Баш такви се. Барам Биодерма и таа ме убедува за друга фирма, која имала исти состав како Биодермата. Не жено несакам. И пола саат ме убедуваше. И за Слипи пелените ауууу. Отров се.
Аиии па што ќе биде сега со корејската козметика,уложил преку милион ипол евра и дур не ја продадат најубаво да не влегуваме.
Јас имам аверзија кон Фрезидерм ради нив. Тапан главата секое влегување. Дај те ми паста Лакалукт ама на Фрезидерм е подобра, дај те ми Веледа за газе ама на Фрезидер е подобра, дајте ми за сунчање Мустела ама ама аммама..... Може се добри производите, немам појма, од инат не им ги купувам.
Одам да си купам нивеа анти ејџ 40+ што е,значи таа ја користам долг период,а она ми вика има на геровитал иста,земи си од таа,викам аа не не,нивеа сакам,ама зошто добри се и овие,почна состав да ми кажува.. Жено маани ми се,дај ми нивеа и готово,си реков во себе.Напаст голем знаат да бидат.
Вчера го тупеа за витамин ц,дај ми од 1000 ама имаме други ама јас овие ги сакам епа добро овие ви се 70,ако ќе си ги платиме фала пријатно
Добро прашање, и мене неможат да ме натераат да купам Еднаш, еден циган го натера маж ми да купи бричеви а он не се бричи, со машинка се струга.
Јас кога бев во Мк влегов во Зегин да купам влошки. Беше недела и немаше во близина отворена продавница. Аптекарката ми ги дава влошките и ми вика Какви витамини пиете? Значи.... Секогаш мора да нудат нов производ И маж ми е ист. Кога имаше стомачен вирус отиде на лекар. Му реков да не оди во аптека да купува пробиотик. Како да му реков да влезе. Нормално, му дале од поскапите пробиотици
Ова исто како кога бев бремена, ми ги понудија најскапите пробиотици бла бла, пола саат ме отекоа. И викам а душо, диастоп може ли за трудници? Па да може, ама знаеш…Викам знам знам, дома имам цела кутија Диастоп, ќе си земам од него.
Најмногу се нервирам кога „ми мери“ минутки - во смисол тргни сега и за 5 минути си таму. Јас му викам ако имам авион, може ќе бидам... ако летам. Си признавам дека сум некогаш влечка, ама пак тој многу нереално го смета времето и со некој свој аршин. Едно време ми викаше пат што јас го возам за 7 минути ти го возиш за 15. Епа затоа викам ти имаш куп казни а јас ниедна.
Исто.. јас ко ќе го прашам Колку минути има до таму? И ако каже 15, рачунам 25 дека ќе одам. А ако одиме заедно, стигаме за 15 оти трчам по него. Еден метар му е чекорот.
Чукната си целата. Едно метро му е чекора и на мојов. Предизвик ми е да правиме слични чекори, се черечам целата