Јас не сум цвеќе за мирисање, ама погоре што читам какви мажи има, си велам добар сум, 30-40 мин во wc, па каде ги ставаат алиштата, па ги чекале во двор со дете, не ми е јасно како издржуваат, алал да и е на тие жени.
Исто. Се мислев дали пишам за тоа. Аууууу.... Како ми иде на нерви. Таман да излеземе Ми се оди во вц Му викам Па што не отиде претходно. Он Па не ми се одеше А сме имале и ситуации да излеземе и да ми рече Да си одиме дома. Ми се оди во ВЦ
На нас телефоните ни се пред веце, само јас се бањам со музика од телефон иначе ќе се заборавиме како изгледаме
Исто. Фала богу што имаме тоалет и гостинско. Некогаш се случува да заборавам дека е дома кога ќе отиде во вц. Инаку најнова закачалка му е креветчето на бебето.
Јас изгледа не сум маж, скоро излезен само слекувам гајчи не седнат на шолја готов сум. Ако се оженам некогаш, ваљда нема да имам проблем... или би имал, таман би си рекла од овој че олабам полсат во ВЦ че биди, јас оп за 3 минути излезен.
Признај сите трикови од фемина ги имаш научено, жената ќе треба да не благословува овде сите "напатени" од мажите 101 Фемина чекор до совршен маж Мојот прво кака 40мин па се бања во полна када уште 40 ако задреме 1.5ч
Maz ureden e za alistata epten retko se desava da gi ostavi kaj so ne im e mesto, za banjanje 10 min a za kakanje moze da zaglavi 30 min ama jas bi go razvela za sobnite papuci sto nikad ne se na mesto 3 para do sea mu frliv vo kanta a so ovie letaat po nego znaci ednas na nesakajki ne zavrsile na mesto
Софија ќенка за свашта денес и мм ми вика Леле детево колку е нервозно. Исто мм 10 минути подоцна се нервира зашо некој сајт не му отвара. Окс. Пошо детево е нервозно нели Јас правам ручек, салата, местам маса, тој успива дете. И ми пишува колку е нервозно детево. Браааачен другару, карма.
Јас една зима му ги сокрив на маж папучите, ги оставаше дека му текне некој очи да извади ако не ги виде. За дете ми беше страв дека беше мало тогаш. После кога примети дека ги нема, ветуваше дека нема така да ги остава, ама затоа што беше коска, спратот под нас не го грееме, иначе немаше брда и долини да ветува. Му ги дадов ама кажав следен пропуст и без чорапи на минус ќе шета
И мојот знае да приостави кај било де дуксер де тренерки, и одам собирам отпосле. Најчесто си закачува на врата во спална, тоа што носел дента, и си става облека за дома. Зашто кај нас си имаме правило и за нас и за децата, една облека надвор, друга за дома. Е некогаш знае носеното што веќе смрдувка да го закачи и тоа на закачалка во спална па да го видам отпосле. Или смрди корне на пот а го ставил како демек ќе го носи уште, влегуваш во спална и нос те пече од миризба. Друго ме нервирка што зема зеленчук од фрижидер и ако последното парче во најлонче, најлончето го враќа во фриџ празно! И гужва од најлончиња се прави. Главно вака за педантерија и навики сме слични или па добро сум го дресирала годиниве. Капакот од вц го затвора пред да пушти вода, тоа ми е битно, не остава чорапи било каде, знае и да зачисти згора згора, арен е. Е, п.с да ви кажам една идеја. За носените алишта по еднаш, што не одат одма за перење нели, ама не се ни за во шкаф, пример фармерки си седел во автобус и сеа да ги прибереш во шкаф? Не оди, нели. Е, јас си имам скала, со 4 скалила, со простор меѓу нив, и таа ми служи за обесување носени алишта. Зад врата ми е, потпрена на ѕид, додаток е во ентериерот, како декор исто. Од дрво е. Многу убава. Ем алиштата префрлени ем не се гужваат ем нема по столови. Земете си од негде.
Баш купив таква скала за таа намена... ми ја присвои ќерка ми Чекам да видам дали ќе ми ја врати, или нова да купувам
Каква е таа скала, може ли слика? Јас си купив табуретка на отварање баш за вакви алишта. Пола дел за мене, пола за мм.
Табуретка е супер идеја . Мислев јас и некоја клупа за спална со простор за пикање ствари ама уште си играме лего со мебелот, наваму натаму.
Не е за да се испукам ама умрев од смеење ке ми умреше мм за малце Си чувам јас така работи како за спомен па така и во една кутија си ги чувам двата тестови за бременост позитивни од пред 4 години,и малава си чепкала си ги нашла и доаѓа да праша што е ова?! И готово пребледе човекот ,пранк не планирано
На зима можеш да си ја ставиш покрај елката и дедо мраз да си го закачиш божем се качува на врвот Мојата скала е ваква: Спојлер: Скала закачалка :)
По се изгледа само кај мене е обратно. Јас сум обично таа што си прави хаос, а мажот ми сака се да е под конец.
Јас за мм немам нешто посебно да се пожалам. Ама за хрчењето вреди да се разведам ? Таман сум заспала и почнувам да сонувам и он ми се бута во сон со тоа звукот негов ко моторна пила да има приклучено. Многу ме нервира со хрчењето