Кога ми пукна водењак со првото, си почекав маж ми да нареди ќеси на совозачко седиште, па да си седнам да одиме во болница Тоа е се што треба да се знае, за да се извлече заклучок кој е најбитен во семејствово Малово само по чорапчиња смее кај маж во кола
Мене од патот ми дојде да повратам, лош пат накај св Наум ептен, и тоа нејадена бев ама ете ми се слоши. Коа се растревожи човек, а си зедов ќесе уредно сѐ. Коа сум грмнала, ми помина и лошење и сѐ. Фантастикус се значи жими сѐ. Да, и децава по чорапи се Секое влегување тргање чевлиња, секое излегување ставање чевлиња и така ~~ до бескрај. Колата им е храм. Мене домов ми е храм и си го сакам почист и уреден. И шо прајме сега?
Среќа не е таков. Може 10 пати ја имам чукнато негде Ако за секој пат правеше вака кај ми беше крајот. Или ќе збеснев ќе ја искршев цела или немаше да седнам веќе на волан Е сеа ќе треба нова земање па ќе видиме со неа како ќе сме
Хахахаха нашата кола е "работничка класа" Полна е со алат и никој не се замара со чистота Ама за претходната @Marge слушај мм шо ми направи, зимам да паркирам и само слушам ККККККР, ти се верува дека за 2сек се појави на паркингот? Луна како ја разлупа колата, до дома се слушна???? Искачам гледам абе ко со нокт да сум ја гребнала значи да, ја гребнав ама не беше 500€ штета. И ден денес се чудам како ме слушна до дома. Не планирав ни да му кажам Да не ме чуеше, мајке ми немаше да примети значи. Fast forward со новата кола, се враќа другарот од некаде у 1 ноќе и по навика изгасил светла на паркинг за да не свети у комшии и му се изгасил рефлекторот на сензор што е и слушам само БРАУУУУ под прозор Влага дома, викам шо и направи на колата? Малку ја закачив ми вика. Малку - 260€ ме кошташе тоа малку
@LiquidLuna книга можам да напишам, какви се опомени ми има упатено во врска со колата И јас ја чукнав позади малку, ама толку малку, што не можев ни да видам ништо, три дена не му кажав и проверував и гледам нема ништо и ај му кажав. И излага од кола и ете најде две точки. Тука и тука! Гледај, тука и тука! Се среќаваме на паркинг, да си го предадеме детето, он се враќа од работа, јас заминувам. Влегувам во кола и си ставам пластично ЗАТВОРЕНО канче на совозачко седиште со јадење за на работа. Го гледам пребледува, се стрчува накај кола и таков лут отвара врата. Јас си викам што се деси? Бап, ми го спушта канчето на под и почнува - ЌЕ ГО ИЗМРСИШ СЕДИШТЕТОО!! После некој ден ми вика - а кај ги оставаш клучевите од дома во кола? Прво мислев ме заебава со прашањево и дека не треба да одговорам. И му викам - па во држачот за чашки, кај да ги ставам? ЌЕ ГО ИЗГРЕБЕШ!! НАЗАД НА СЕДИШТЕ ЌЕ ГИ ФРЛАШ!! Сабајлево ми пишал порака - ти ја оставив и старата кола, ако сакаш оди со неа Ризична му изгледам Имам една колешка, Србинка, таа па е ептен педантерија за коли, бетер од машкиве е. И кога и да влезе кај мене во кола, нормално растурено, играчки, стапала од дете, напикани паркинг сметки од страна и ме прашува - шта каже Д (маж ми) на ово? @Трагедијаупмм јас на смешка ги фаќам сите овие ситуации, мало морген дека нешто многу на срце ќе земам, си го знам каков е Мада кога ќе земете ново возило, очекувај драстични промени Не знам што е со маживе и коливе
Мислам дека коливе им се она првата љубов не заменлива ние нашата кога ја купивме не знам по колку мајстори ,технички прегледи е однесена за да се утврди дека е супер и ништо не и фали ,иначе мм ја слика на секое паркирање посебно така на пат далечен кога сме па пред да си одиме има едно пола саат кај што се анализира дали нешто и фали и дали е гребната ова е некоја врста на дијагноза мислам за маживе
@Marge ама добро јас возач почетник бев на оваа кола. И самодоверба во возењето 0 ,затоа и би го земала на срце колку пати само реков веќе не возам па он ме форсираше ехее Е сеа ,за нова ќе видиме ќе кажам
Мене па ме тера стално да го возам, за да пиел господинот и на се нешто забелешки има… многу брзо менуваш брзина, лошо фати лак, касно кочиш.. му викам ај седи позади, ме гледа зашто, викам ти сакаш вака на глава да ти кажуваат цело време забелешки и ќути. Еднаш се пофали го седнал татко му назад зашто така му правел хахаха, од тогаш не му текна да ми спомне нешто.
Ај јас во ваква се претворам. Пази пешак ,пази пежото сака да влезе во лента Ќе се обидам да се затнам
Од вакви коментари од моја страна, посебно додека живеевме во Мк, уште бевме дечко и девојка (маж ми таму одма се предава на каубојско возење) добри недела дена, може и повеќе, се возев позади во кола Првично беше замрзната вратата (вистински) ден - два и он после успеал да ја отвори, а не ми кажа, бидејќи сум ќутела позади А јас како теле некое, не ми ни текна да ја проверам и си седев позади Уште се смеам за тоа кога ќе ми текне..
И ти ќе седиш позади осеќам Јас па ич не се замарам, некогаш ќе спискам само на некоја непостоечка опасност ќе ми се сврти Шо ти е бе жено? А мене не смее да ми приговори пошо 15 пати подобро возам од него и сум во состојба да го исфрлам од кола ако брчи Брат ми ќе го оставев на сред автопат од коментари, не па него @Marge Ќе си пукнам од мт
Не бе , за пешаците не ми се лути и он не ги прати ,посебно низ град како одат со телефон или замуабетени ни лево ни десно. А за колите ми вика добро гледам ,не ми се заканил до сеа
Умрев За муабетот, прв пат откако ја имаме колата јас ја користам за работа мм оди со јавен превоз. И замислете запна да ја продава, да сме купиле некоја постара. Шо повеќе да ви кажам за поврзаноста негова со колата. Мене ме гледа исто толку малку како и неа, ама по неа си тагува
Бевме излезени двајцата вечерва на свирка. И знам дека беше уморен, станал во 5, го гледам едвај така ко врба стои се ниша на музиката и му велам: мака ти е а? И тој: не бе, јас пак тебе те гледам во очите ко уморна си. Лелее жении, како ме напна со коментарооов. Дотерувај се, шминка, пеглана коса, фустанче, парфем, лосиони светкави за на крај посран коментар да добијам. Си реков елено остај, си дојде на свирка, нема да дозволиш вечерта да ја расипе. Ништо не пререков. Си продолжив да си играм, можев уште два часа така, а тој секако прв попушти, му се смачи.