Да тргнал маж ми пари за нова кола ќе го сакам уште повеќе Ич не би му се лутела да трга на страна. Дури и да незнам. Е ако ги трга за швалерка, би го убила, ама за нешто од кое сите би имале корист не. Кога работев во една фирма, имав убава плата и тргав на страна. За кога дојде време да притребаат, му кажав и немаше лутење.
Ијааа како ме нападна ко божем јас сум мажот или недајбоже со мене ќе ги троши маж и парите. И јас сум за отворена економија, но секој да си има свој сопствен буџет за сопствени потреби, во 10г не сум купила досега ни едно пакување влошки од заеднички буџет, си имам свои пари кои ги користам за кафана, влошки, шминка, облека итд... А исто и маж ми, има сопствен буџет за фудбал, негови потреби, облека, козметика... Не знам зошто мислиш дека ја напаѓам или и направив да се осеќа криво, жената баш фино ми одговара, комуницираме, не мислам дека ја нападнав. @Bettina23 еве извини ако направив да се осетиш криво, не мислам дека си нит глупа, нит крива, нит треба да криеш нешто или треба да ти крие маж ти нешто.
Сите сме различни, ама во брак секој посебно пари не ми оди, освен ако едниот не е проблематичен па да мора. Јас имам картичка од неговата, он од мојата сметка. Секој си троши за свои потреби од заедничките сметки. Без правдање и сл. Не е битно кој заработил месецот поише... Сакаше да смени кола, седнавме се договоривме дека ќе тргаме поише настра. Ова супер функционира кај нас. Мене ми е незамисливо да криеме пари еден од друг...
@AngelOfArh не е проблемот во тоа дали имаат посебни буџети, заеднички буџет итн... не е тоа важното. Важно е што тој не испочитувал договор т.е. скришно од неа решил башка буџет да има. И не, не е во ред. Лажгата.
И јас би се налутила ако маж ми крие пари од мене. Парите во брак се заеднички. Многу е ниско да и работиш позади грб на партнерката. И обратно. Така почнуваат проблемите. Сега се пари. Следен пат ќе биде нешто друго.
И јас би се налутил ако крие некој пари од мене. Не е во ред во брак да се кријат такви работи. Парите се заеднички и треба да се трошат и да се чуваат заедно на купче.
Денес пари ке скрие Утре тие пари за комар дрога курви ке ги даде Така оде тоа Од ситно почнува Намерата е битна
Шо не тргне маж ми за кола пари настрана без да знам Па уште и да ја купи без да знам лелелеле абе да ме плукате ако ме има во темава. Никад нема да се пожалам веќе И кај нас нема мои твои, има само мои пари Мои затоа шо ако му ги оставам на него, може цел Тему да ми го купи и ме нервира
Маж минатиов викенд го откри Тему Не е лошо сите пари да станат мои. Не дека јас не порачувам де, ама обавезно си кажувам оти е задолжен да ги зема пратките од карго.
Со лесно Колку јаки работи за колата имало да знаеееш Му викам Јас умирам за нова кола да си купам, ти за оваа кола глупости ми купуваш. Вика Па може ќе ја засакаш колава ако е наџиџана И како да не му ги земам парите после
Маж ми па не дава да порачувам, не му верува на Тему. А и мене ми е шубе малку на сметките имаме голема сума на пари.
Јас така си земав Геровитал и стварно ми се погоди, буквално по грешка земено само да ја заќутам дадичката.
Значи исти се сите, жими се. Лед сијалички за кола, капачиња за ѕивани, сијалички за регистрација, маркер за гребнатини, нешто за бандажи да светеле......викам има нешто за доброто на фамилијава во следната нарачка? Има вика....кош за децата...толку...
No me interesa nada Сестре, канта на сензор добив за доброто на фамилијата. Канта бе Многу била јака. Кантата. А колата шо свети ко бугарска певаљка у биртија, друг муабет
Сега гледам што сум пишала. Планинарење де. Преевтини биле работите. Алооо планини ние само на слика гледаме, не да планинариме.
Те разбрав, планира тој ама џабе Мојов само летнат некаде со паметот, де Берово, де Пониква ( Фала Теа, читав за апартманите во друга тема ) , де море да сме планирале. Ај ќе биде
И мојов трга, ама па јас знам. Трга зошто имаме 3 деца.. а он е со поголема плата. Тие пари што ги трга се за родендени, за некоја заедничка шетња плус каде ќе потрошиме можеби повеќе пари, за некоја работа поголема ако ни затреба (да не зимаме на рати) итн. Е тоа што не ти кажал, не било океј... Ние заеднички трошиме пари, само јас не тргам како него на страна толку. Имам нешто, ама постојано го обновувам и трошам тоа