Да, да. Прасево се кае 100% што завршило во нашиот дом, си вика - овие изгледа стварно не знаат што ми е намената
Леле вака кога читам испаѓа јас сум маж во нашиот дом Он си има посебно место во гардероберот за работничките алишта и штом си дојде од работа таму си ги става уредно здиплени. А јас кога ќе си дојдам од работа алиштата на даската за пеглање ги ставам нездиплени. Чорапи никад не сум видела после соблекување на под оставени. Пред работа сабајле кога сме сите прва смена пижамите и ако има облека ја ставе во гардероберот и дневната ја среде у случај после работа ако намине некој да не ни била расфрлана.
Форумче ете го проблемот Мојов нема место за работничките алишта. Тоа треба да му смислам, закачалката на врата не е доволна А ние не си ги кажуваме мааните, штт Маргеее, од кај ја зема таа прасицата, барем фенси е
@LiquidLuna не е толку тажна праска како што изгледа на сликата Инаку подарок за роденден од колешка ми е, мислам имаш спомнато дека брат ти е во Германија. Во Müller ги има, ама стварно е огромна Година дена никако да ја наполниме, може затоа маж и ја сменил намената Спојлер: Среќно прасе
Да си го чуваш Мојот спаѓа во другата група..столови,даска за пеглање се му личи на закачалка,некогаш и на земја остава алишта ,ќе ги соберам за перење,па ми вика зошто сум ги испрала чисти биле
И јас оставам ако сум искрена, ама мм е рекордер. Последно најдов закачени на траката од ролетната, до толку што ролетната се спушти сама од тежина нели се опушти траката и... Купив убава една како закачалка за пешкири, епа на таа се има освен пешкири нели. ама мене обавезно ми урла за оставање работи.
Кога и да треба да се шетаме, значи толку ќе ме изнервира пред да излеземе значи страшно. И бебе ќе спремам, и јас ќе се спремам, и него ќе му испеглам алишта, амаааа важно со бебе цело време го чекаме у двор да се искака господив. Секое. Можно. Излегување. И после зошто не сум расположена ме прашува какачот. Ок.
Мојов па секогаш кога треба да излегувам за на работа тогаш му се прикакува, дете плаче по мене не можам да искочам, превозот ќе ми избега тој баш тогаш кака. Ми се има случено и да трчам за на работа ради него. Како да е програмиран мора баш тогаш да му се оди.
Јас мојот еднаш го прашав да не има запек. По 30-40 мин е во вц. Едно станување е одма какање. После баш кога ми треба за малата иде: Душо јас морам да одам до вц. И ете пак 30-40 мин.
Ако не беа двете вециња до сега ќе бевме разведени со маж, сериозно . Баш порани тоа погоре, иде во вц, пола саат ко ништо го нема, абе гз ќе му се залепи за шољата.