Мислам дека до толку кој носи кој зима. Ама еве еден пример што го имам во близина. Женава породена, со царски, рана, мало бебе кое незнае кај се наоѓа уште и татково , мажот главен во семејство, од сабајле кога иде накај работа го носи поголемото во градинка и и вика земи го пред спиење, несака да спие. Како да оди она да го земе? А притоа неговата работа е таква, што му дозволува да може да го земе детето дал во 12, дали во 15ч. После имаш едно болно дете дома, а си сам во градот, баби/ дедовци , нема.
Разбуди дете уште во 5:30 во сабота. Уште демек ајде ќе си играме. Е ми доаѓа да го здробам, а културно си планирав бар до 8 да спиеме. Не знае овој мојов дека само за да спие дете што подолго и за во вц се стегам(е) и се со ред.
Запишете го и мм во жртвите на Зегин од три работи на список три други зел аптекарката што му предложила,греота била да и напраел промет можда биле поубави препораките нејзини од тоа што сум му рекла да купи
Истиот проблем и кај мм ама еве На пример: пробиотик за деца наместо во капки земал во капсули. (Еве ги стојат) Дали може јас да си ги испијам. Наместо Памперс 4ка бајби сензитив. Акција од 4 пакети ради играчка за детето од канбебе (замисли 4ри?)
Маж не е за да пазарува. Го праќаш по едно, се враќа со друго. Мојот има забрана да оди во аптека Дали вашите мажи ги користат закачалките само за нивна облека?
Само мојов е изгледа имун на зегинашиве или стравот го чува лозјето. 3 пати му имам спискано па се враќаше назад да смени и од тогаш си оди со слика што му е нарачано и знае не смее да дојде со заменско
Ќе имаме прослава дома и минатиов период како што стасував со време, правев колачи и во замрзнувач ставав. Утрово станувам да се спремам за на работа и гледам кутија што многу личи на таа од колачите, ставена во мијалник празна. Погодете кој си се гостел секоја вечер со благо. Маж И уште еднаш погодете кој ќе оди по слаткарници, да си купи веќе спремно благо за прославата. Одново маж Падна кавга утрински чисто ради ред, за убав почеток на денот.
Дома во фрижидер има кравјо сирење, мешано сирење и сирење три вида млеко, има и фета и моцарела за мене нели на режим, ама ај погоди од кое сирење јадел? Фета. Е добро викам имаш избор 3 вида сирења, мораше ли од фетава, па глупо ми е да кријам храна дома! Ме мрзеше да отворам друго, твоево отворено беше... Абе викам кажи бар кога ќе изедеш да знам да земам да купам ново, а не да спијам на уво дека имам. Стави си ми вика мешано. Ќе ти ја замешам викам ја на тебе глаата у кофа пуна вода некој ден, ама кој ден да знам само.
Хахахахахаха врв ! Ти нашол решение и на вас жените не ви се погодува Мојот ќе го застрелав завчера пазарев со бебе количката доле претоварена, работи за фрижидер свежо месо итн му давам да јаде на бебар, го успивам се враќам за 1ч погодете кој си го земал млекото за кафе од количка и не ги раздигнал стварите?! Добро бе викам не можеше да раскренеш се? Само направи ух..... гилти фејс и си преќуте