Искрено, после пораѓај едвај чекав да си отидам дома. Во влечките и трудничките палтолони излегов од болница. Немам ни слики од излегување. Мислам зошто би имала? ЊДФ момент е па да го сликам баш таму? Имаме слики од нас, секој ден од првиот месец, оти тројцата сами си бевме и си се гушкавме секој ден. Ни балони сакав, ни поклони ни глупости. Сакав само дома, во мир и тишина со бебе. Он ја чуваше првиот месец постојано, ја успваше, смируваше грчеви, готвеше. Веројатно тоа ми беше поважно. Сакав да речам, полека не сме сите во калап, ако некој така прави, не мора сите.
Не мислам дека ме почитува ако ми купи цвеќе. Убав е гестот ама не очекував и нит па се налутив, побитно ми беше да ми е поддршка после тоа, отколку цвеќето во болница.
Исто, во 1 по полноќ му се јавив од среќа дека ме пуштаат, сабајлето уште 100 пати до кај е, од што полудев веќе да си одам дома. Нит коса исчешлав што видов прво во торба тоа натнав на мене и да ме немааа. Нит па се сликав пред болница, дома кога дојдов ја надоив малата и така се избањав, мислам во живот се немам бањато толку долго.
Исто,под тушот кулирав. Мм дојде да виде се' ли е во ред, дека долго време ме немаше. Од мм цвеќе не добив,ама од ќерче даааа,плус така едни стапчиња baby girl i baby boy пишуваше на нив ,по едно на бебињата им стави во транспортер. Кога ја видов плачев од среќа. Малку офф сме,ама во контекст на муабетот погоре.
Мојов цвеќе не ми купи. Прашал - не дале во Систина. А јас многу сакам цвеќиња. Ама па и ништо другио не ми даде дури бев во болница. После дома кога си отидов маж ми ми даде поклон - алка од Пандора, делот каде што се закопчува е со знак на бесконечност и пишува - family. И имаше приверзоци за ќерка и фамилија. Знам си поплачав убаво кога ми ја даде. Брат ми од Америка ми имаше пратено ооогромен букет во Систина, преку некоја цвеќара со достава. И балон со хелиум, знам пишуваше welcome baby girl. Ама само ми дадоа да ги видам од далеку, и после маж ми дома го однесе. Дури се вратам од болница, почнало да венее. Дома кога си отидов имаше стотици балони разноразни, мечиња, украси. Ама кумот и кумата тоа направиле. Маж ми послабо за вакви работи. Еве, пред еден месец ми беше роденден - поклон уште немам добиено од маж ми. Дека сто пати имав кажано дека сакам на реформер пилатес да одам, рече поклон ќе ми бил првиот месец од него. А јас пуста време немам, никако да тргнам. Му викам поклон се дава кога е роденден, не за нешто што не знам кога ќе се случи. Инаку пред три дена од одмор си дојдовме, и викендов цел бев на работа во канцеларија по 8-9 ч. Така се погоди. Сношти кога си отидов дома, така ме удри хаосот од куфери и торби нераспакувани уште, па и тој цел ден каде ставил - таму оставил. Ме нервира што кога гледа дека не е средено, тој дополнително прави неред. Ако е средено - и тој се' на место става. Се скарав со него, ми се споија жичките. Како јадел - така оставил. Правел млеко на бебето, прашок каде му се истурил - така оставил. Правел каша - и готвачот размаен и неизмиен, насекаде каша. Се скарав, го зедов бебето и си излегов на пиво. Кога се вратив, имаше раскренето по нешто хаха.
Па тоа и ми беше искрено фрустрацијата, кај доцни, кај не зел се, уште со празни раце а пред мене жените со триста чудесии... Се осетив глупо. А не е дека е некој секојдневен повод, нели, сепак не секој ден раѓаме и носиме нов живот. Ако сме искрени. На крај краева нека сум и материјалист, ако јас него го ценам и му пружам внимание, мислам дека заслужувам и обратно.
