син, растам нечиј сопруг, татко, партнер" и мислам дека тука лежи проблемот со нашите и генерално, мајките од постарите генерации. Како што гледам, горе доле, за истите работи се пишува цела време и тоа не е дека мозокот ни функционира до толку различно па ние приметуваме некои "ситници", а они не, туку така си се научени. Зошто пример да собере трошки или да среди кујна, кога до вчера мамичка го правела тоа место него? Зошто да стави алишта во кош и да го затвори ко секој нормален човек, кога може и само да ги фрли над, мамичка секако ќе среди после него. Зошто господинот чорапите да не ги остави сред соба кога ќе помине мамичка и ќе ги крене по него? Е сега место мамичка се очекува жената да го направи тоа и оп, тука настанува проблемот. Затоа што на жената и е преку глава од се што имала да заврши дента, едвај чекала да се прибере дома и да има заслужено време за себе, а не да трча и собира по 30годишно дете, во најголем дел работи што ги средила утрото пред да излезе за на работа. И затоа што ние сега повеќе си ги цениме нашите 5минутки одмор за разлика од нашите мајки, тетки, свекрви... Јас од маж ми не можам да се пожалам, знае да среди, со мерак готви, а и не е толку често дома ради смените па нема време кој знае и колку да растури. Ама поради сплет на околности живееме заедно со деверот и сум шокирана од тоа на колку работи не е научен ама секако, машко е и средувала мамичка. Можеби и мојот би бил таков ама среќа па има живеено сам во скроз друга држава па основни работи за преживување и средување дом му се познати. Инаку како сакате вртете го ама за мене е огромен хендикеп маж од 20 и нешто години да не знае сам да си испере алишта или да отиде да испазари тоа што му фали дома. Толку.
Нц. Вчера: Јас: Ќе извадиш садовите од машина и другите да ги ставиш, додека се бањам? Мм: Да бе душо, ќе средам. Излагам од бањање, садовите си стојат. Јас: Зошто ме ги стави во машина? Мм: Да не тропам. Уште е жив. И после сум била напната, нервозна откако ќе легне бебе. Па ај да не. Ем сакаш да се видиме, ем ме гледаш како трчам на сите страни и само седи одмори.
Ама имате и друга ситуација: маж ми Ми ги прередува садовите у машината за садови, не смеам да му чепнам во алиштата само му ги носам до гардеробер, не сум знаела да му ги наредам, еднаш го испеглав, не ми бендиса, си препегла, сега ако ме види со пегла, ми ја зима и он допеглува ако е негово или на детето, поминува со правосмукалка после мене или вика, остај јас поубаво минам, ми гледа колку прашок ставам у машината за алишта, оти многу вртела ако ставам многу... Кога немавме машина за сушење, прередуваше алишта после мене... После ручек садовите ако ги раскренам јас оди по мене да ги замие да не се засушеле за во машината за садови и коментира, а јас сакам прво десертот да го изедам... Значи си имам свекрва дома Порано се нервирав, сега се помирив и оставам се да прави како сака, освен кога сум у пмс и не можам да смислам околу мене некој.
Да не сакаш да ми го дадеш мене? Ич не ми смета, нека си чисти и пегла по негово, само да не морам јас.
Мојов купи робот да не му било прљаво секој ден да се чистело. Се враќам прошла недела од масажа го глеам со усисивачот во дневна. Му викам што правиш? Вика ни роботот ни ти не знаете да усисате тепих ко ја што знам....ок викам терај ај
Devojce te razbiram ,nesto slicno imam po doma,koj nema misli deka e mnogu zabavno.Ama ne e.I mene me vadaelo od takt,ona nikogas da bide prfekt i nekoj vecno nezadovolen sto i da pravis.RED FLEG-koga ke ni dojadat gosti doma odma se vadat BELI CARSAVI. Ne da gi mrzam alergicna sum na niv,moralo taka da se precekuvat gosti.Ednas mi pukna film od toa pritresuvanje ,a realno ti doagaat svoi majka,tatko ,sestra.Od najbliski ako se pritresuvam i dobivam paniki sto imalo na masa ,i eve sum zaboravila salfetki ,nalet i gosti i se,pa jas sakam da se opustam so svoi i so drusrvo ne da mi se gleda sekoja sitnica vo tanjir.Vo kujna jas i maz i rekov - NEMA BEL CARSAV,ako go stavis sega pred sestra ti i majka ti ,ke otvaram vrata i ke se karam i raspravam pred niv i ke napravm scena.Me pogledna vo oci i VIDE DEKA TOA STO GO KAZAV KE GO NAPRAVAM,i digna crveno zname i go ostavi BELIOT CARSAV, izvadivme drug. Znaci mozelo i taka ,da ne ide nekoj po mene i da mi proveruva damki od stakleni casi ,ustvari toa moze ako mu e kef,AMA BEL CARSAV NA MASA TOA MOI GOSTI NEMA DA VIDAT.Nazdravje gosti i slavenja.