Јас у знак на протест шо не си ги собира дуксерите и има по еден насекаде, (дури и во кола) почнав да ги носам и да си ги ставам за перење ко ќе ги износам. И ко ќе го сака баш црвениот дуксер шо стоел на столот у дневна, носен 5 дена, у корпа друже. Јбг
Јас еднаш му фрлив гаќи. И тоа нови беа. Наместо во корпа, он ги ставаше до корпата Два пати го опоменував и третиот пат им го најдов местото. Освен закачалките во спална, како закачалка му служат и рачките од плакарот. Шест закачалки во спална. Закачено е следното: 1. Долна тренерка 2. Дуксер 3. Блуза 4. Јакна 5. Елек На едната јас ја закачувам јакната. На плакарот има 3 рачки. 1. Маица по кратки за надвор 2. Маица по кратки за по гости 3. Маица по прерамки И најбитниот дел - Чорапите ги остава на земја. Три пара чорапи: за по дома, за на работа, за шетање А има место во плакарот
А мојов изгледа ‘најкреативен’ од сите ќе излезе. Во ходник имаме доста голема прасе - касичка и он сабајле кога ќе излезе за на работа, пажамитите си ги закачува на ушите на прасето
Прво мислев дека случајно така завршуваат таму, дека може брзал, ама после неколку дена истото, сфатив дека тоа му е новата закачалка И еве веќе повеќе од месец дена трае, а мене од сабајле ми се стемнува кога ќе ги видам и само ги собирам и заборавам да спискам Баш сега му кажав, уште и така горд ми вика - виде, мојата нова закачалка
Не се 'дотолку' мрзи само како човечки битиа сите си имаме фалинки Да беа дотолку, не ги зимавме @SummerGirl чорапи фрлив неколку пати. Ги шуткав натам навам, завршија у канта
Everything can be закачалка... И точакот на ќере си држи работнички алишта при перфектна закачалка на врата. Ама Да не мешал прљави со чисти алишта.. ај ок. Нека е така
Lunce sto majstorisese tvojot ? Bravar ocajno baram nigde nemozam da najdam mi treba edna susarka na terasa pod itno
А јас прво сфатив дека се сопнува од ушите и си ги поткачува пижамите на нив , колкави уши има тоа прасе бе .
Мојов ги остава работничките на земја одма до креветот во спалната а неколку пати и патиките му ги најдов таму, викам шо е ова бе, вика ами сабајле кога ќе станам право да се облечам и да терам на работа. Видиш шо ти е маж, брз и ефикасен, а не како мене пола саат да барам по шкафови и витрини шо да облечам. Туку дојдов од сама себе да се испукам, имам еден голем канцелариски стол на кој ги обесувам сите по еднаш носени алишта шо не се ни за во шкаф ни за перење. Мајко мила кога ќе се соберат....
Е јас тие еднаш облечени што не се ни перење ни за плакар на даската ги редам, како вашите мажи сум . Ама стварно не можам да им најдам чаре .
Пред да заминам на спиење се изнасмеав слатко! Сите мажи се исти. Мм нема закачалка,ама затоа има 6 трпезариски стола,на сите по нешто оставено Секој ден му цикам за тоа,и пошто веќе немаше одговор ми рече дека столовите не требале да бидат навечер празни. Викам зошто?! Па така вика,ако дојдат навечер духови и демони нема да има кај да седнат. О боже,којзнае што ќе му текне следниот пат