И јас оставам тоа што му е ќеиф. Порано чудно ми беше оти идам од патријархална фамилија оти татко ми по 40 години брак уште праша кај му стојат чорапите, ама сега навикнав и не се нервирам. Не е педантерија, ама кога ќе рече после генералка, леле колку е нечисто, замислувам како го отепувам и се наоколу валкам Најголем стрес му е да не се истури кафе некаде. Не готви никогаш, и затоа си мие садови
Маж ми е Миле Паника за нешто паднато, извалкано, трошки, а нема апсолутно никаков проблем со торбата со алишта што стои на сред дневна 2 дена и чекам да видам кога ќе му текне да ја премести
Јас немам шо да се пожалам од маж ми затоа што ----- НЕ Е ДОМА! Го испратив на пат едно десет дена да одмори малку од жена си а богами и јас да одморам од мажа си.
ЕХ,среќлика жена си си ти и кралица,и сега плус за празници да не спремаш руски ,сарми и гости.ЉУБОМОРНА сум да признам јавно.
Леле мојов па, земал ми ја прередува машинава за садови, он сеа ќе ми покажувал како требало да се наместат, така не се переле убаво. Ако му ја тупнам една, јас го научив како се пушта машинана, тој ќе ми кажувал бе. Пушта ко луд машини за перење, секој ден нешто му текнува, па сеа немало да му се исушат, ќе немал што да носи.. сиромашкиот.
За тоа во посебен круг во пеколот треба да горат Значи им кажувам пуштам машини тој и тој ден, ставете алишта што имате и таман сум завршила и со црни, бели, шарени, празен кош, ете ти ги и двајцата носат купови Јас веќе стварно не знам на кој начин да се објасни.
Дали и вие не можете да се пожалите на некаква болка зошто одма и на либето му е како не арно значи аман секогаш истото
Јас: нешто преморена сум, грло ме боли, мачно ми е Тој: и мене исто како да ме греби грло Реалноста е дека во големи колективи работиме и си пренесуваме 300 вируси, плус ќерка од градинка. Ама не можам на ред да дојдам, да ме боли нешто
Да. Мене ме боли кичма, и него го боли. Мене ме боли глава, и него го боли. Јас иам реума, и он има реума. Такви се мажите, мора они да бидат нај нај во се
Лелеле ама ме изнасмеа, тамам ме потсети на една случка. Бевме трудни во исто време со една пријателка, а нејзиниот партнер беше за нијанса потруден од мене . Јас имав само една апликација инсталирано, он имаше три. Мене маж ми не ме нервира многу, греота е да се жалам. Само некогаш не знае да ги приоретизира работите. На пример ако кисне дете, и треба мене нешто со дете да ми помогне. Прво ќе почне со чинијата. Ама толку се малку и ситни ситуациите кај ме нервира, не вреди да го спомнувам дури.
Не е, тоа да видиш. Јас се навикнав, океј ми е сега, само што уште не можам да се навикнам кога ќе рече леле ама е нечисто, а цел ден сум чистела.
На муабетот Си доаѓа ќерка од градинка со кашлање. И нели неколку неработни денови тука, коментирам дали попладнево за сигурно да ја носам на доктор (имаме историја на бронхити и пневмонија) или ако не дај боже е нешто деновиве да одиме во болница на дежурен. Маж: Ајде попладнево да одиме оти и мене ме боли грло Не дека не ми е верно ама ми е смешно како може со сите да му е нешто.
Ај тоа и ќе надополнам дека сите од околината мора да знаат дека мм не е арен,одма кај сестрите и мајкаму се јавува да каже дека некако не е арен,тоа е уште полошо
На нас не дај боже да не заболи нешто, одма и него го заболува повеќе. Ама на доктор не оди. Ама нормално дека нема да оди кога не го боли ништо, туку сака да се прави грејна катеринка. Цело време се фалеше дека е здрав како дрен, и пред 3 години кога на мене ми открија реума, почна и он да вика дека има реума. Јас насабајле едвај станувам од кревет оти се ме боли, а он само шо ги отвара очите срипува и се облекува. Ама битно реума имал човекот . Сите се исти. Истото го праат.