Мојот кога и да го прашам за јадење секогаш вика Што мислиш тоа направи. Или ќе рече Не знам. И јас ќе направам нешто и он Ееееее.... Не ми се јаде леќа (на пример) Е па, нека си направи сам јадење Кога и да се вратиме од пазарување, он ги вади производите од торбите и ги става на маса. После тоа оди во дневна. Му викам А да ги наместеше во фрижидер? Он Не. Јас само ти помогнав И како да не се нервирам
Еее вие па, јас мојот гладен го оставам па да видиш како трча во кујна да зготви нешто Сношти правеше шпагети во сос
И јас некогаш така оставам се ,сма не му смета да стани да фати... е само ѓубре немам фрлено цела година ,со то се вади изгледа
Јас готвам за сите. Ако не му се јаде, си прави друго за јадење Чорапите уште ги остава на под. Така му стојат 3 пара чорапи.
Добро зошто мора секоја караница да е за неговите? Смачено ми е веќе. Извинете морав да пишам, немам со кој да презборам.
И ние бевме така. Искрен совет - што и да прават, колку повеќе значење им даваш тие си успеваат во целта, а ти се нервираш и немаш мир. Гледај си ја фамилијата.
Од кога се предомислувам ама ќе прашам. Има ли некој од вас маж што седи со саати на маса? Знаете ли од кога имам станато од маса? Уште си седи, си мези, си пивнува, си јаде, си гледа на тел. Имам милион пати зборувано, џабе.
Epa blazesi mu na maz ti sto ima vreme za sedenje so saati na masa , nie po doma se na trcanje glavata neznaeme kaj ni e od rab i domasni obvrski.
А јок, кај нас се јаде и се креваат тањири, остатоци од храна па ако сака после нека си земе мезе и нека стави и за мене
Мојот. Тоа за него е нормално, за мене е губење време. Кај неговите отсекогаш било така, секој ден заеднички ручек во исто време што трае два саати, јас со моите ретко кога сме ручале така. И мене ми смета искрено, ама го оставам сам да седи на маса, јас си станувам.
И јас би си мезела така по 5 саати, да не ми рипаат на глава децава. Ако немате обврски, зашто да не си седи? Ние пред децава коа ќе седневме на маса во 2, вечер станувавме во 8.
Како да дигам кога на него мезето му е ручекот, тоа го јаде со саати, не го јаде набрзина за да после си стави друго мезе. Исто. Кога идеме кај неговите така прават сите, по цел ден има јадење на масата, од јутра до сутра се седи и се јаде. Многу ми смета. И да нема обврски не ми е нормално да седи по 4 саата за ручек. Не знам дали јас не сум во ред што ова не ми е во ред. Имаме дете, не е без обврски, но доаѓа од работа еден саат со неа дур се види не е ни играње тоа, и се седнува на маса до бескрај. Меѓувреме станувам од маса, бањам успивам. Ако викнам дека ми треба ќе стане, ќе направи што ќе му кажам, не велам не, и си се враќа на стол. Па зар не треба нешто друго да правиме во тие малку саати што е дома, нема кога да седнеме еден до друг заедно. Ама изгледа различни сфаќања имаме.
А од секогаш вака правел? И мене не ми е нормално со саати да мезиме, друго е кога имаме гости, ама вака сами не ми е нормално со саати да седиме на маса, едвај чекам да раскренеме па ако имаме други обврски да ги завршиме, или ако немаме нешто обрски да прошетаме кога е убаво времето или некој филм да гледаме. И кај нас вака беше на почетокот кога бевме заедно со свекор и свекрва, прво се мези салата два саати, па после ручек и не фаќало 19-20:00 часот, тоа веќе е вечера не ручек. Чудно ми беше мене затоа што кај моите сме ручале порано и се' сме ставале на маса, и салата и ручекот, а не посебно. И ден денес се' ставам на маса, а не да се тегавиме со саати. Па ручекот се оладил, па ајде топли го (не дека мене ми сметало ако се оладил, ама ете го притоплувале). Обиди се некако после ручек да најдеш некоја занимација во која ќе учествувате сите вклучувајќи го и детето. Дали си му кажала дека ти смета тоа?
Јас јадам многу брзо, он 40мин. Кога ќе се најадам почнувам да му собирам се од маса, од салата, тањир, чаша за да не заглави седнат. Лабаво си уживка секогаш, а јас некогаш за да стигнам се фали да се удавам додека јадам.
Море види проблем, завршил се човекот и зошто седи на маса да мези или да тепа време неможам да си поверувам шо читам
А да седи и таа? И никој да не мрдне, па децата нека си прават што сакаат, обврските во куќата нека чекаат, сите ќе си седиме со саати на маса, од таму во кревет, после работа пак на маса... УбаЈни.