Маж ми секогаш кога е болен се жали. Ама последниот пат беше врвот. Леле готов сум. Ми се ближи крајот. Ќе се спасиш од мене
Една чета деца болни ќе чуваам, маж ми здрав и жив да е. Нема полошо. Јас пијам бруфен и вентор, и продолжувам со живот. Он апови, спрејови, облоги. Повеќе гледам здраво да јадеме за него, него за дете. Само здрав да е.
Не се зафркавам. Не Дај Боже да е болен. Мислиш крај на светот дека е. Лежи во кревет и само се жали. Што ме снајде? Кај баш на мене ова да ми се случи. Леле што ќе правам. Му викам Кога на мене не ми е добро јас не се жалам како тебе. Он ми вика Па ти си женско
мојот лежи укочен во кичмата и нејќе да се напие кетонал пошо мајка му му кажала дека многу биле јаки (никогаш во живот не се напил ), а јас редовно се укочувам на пример, мавам кетонал и дијазапам и продолжувам со животот еднаш направи сообраќајка, го собраа на мотор, го набија на ѕид и кривише 10 дена, едвај го убедивме после 10 дена да отиде на лекар да се сними откако отече цел заб кога го боли, исто така не пие апчиња и не иде на забар, трпи со месеци, додека не дојде моментот кога не се трпи
И мм не пие апчиња ич, аналгинот го дели на пола веќе коа стварно го боли многу . Ама секоја недела му е лошо ,коа ќе легне и крај ко умрен е , свекрвата вика да викниме брза помош синче многу си бледд....
Криво ми е да се жалам од него колку добро се покажа откако се породив, ама вчера ме усреќи. Правам ручек за него и ќерката, мислев за тројцата ама ми побара точна грамажа (на некој режим е) и ми искочи малце. Заспивам бебе, и почнувам да правам пинџур за мене. Речиси готов, буквално да се допржи уште 5мин максимум, бебе се буди, он го зема, бебе плаче дека нели недоспано. Му викам глеј го јадењево да го презаспијам бебето. Го заспивам за 7 мин, искачам и јадењето ми е кафеаво. Ми го изгоре. На крај сите ручани, јас леб и сирење да јадам. Абе некогаш полесно тодлер ќе оставиш сам него ли маж. Зашто сум му дала да пржи пинџур, никогаш он тоа не правел во живот. А од нас двајцата он многу повеќе готви. Кога ќерката беше мала, му подавам пижами, му викам облечи и ги, јас отидов да се бањам. Се враќам, малава со алиштата што ги носеше плус пижамите одозгора. Објаснувањето беше дека сум рекла само облечи и пижами, не сум напоменала соблечи и ги тренерките. Не знаев дека на високо образована академска личност и треба step by step инструкции за облакање пижами. Седењето во вц со саати стандард. Ќе се изненадам ако некој маж е способен да се исере за 5мин.
имав спонтан во 18 недела, имав индуциран пораѓај, не знам шо се не ми направија, после тоа секој ден по лекари, гинеколози, се живо испитав, он требаше спермограм да направи само. отиде, му се јавувам како пројде? ми вика шо да ти кажам, се онесвестив и ја му викам како бе се онесвести?? вика епа отидов таму и требало прво крв да ми земат, ме боцнаа и ја се онесвестив не знае човек дали да се смее или да плаче
Не наседнувај, ова се трикови од памтивека, за да се покаже како некомпетентен, невешт. Па ти веднаш да скокнеш, чекај, јас ќе направам... Напротив, ќе го пофалиш и ќе го охрабриш, браво душо, не се секирај никој не се родил учен, треба повеќе пати да се проба (ако треба и 5 пати ќе пробаш, кажи му го ова и гледај под око како реагира) и нешто во тој стил.
Не сум ич тип што ќе му се замара. За ситуацијава му се изнасмеав во фаца, бидејќи мене ако ме прашуваш само глупав човек облака пижами за спиење над алишта. Како пижами да се некој вонземјански концепт што првпат го гледа. Да видиш како си ја соблече и пак ја облече малата како што треба. Во последно време немал некоја таква тешка глупост направено, ама затоа глупи прашања... кај е лебот? Не знам ѕирни во спална да не е. Ко божем на 7 места чуваме леб. Или чаша, или сирење или папучи. Прво прашува кај е, па отпосле почнува да погледнува дали може сам да го најде. Затоа си одговарам не знам, ти кај мислиш дека е? Па сам си сфаќа колку му е глупаво прашањето.
И мм има такви испади скоро секој ден ,не ме чуди ништо веќе . Пред некој ден бевме да пазариме и си доаѓаме дома и сеа распоредуваме стварите ,му викам Земи го прашакот и орнелот ти ,однеси ги и он стои до мене и ме гледа *А кај да ги носам? Па не знам кај да ги носиш , ваљда за во фрижидер се . Или *кај да го ставам млекото ? можиш слободно до шолјата да го остајш .
Ние навистина ќе се разведевме неколку пати Прво имаше некој период на агресија,слушакќи ја мајка му па викаше зошто до 16ч сум била на работа значи во 16 :30 требало да сум дома. А тој период автобус нигде . Па кавги, за други некои такви ситници тој место со разговор со викање тераше. Е еден ден го седнав и му реков следниот испад за инат ќе те провоцирам да видиме до кај ќе стигнеме. Иии оп некако се свести фала Богу. А вака сакам да го разведам оти јас ко ќе ја искарам нешто малата он се расправа со мене и она полека учи дека така може да манипулира со нас... Сакам да го разведам и заради телефонот милион пати зјапа и не слуша шо му зборам иритира едноставно .
Читај и смеј се на туѓите маки сестре Сабајлево пред да излезат со ќерка викам Ве сакам, и ѝ вика на неа "Кажи и на мајка ти дека ја сакаш". Викам а ти да и кажеше на мајка ѝ дека ја сакаш прво, за да научи детето од тебе И двајцата во еден глас "Те сакам" Ќе ги постројам и двајцата ааа па Се да им се нацрта, обои
Ах те сакам научна фантастика е да се каже кај нас Оо чекај сеа ми текна ,некни ми вика зошто сум имала талку целулит он бил подебел а немал. Порано сум немала шо ми е сеа... Да ,уште е жив.
П.С. Ми текна друга тема за немажените, да видат дека не е се така црно и разведувачки "Пофалете се од мажот " Може нема да има толку мислења ама ќе има нешто од нешто
Кажа мажот, и остана жив Да земе да те гушне шо не си го мавнала со некоја тава Јас кога се жалам од стриите, ми вика "Еее види, види, и јас имам" Имаш, чувај си ги. Да се вратиме сеа на муабетот за моите