И мене чекорот ми е 1 метар, сите пониски луѓенца шо се дружеле со мене ми имаат викано да намалам гасот, ама како да намалам кога тоа е моето нормално одење . Е ако земам брзо да одам.... И многу се нервирам кога некој се влече по патот, посебно ако некаде се брзам а они како мртовци одат пред мене, ми иде да ги турнам со долгава тешка рака за да поминам, ама ќе ме пријават дека сум користела ладно оружје . Маж ми за чудо побрз е и од мене . Никогаш немам сретнато човек побрзо од мене да оди, освен него
Ние почнавме да шетаме башка заради тоа. Не можам да го следам многу брзо оди..како кученце трчам по него Ама па затоа кога вежбам дома, посебно кардио, не може пет минути да ме следи
И јас одам брзо. А маж ми се влече како полжав. Секогаш му викам Мрдни малку. Како дедо да носам со мене
И за провен витамините и пробиотикот. Досадни скроз. Еднаш влегувам во зегин со бејби лав пелени во рака од дм. И кога почна таа вработената колку пари ги зема? Овде да пробаш бејби лино нови се овие не се од тие старите друго производство се. За две пелени гратис играчка. И за се нешто кога идам вака одма замена ми нудат не сакам да бидам непристојна ама само од нервоза им се насмевнувам цинички Не, дај ми тоа што ти барам. Ваљда погледот мој кажува се, па се повлекуваат
^ Не сум знаела од Зегин дека работат така на процент. Кога си вратам филмот еднаш пред неколку години една ми предложи коректор од Фризидерм ја барав друг и рече дека состојките се подобри. Сега па ич никој не ме убедува, на куп витамини што земам никој досега ми нема спомнато што е подобро. Што ми треба барам, ни не прашувам. А ќе речеш да те советуваат. Некогаш стварно ни треба совет за состав, лекови, дејство и да ни тупнат нешто што врска си нема стварно е мизерно. За кај докторите знам дека е така. Одамна си имат кај нив на биро она од кое земаат процент.
Не сум лута,од една страна убаво е тоа што го направил,а од друга страна се осетив понижено,глупаво нејсе ми рече дека година ипол секој месец од плата си тргал на страна пари за да си купи нова кола.(Имаме две една негова,една моја).Јас смотана нити денар немам кренато на страна
Ако парите се рационално чувани и потрошени не се лути.Јас многу се нервирам да кажам на мм колку имам во новчаник или на сметка зошто секогаш кога ќе се пофалам дека сум заштедила ни излегува непланиран трошок и одат парите.И затоа му викам не гледај не број кога ќе ги сочувам доволно за тоа што ни требаат ќе ти кажам.
Убаво доаѓа бонус на плата, ама сепак имаат и голем притисок да форсираат одредени производи, не дека уживаат во тоа да бидат досадни.
Nema nisto loso vo toa, i jas si trgam pari na strana ama ne kazuvam kolku . Sekoja zena treba da si ima budget odelen od mazot .. ete utre ke sakam nesto da kupam sto nego ne mu prai keif i namesto da se moljakam ke si go kupam
Да во право си скроз,затоа и се осетив глупаво.Оти он си тргал пари за него да си купи тоа што сака,а јас немам ни денар на страна,стално кажувам колку плата сум земала,колку имам на картичка.. 10год сме во брак и се договориме дека нема мои,твои пари,заеднички се и јас го поштував тоа..он го прекршил со тоа што ставал на страна без јас да знам..да ми кажеше дека сака да собира пари за нова кола по океј ќе ми беше
I nie imame zaednicki budget , plus si sobiram na strana , eve k15 mi bese skoro cela plata i voopsto ne kazav deka sum zela . Ako treba da se vlozi vo nesto pogolemo normalno deka ke gi dadam i tie
Не знам зошто ти е проблем... Колата не би ја користела и ти или заеднички да ја користите? Ние имаме заеднички буџет, од неговите пари зошто се повеќе, зборам општо плата, се плаќаат поголемите работи, од кај мене се пазари. И јас имам мои заштедени пари и он има негови заштедени пари. Одмор најчесто едниот плаќа смештај, другиот пазари, става гориво и плус вадиме заеднички пари за џепарац. Договор си е договор, ама не би се налутила ако он си сака свои пари кои за него ќе си ги користи.
Проблем и е зошто го направил тоа преќутно, без она да знае. Можел да и каже така и така е, ќе тргам пари на страна за тоа и тоа. Членката сметала дека имале отворен однос во врска со финансиите, а се покажало дека не е така. И нејзината реакција и чувства се сосема нормални и оправдани. @Bettina23 а ти даде ли причина зошто тоа го направил? Зошто не ти кажал?
Види проблем е, голем, ама се знам јас лично, би им нашла чаре на парите одма, па затоа не ни прашувам кај мм колку е заштедата. Може жената не знае со пари па затоа мажот премолчал. Може жената е скржава и затоа мажот премолчал.
Аха, значи женава е крива што мажот и криел пари на страна. Он го прекршил нивниот договор и транспарентност, ама она е крива. Или да гледаме вака, нејзините пари се трошат, зошто она кажува транспарентно колку што и како, а за сметка на тоа, он од неговите пари си тргал на страна? Интересно како ја окриви женава одма. Фактот е дека он ја прекршил довербата, тоа е она што го знаеме, си се испука жената од мажот, и тоа со право.
Не реков јас дека е крива жената, кај реков, ај прочитај убаво горе, се ставив јас во ситуација ваква, не велам за жената. Може пишав, жената не ја кажа цела ситуација тука, од кај знаеме дека не е таква ситуацијата, ги троши сите пари дома и нема никогаш да соберат пари за нова кола, па се снашол човекот. Да жената нема за јадење, да не дава пари дома за сметки, да не дава пари воопшто, децата и жена да се оставени сами на себе, разбирам. И пак ќе речам, ние не ја знаеме целата ситуација, затоа од оваа гледна точка не можеме да речеме дека жената е крива, мажот е крив. Мое мислење, не мора да се сложиш со мене ни ти ни жената.
@RainBow ми кажа сосем случајно,имаме уплатено за одмор и зборовите беа како не се секирај ако во случај ни зафалат пари имам на страна тргнато за друго ама ако треба ќе земеме и од нив.. @AngelOfArh на првиот пост пишав дека сметам дека убаво направил што заштедил само едноставно се осетив како "изневерено" заради тоа што имавме договор дека нема мои твои пари,трошиме,штедиме заедно..
Искрено и јас би се налутила. Не дека тргал настрана, таман работа. Туку дека не бил искрен, особено јас ако сум искрена цело време. Јас би го прашала зошто штедел преќутно? Зошто осетил таква потреба да не каже.... Тука лежи проблемот.
Пак ќе ти речам, не те напаѓам, ама размисли дали и колку си ти економски писмена се вика тоа во денешницава. Не ти ги сокрил он тие пари, пак се за заеднички трошок и дури е спремен и да пренамени од нив во друга намена пари. Јас би го прашала зошто ми сокрил ако имаме до толку отворен финансиски менаџмент дома, мисли дека не сум способна да заштедам или што? Ама не би се налутила бидејќи мојата плата е една четвртина од неговата и да сакам не можам да постигнам да тргам на страна за такво нешто.
Што јас да прочитам? Еве, ти прочитај што си напишала. Ја направи женава да се осеќа виновно што маж и криел пари од нејзе. Ова го пишуваш, па после ова Сега, и ги сокрил или не ги сокрил? Не е во ред постапката и толку, кратко и јасно.