Остави жено се така, легни си ти.Офкај си, речи не ми е добро среди ги ти работите успат нека ти свари и кафе.Не му давај време да има да седи на тел да муабети
И мојот правеше така. Ама еднаш му спискав. А бе ајде.... Што има таа да знае на што ги трошиме парите? Еднаш убаво дофрлив. Она му збори, а јас викам Да ни дадете пари. Ни требаат. Е да видиш како смени муабет. И сега кога и да се јави прво прашање и е дали сум дома.
Па тоа ради моментот да легне де, и демек нешто праи. Дури збори надолго и широко, нештата мистериозно сами ќе се направат. Познатата машка некомпетентност Му се острам на мојов бавча да му купам, маж без занимација е страшна комбинација. Залежаност исто како инерција е опасен физички закон. Можда и за жени е исто де, ама немам жена да знам
3 јајца ставив да се варат некни( толку најдов дома, грејната), тој ги пазеше на тивко за право, ии... ги изел вчера, и тоа фино лепо ми кажува: едно сабајлето, 2 вечерта.. Браос, холестерол ти се качи? .. Протеини му требале... Толку од мојот несуден декупаж, после немам намера да ц'цкам, на работа сум. Ај дс не пишувам безобразни ствари
Кај мене па обратна ситуација, јас ако се пофалам дека сме купиле нешто, мм ми вели што има да знаат.
А таман мислев одамна нема ништо на темава. Долг денов со маж, не сме ние за 24/7 заедно Шетаме преѓе со него и ќерка во чаршија. Завршивме се и ајде на кај дома, попатно ми текна дека треба да доземам работи од аптека. Врткајте се викам тука, одма доаѓам. Излегувам за 2-3 минути, од маж и дете ни трага, ни глас. Барам по улица, права меѓу другото со километри, не се гледаат. Ајде тргнувам полека, ѕвонам на мобилен, не се јавува. Карам се живо и диво во себе, вријам, во меѓувреме стасувам до дома и за некоја минута еве го. Решил да движи по споредна улица оти многу сонце на главната. Инаку спиеше ќерка во количка, за кратко дома се разбуди, ја зедов со мене, да ја измијам итн и викам собери ја количката и прибери ја. Долу во количка ранецот од ќерка од градинка, со сите работи внатре значи топ наполнет. Лонг стори шорт, сега го барам ранецот каде е, го прашувам и така лабаво одговара: Може ни испаднал некаде од корпата, што имаше битно внатре ... Јас вријам, како викам што имаше битно, цел ранец битен, не за друго, во градов, во неработни денови кај ќе барам ранец, за во градинка во вторник да го пратам детево. Да сме Ск, друго е. И погодете што, ја превртуваме цела куќа и мажот ми, успеал да ја собери количката со полн ранец внатре и да не му е чудно оти не се затвораат сите делови
Мене така ранецот мој ми го заборави во трговски во Солун си дојде човекот кај мене и го имав истото прашање како твојот што имало внатре важно ,демек зошто се испаничив за ранецот не е страшно мислам дека тогаш ко преживеа ќе живее уште долго
Ќе го задавев вчера лелееее 3 дена зборам дека во четврток имаме дешавка од градинка во 16:00. Ај погодете мајстори кога имал договорено брачниот другар. Од 3 пати, 2 пати во себе и ќе погодите Исто така погодете кој се јавуваше вчера у ниедно време да ги презакаже мајсторите хехехе. Да, жив е само заради тоа Треба фала да ми каже што му го спасив животот со тоа шо решив да не го убијам