До девицата ли било? Мојов е девица и е иста ваква свекрвица. Последно денес ме караше зошто влакна сегде собирал по мене
До човекот е Биков дома ми се искенка зашо "имало влакна по цел стан". ЗАТОА ШО ЖИВЕЕШ СО ДВЕ ЖЕНСКИ И МАЧКА БЕ ДРУГАР П.с. косата ми е повеќе од пола метро, кај идам влакна сеам ама јебеш га
Не е до хороскопот, мојов е близнаци и он ми кенкаше дека имало влакна низ цел стан. Среќа се навикна, па не кенка веќе
Од кај да почнам не знам значи Работам секој ден, он си поврза празници за да си го прчи. Не си го прчи де, ама ме нервира шо јас работам, он не И сеа оти он не работи, смислува некои фикс идеи и планови. Зема држачот на тв го пребуши, имам уште 4 нови дупки на ѕидот - Не му било убаво додека игра плејстејшн, вака поубаво се гледало - Кој не го натера да полни дупките по ѕидот па те...
Еве го истиот ми е дома. Отиде купи црево за да чистел меѓу ребрата на радијаторите........ За короната бевме млад само што верен пар без деца си седевме и си пиевме во дворче. Ако има карантини сега, со две мали деца во 50кв, нека кажат од сеа да се фрлам од некој мост таман ќе му се активира животното осигурање, ќе си ги носи децава на топло негде.
Маж ми ми вика ако не ти чинам најди си друг. Му викам шо ќе барам уште еден ист како тебе, поарно жена да си најдам
Иста сум, мм кога чисти одам по него и проверувам. @unearthlysarah јас сум девица во хороскоп и само собирам по нешто.
Мојот е стрелец. И он растура по дома. За чистење помага, ама не му спомнувај да брише прашина и да чисти вц И мојот вика Ако не ти чини најди си друг
Е читај сега ситуација, Некни, викам аман главава колку ме боли. Вика леле и мене. Не го заприметив. После некое време кај врат ми се рашири болка и вадам масажер викам на врат ми се прошири и он рече иииии и мене. Тогаш заприметив. Реков чекај тест- викам аууу меов. Ме кине желудник. Не поминаа 3 сек рече и мене . И сватив. Ми докисна. Не ме сети. И му реков погласно леле ама ми се пуши курац - отвори уста вајда за да рече и мене, се сецна и му реков речи и мене и те отепав Мислам дека нема да му текне да го боли и него истото што и мене.
Синоќа легнав да спијам околу 20 часот, ми беше многу лошо, треска, болка во мускули, она стандардно чувство пред настинка. Пред тоа бевме на пазарење, дојдовме дома, јас некои од ќесите ги испразнав додека он го спремаше малиот за спиење. Јас го легнав мали, заспав и јас. Тој седна да игра игри. Сабајлево станувам, ништо, ама ништо не чепнал. Ниту ја наполнал машината за садови, ниту доиспразнал некои од ќесињата што сме купувале, ниту зел од подрум работи што требаше да земе, имаме поклон за синко од нг што треба да го склопи, ни тоа не го склопил, НИШТО. Ми го еба цело утро, ме наполна со негативна енергија за цел ден. Башка што си легна околу 1, значи 5 часа ко тинејџер седи зркнат пред тв и игра игри. Неговата todo листа што ја влечка со недели изгледа повеќе ми тежи мене него нему, пошо нему не му ни текнува. Мене умот ми е цело време околу тоа што треба да се заврши, што да завршам откако ќе заспие мали за следниот ден да ми/ни е полесно, а тој се понаша ко од небо да му е паднато се. Таков rage ме фати сабајлинава кога видов дека ништо не чепнал, ми дојде да земам се вчера што сме пазареле и да го исфрлам низ тераса, заедно со конзолата за играње. И уште што си лута ме прашува бе. Абе само стапот за тебе.
Богами за вакво нешто и јас би попиздила. Ние жените сме најчесто тие што повеќе за се треба да мислиме И после анксиозни, е како де? Милион мисли во глава а они спијат како бебиња
Маж: не готви нешто со месо, смачено ми е Јас: Е добро, што да зготвам? Набројувам едно 10 различни јадења Маж: ова не ми јади, она ме ми се јади... Веќе се нервирам и имаш - е па златен, земи зготви и јас ќе јадам. Па било со месо, без месо, со прав од еднорог, што сакаш