Хаха како ме сети Тоа и го правам бидејќи ќере спие со нас и за да не ја разбудам со нога го клоцам додека се разбудии, топ не го буди И замисли добивам коментар од тебе не можам да спијам. Мислам хелоу
И јас сум тука со хрчењето Па ко ќе ми рече ме клоцаш не можам да спија ми иде да го тепам. Инаку еден период намали со цигари и ич не хрчеше... не знам дали е до тоа ,секој ден зборам да намали.
Дојдов да се испукам. Малку задоцнив, гледам толаетот веќе поминал на дневен ред. Што е тоа по сто пати по пола саат во тоалет? Аман бе мажу, па после толку се*ење не намали ни килце? "Ке одам да изгасам светло" - 40 минути го нема. Побрзо се тушира од што врши работа на шоља.
Темава си ја читам редовно и ми е најинтересна, морам да пишам и да прашам што е тоа "мм" што стално го пишувате ? Изгледа дека се однесува на мажот, ама од кај тоа мм, кратенка е од нешто?
Дали некогаш некој маж, таму некаде, признава дека жената односно мајката е поуморна и поненаспана? Значи како ми иде да му ја тупнам една кога ќе му речам леле ич не сум спиена и коа ќе ми рече ЛЕЛЕ И ЈАС а пустиот хрчи по пет пати го клоцам ау од такт ме вади. Па уште ќе му речам леле 10 пати стана бебево по 15 минути ја презаспивам и коа ќе ми рече знам ве слушав (уствари ние го слушавме него како хрчи) жичките ми се спојуваат
Има лек за ова хрчењето,ОДВОЕНО СПИЕЊЕ,да се наспиеш ко човек.Зошто мора ако имам вишок кревет да бидам ненаспана и утре на работа глава да ми пага и цел ден полупијана.Здравјето побитно од се.Маж нема да ми избега ако не спиеме заедно.
Мене ме ми е јасно како еден ден ти иде да го убиеш ич да не му мислиш, а после некое време поминува ?
Епа тоа е брак,да беше врска може и ќе раскинеше,вака малку повеќе ќе размислиш пред да прекинеш со него .
Повеќе смешка отколку за испукај се. Ама ај ќе го пишам. Седи ќерка на тротинет со седиште и си игра низ ходник, демек вози. Доаѓа маж да ја научел и по неполна минута имаш - Х татичко, вака нема да научиш ништо. Ти треба фокус, ФОКУС... И продолжува со лекција на темата за возење и фокус. Е немаше да е толку трагично, ако учеников не е 2 годишно дете што прво не знае за себе, а не пак што е тоа фокус.
Погодете кој од двајцата родители кои се разболеа на продолжен викенд со тазе оздравено дете беше "потешко" болен и кенкаше 3 дена и продолжува и дома со цитирам:" 37.2 најгадната температура на свет"... ?
Огромен проблем имам кога ке дојде време за одмор.Никако да се договориме на кое место да се оди,јас сакам поголемо место за шетање,тој би најблиску што може.Ситуација е шах-мат,уствари нервози и распавии до последен ден.
Маж склопуваше нешо дома и Софи се моташе околу него и овој и вика Дај ми типла Спикинг оф 3.5 годишно дете. Типла да му дала
Се сеќавам ќерка ми кога беше некаде 2 год. и мм нешто и објаснува кај стои и и' вика иди лево,лево иди на 2 год.дете, те молам,ќе те разбере ахаа мало сутра .
Отиде до аптека и ја земал мојата кола. Се јавува - дали си ја закачила десната предна гума? Викам - немам поим, не ми текнува такво нешто да се случило. Дојде дома, уште па ми објаснува како да сум малоумна, која била десна страна и десно тркало (смајли што се крсти), документирал со слики и пак му викам - не знам, многу ли е лошо? Не, не е, ќе ја средам - ама внимавај. Ок, сигурно ни јас не сум сакала, скроз ненамерно било, плус не можам да го вратам времето назад. Ако има решение, дај да бараме. Не, ок е, ама не внимаваш… Ок е, не е страшно, ама ќе си ја заебеш колата… Ок е, можам да го поправам, ама пак не знам зошто не внимаваш… Ок е, ок е, разбирам дека не си сакала, ама треба да внимаваш… Два саати, уште збори на таа тема. Леле, ќе го убијам, жими се.
Леле и мене ме напна, да дојдам и јас напомош Кога сме кај колата, кхм, одиме на пат и ја имаше измиено надворешно внатрешно (патем, колата му е втора жена ) и внатре децата си седат, нешто да грицнат сакаа, и овој пазете чиста ми е колата. Малку потоа, пак, колава ми е чиста, не може внатре јадење ич ич. Леле добро викам смири се, не живееме во неа. Аааа како така, ти дома како чистиш сакаш чисто, јас така за колава. Ауу човече оукеј, кола е, не очекувај да е гланц после патов, со деца
Леле коа сме кај кола, мојов е ист.. Абе секоја недела по два пати ја пере. Па уште не спушта прозори, тазе миена кога му е, у реду е му викам… сам себе не се пази толку.