Ај тоа ама кога ќе добиеме поклон за малата ,тој моментално заборава што добила и од кого... Пример имавме гости и дадоа на малата поклон облека и ги бендиса тој ги виде,заминуваат тие ја облекувам малата и ми вика а овие се тие тренерки сега што и ги донесоа така да секако
На кромидот вика лук мојов . Колку пати иам згрешено така со јадењето, незнаејќи на шо мисли. Еднаш имаше рана на раката или му беше издуена, и он скушнал од некаде дека се става кромид на раката и се заврзува. И ми вика донеси ми лук. И јас му сечев лук, се убив сечејќи, му носам и вика абе шо е ова ти кажав лук да ми донесеш. Па викам ова е лук, глуп еден.
Еееее да. Дај ми младо лукче и јас му давам. Абе не ова, млад лук. Па еве ти бе. Мислеше на млад кромид.
Спремни за посвечен настан, ќерка исто во свечено фустанче Јас: уште обувки да и ставам на Х и тргнуваме Мм : кои, црвените патичиња? Ај што ќерка нема црвени патичиња, туку и патики не доаѓаа во предвид за настанот. Јас: не бе, какви патичиња, балетанките Мм: кои се тие такви? Јас: црвените, со ремче, на таа и таа столица оставени Мм: е па од старт на тие мислев Јас ги класифицирам јакните од ќерка, на мантилче за дожд, скафандер, тексасна јакна, полнет елек итн итн Маж вика, ова тренерчево да и го ставам и некое рандом од сите бира што плус не е ни тренерка. И затоа сега купувам во различна боја, плус со различен лик од цртаните, па кажувам, ќе го носи пример тоа со Мини Маус. Или жолтото или тоа со Елса и така се разбираме ко луѓе. Дизни ликови барем ги изучи.
Исто исто скроз. Не до 20, туку до 22 часот е ручекот. Му имам кажано, така бил навикнат, не можел. Додека се мези си пинува. Не се опива, не е пијан да не ме сфатите погрешно. Ти маж имаш дома? Што бараш упорно во темата?
Море мајката Ај навикни се и ти така од утре, седи си и за се што треба праќај го, за дете, за вода, за додај по желба Може убаво е да мезиш 10 саати, од кај знаеш. Немаш пробано
Хахах како можат толку саати да седат на стол бе. Ќе се вкочанам. Нема шанси да ти седам на стол толку време.
Затоа и не сакам да одам по гости, повеќе од еден саат не можам да седам, се здрвувам на стол, подобро да завршам некои обврски отколку да седам толку на стол, јадам и станувам, не знам како не ги болат нозе виснати на стол.
Оффф јас незнам како ќе се разбираме за вакви работи, ама битно после 5 месеци, научи каде стојат лигавчињата. За облеката, еве уште се учиме. А дури во 6 фиоки е сместено тоа што носи секојдневно. Во ШЕСТ.
Кога сме кај мезењето и мојот беше таков пред детето. Чудно ми беше и мене јас ќе станев ќе средев кујна чашата и на гарнитура си седев и така си муабетивме. Сега знае некогаш ама ептен ретко пример ќе избања и успие дете и ќе се врати на маса. Ме нервираше многу ама видов дека си тера обврските не е да одбива се и го оставив под услов останатите садови тој да ги среди во машина и да си збере масата. 2 пати се случи да не го направи тоа и си стоеја цел нареден ден на маса, кога си дојде од работа да си ги среди. Кажав дека не дозволувам пак, ќе лета со се тенџере се од тераса. За пазарење баш вчера имавме ситуација. Син ми болен јас закована дома со него и тој по работа ми пиши дали фали нешто. Пишам да земи банани ама ептен жолти со црни точки, претпоставувате веќе дека најзелените ги донесе. Еве два дена се караме за ова иако купив денес зрели јас. Нареден пат пак зелени ќе донесе, не прашувајте како знам Значи од исти квасец правени сите
Како го промени жити се? Исто и овој си ги врши работите, тоа го кажав, ама ќе стане ќе направи и ќе се врати пак, и така милион пати. Па јади бре да се среди маса, и прави нешто друго.
Јас ко ве читам си викам мори Тањо злато маж имаш, 80 % од проблемиве ви ги немам а се жалам некогаш Вечер ко ќе си одам едно пиво од срце ќе му отворам
Не го сменив јас, некако само по себе се случи. Уште кога останав бремена скоро секоја вечер околу 19 пешачевме и тој ќе седи на маса докај 18, ќе се истушира и ќе излеземе. После со бебе ја продолживме истата рутина и некако механички се одвикна не знам. Неосетно прави планови секој поручек испланирај нешто, идете во игротека, во парк и сл. Пример почни прво со план еден саат по ручек после зближувај на пола саат итн. Ова некоја идеја вака што ми дојде
Вчера беше да ми купи шампони, и наместо тоа ми купил спреј за ќелавост, и тоа не му беше доволно, денес отишол и ми купил апчиња ( ок се апчињата) и тоник за опаѓање на коса во МЕНОПАУЗА . Колку е глуп само, толку и го лажат .