Нели Јас не би се налутила... Се додека не сме трпеле, сме си дозволиле се.. а он тргал на страна, е океј. Некогаш возејќи ми дал да проверам колку пари останале (на пазарење кога одиме), па ќе фрлам поглед на другава сметка и му викам Опаааааа.... Не глеј таму ајде, другата сметка горе види колку има После па ќе ми рече, што е нешто ти треба? Сакаш нешто да купиш? Не бе викам, онака се шалев Ама незнам нормално ми е вака да функционираме. Јас со мојов факултет и работата која ја имам, далеку ќе сум до неговата плата и не можеме да се рамниме... па да се споредуваме, да си враќаме. Па не бива па и едниот ако има голема плата, другиот ако има помала... едниов да се луксузира.. другиов да трпи. Брак, заедница е тоа. Какви посебни буџети.. Незнам тоа е мое мислење. Среќни, 10г+ живееме вака
Мм па не купува "глупости" за колата, од нет па не ни сака, освен што ја носи редовно на сервис, гуми што менува, масло, тоа што е потребно за колата. Е јас сум таа што ако има гребаници ме нервираат, еднаш одамна порачав таков маркер за гребаници. Ама тоа е, не може без гребаници и си го прифатив тоа, не можеме колата да ја чуваме во стаклено ѕвоно за да нема гребаници. Оф топик:пред некој ден видов кола паркирана со навлака само на совозачкото седиште со девојка, се извадив од памет, "девојката" не мрдаше, ова од далеку, инаку ми заличи на Агнеса , кога се доближив видов дека е навлака.
Каков е тој маркер за гребаници за кола? Мене ужасно ми смета, 2 пати ни ја гребат колата, 2 месеци откако ја земавме од салон имаше цела линија, па цело крило на мајстор средувавме. После некој месец пак. Има ли нешто ,, магично" или за секоја линија ќе даваме по 300 - 400 евра
Абе и по бензински ги има, во некои нијанси Покрива мали гребаници ако ја погодиш точната нијанса на колата. Другар исто некој цела страна му ја имаше изгребано со клуч, не успеа да покрие, пак се познаваше
Па има таков, јас многу одамна го порачав од една страна, сега мислам дека секаде го има, замаскируваше колку толку ако е помала гребаницата, за подлабоки гребаници не покрива. И мене ужасно ме нервираат гребаници на се'.
Јас зедов за бандашите ама џабе лаги со опашки. Инаку тоа гребаници такви не му се секирајте има љубоморни луѓе одма ги гребат, јас само што ја купив и паркирав нормално пред стан, вечерта некој ми ја поминал со клуч.
Мене па ова ич не ми е јасно, на секој што кажав ни ја гребат рекоа од љубомора. Мислам никако не ми оди во глава. Туѓа кола кога видам убава, што знам да одам да гребам, посебно некој што со пот си ја печали, некако болно ми изгледа. Да имам таква мисла или да правам такви работи, ќе се исплашам дали сум ок со паметот?
Ни јас не ги разбирам луѓето, кое задоволство е да уништиш нешто туѓо? Нас цела хауба ни ја изгребаа. Пред врата паркирана колата.
И на нас ни ја изгребаа колата летово. Бевме во Мк. Луѓево не се нормални На маж ми тешко му оди чистењето после јадење. Обавезно има трошки на под
Овде јас сум си љубоморната, сама си ја гребам Ама на другаров ПРЕД КУЌА , значи некој треба да скршне на десно за да му влезе пред дворот за да му ја изгребе колата. Као, глупаци се тоа. Не сфаќам кај е задоволството? Неколку пати сум кревала брисачи ко ми се паркираат пред прозор Ама до сеа не ми текнало да испогребам некоја кола
Pred nekoj den edna slaknatica svirese i se derese kako nezdrava nekoj i se parkiral nemozela da pomine gospoza pa celo maalo morase da go razbudi.
И барав на комшиката камера, демек не фаќало. А после кога ги опљачкаа и ми покажуваше видеото, видов дека фаќа. Ама наша Македонија е тоа и наш менталитет. Мислам како им работата мозоците: Еј денес станав и ајде да видам на кого денес ќе му ја гребам колата? Така ли размислуваат. И после што е целта и задоволството? Болесници.
Пф нас не имаат ограбено, комшијата над нас исто. НИКОЈ од улица ( сите се со камери ), не даде да видиме. Никој.
Стара жена е. Вака ок е, има луди идеи како на пример да сум и го однела кучето да се играат со нејзината мачка хахахах, ама не верувам дека е она. Баш безобразни деца има, алудирам на нив. Летоска со пиштол на дијаболи ми пукаа во дневна преку прозор. Фрлаа јаболки во двор…