Да ти преведам Он- дој на секс Ти- да дочистам, најди филм Он- не му е до филм, чека секс Ти- најде ли филм Он- оваа стварно мисли за филм ја викам , ај да испушам цигара, и ќе спиеме
Бибо, моето е сместено во 4 фиоки во организери поделено и уште на секој пат кога ќе го пратам по лигавче или тетра пелена МОРА да праша во која фиока се.
Ќерка ми има цел нејзин шкаф , а мм чорапите и ги става во мојот дел. Just sayin' , да не си најдеш тетра пелена меѓу маиците и да се чудиш од кај е
Мојот дипли и средува, а пак не знае моите како се распоредени. Не може да разграничи која маица ми е за дома, која за надвор, која за дотерување.....
Мојот кога дипли, е исто како на секнд хенд распродажба да сме по дома. Така што нека поминува со правосмукалка и џогер, алишта ќе си здиплам јас.
Мојот се ќе направи што и да му речам, никогаш не се буни. Сам тешко за некои работи да му текне, и сам ми вели се што треба кажи навистина не ми текнува. Ама за некои работи навистина не го бидува. Во плакар не знае убаво да среди,не знае ни да здипли убаво, јас сакам под конец да е, тој не, ќе здипли ама не ми се допага. Ама затоа кога патуваме не ми дава јас да пакувам, тој убаво реди а јас кога почнам мислеш цел плакар сум понела и за ништо нема место. Поубаво пегла од мене, убаво чисти, ама не знае да готви освен 2,3 јадења кога стварно не можам да готвам па тој презема. Салати поубаво сецка од мене, јас само ги зачинувам. На почеток сакав се да му текне што треба и како да прави. Тоа првата година во брак и многу ме нервираше. Корпата за алишта ќе ја одмине нема да му текне да ја постели. Се помирив и сега вака функционираме, јас кажувам а тој не се буни. И секогаш треба да му потенцирам во машината дека може да нареди. И што и кога нареди после се нервирам како е наредено, пола садови нема место како ги распоредува Ама пак не се жалам се надополнуваме Освен во ПМС кога ме нервира се што прави, па дури и кога морам да му кажам дека нешто треба да направи инаку не ми смета што треба да му кажам, ниту пак тој се буни
И мојот сопруг дипли алишта. Подобро од мене ги дипли Пред некој ден ме изнервира за едни документи. Знае каде се. И пак прашува. А секој документ е во посебна фолија. И плус.... Потпишани се фолиите
Маж ми знае каде се сите документи, он ги крева и распределува. Он вози, он пазари, ако не можам и јас со него да одам, оди сам. Готви секогаш кога е он втора смена на работа, пушта машина, пружа и собира алишта, он доле усисува и џогира. Е, ама кога ќе седне да гледа тв толку ме нервира значи. Веројатно се жали од мене негде, во некоја група за испукување од жените.
Некогаш си врти тв онака без посебна цел у позадина, и од тие филмовите на тв1000, ги знаеш сигурно, што ги даваат по 1000 пати. Абе 1001ви пат ќе го гледа Мумија и ќе искоментира Колку е прејак филмот
Јас овде ко ќе читам глупости му сметало оти гледал некој тв или гледал у ѕид а несмеело, уште поќе си ја засакувам самотијата, убајни ми е ејј ни ми јачи ни ништо
Повеќето работи кои ги пишуваме се во позитивна смисла ,сите на секој можеме маана да му најдеме дали е сопруг,брат,сестра ,родител...така да не се потресувај