Мене не ми ни текна на поклон. Ниту на него. Ниту видов некој маж да донесе поклон. Мене ме нервира страшно деновиве, има од дома да го испукам сосе партали.
Нит поклон, нит слика, ништо не ми беше ни битно. Ама тоа сум јас, и он знае шо ми беше филмот - Балоните дома ко си дојдовме. Е ко го видов цел ходник испозалепен со балони рикав ко кој знае шо да напраил Мојов не е за пукање, добар е деновиве. Роботот шо му го обеќав лани, зема сам си го купи и ми вика Ова ти е поклон за роденден од мене, а ти шо сакаш купи си. Така ли? Philips Lumea here I come!
Епа добро, вие си знаете, ако сопругот ви е ок, ве чува имате разбирање, ама поклон не купил ваше е енергијата за што ќе ја трошите. Дали ќе се лутите или ќе разговарате што ве мачи..
Добар е... Мојот па тие со кои шо отидов вика тие ми беа во кола затоа истите ти ги донесов. Затоа јас си ја возев месец и кусур торбата во кола ,ама нема да му простам без вода што ме остави ,го извадил шишето бе Исто ,наместо кога не е средено да помогне да среди тој однопаку Баш еве сабајлево станувам на масата синоќа останале некои играчки јадење од поголемата и плус и он јадел и трошките така оставени @AngelOfArh и мене со двете ништо не ми донесе ни пак на докторката една бонбоњера Ај за првото нормално ни мене не ми беше памет таму ама за со второво не знам.. и виде тие дена шо одевме сите со букети балони ама џабе. Најчесто ко ќе се осеќа крив за нешто тогаш ми купува а пример за роденден ,,не знам што би ти земал ,одбери си нешто јас ќе платам " ни одбирам ни плаќа Ама тоа да го чекам на 1 јануари со бебе а да се врати и касни ради бабата ни баба ни тој ќе се видат па која сака нека е Буквално сама би побарала да ме вратат и ќе му речев видоа никој не сака да ме земе па ме земаа тие А до сликање таква никаква ама ич не ми беше со двете ,дома си ги сликав
Ами купи си што сакаш за секоја пригода? Ме вади од кожа. Немаме посебни сметки, мене не ми треба одпбрение од него да си купам нешто. Почна вака да прави од кога му направив кисели фаци на првите поклони. И да стварно ме вреѓа што не ми го знае вкусот и што не знае што сакам и што ми треба.
А ако донесе цвеќе, тоа значи дека нема да биде поддршка понатака? Мислам малку е безвезе паралелава. Може да донесе цвеќе и потоа да биде грижлив и посветен. Мене искрено ми значат и ме радуваат малите работи, посебно во тој период после пораѓаите кога бев преосетлива. Сите сме различни, но секоја жена заслужува мало внимание.
Инаку пошо гледам и машки често идат на темава. Запамтете бременоста и постпородилниот период највеќе ни значат и тогаш што и да згрешите нема да ви заборавиме.
Маж ми е многу внимателен. Секоја недела добивам букет. Секоја недела две, носи по неколку букети и цело време си ги обновувам вазните и во секое време имам свежо цвеќе на неколку места низ дома. 3 пораѓаи и ниеден букет не добив од него. За првиот пораѓај добив еден куп букети од цело друштво чак и оние надвор од земјата, не беа дозволени во собите туку ми стоеја наредени пред врата. А мене ми беше криво за балон. Сите други имаа по еден балон пред врата, само јас немав. Добро.. само јас имав цела цвеќара, ама.. пусти хормони тогаш многу сакав балон. За вториот пораѓај ме дочекаа балони дома. За третиов пак ништо. После секој пораѓај добивам телефон ама не е тоа поентата. Просто ми е чудно од човек што секогаш му текнува да ми купи нешто, баш баш тогаш не. Ама не се лутам. Добивам доволно подароци, па и премногу глупости. Поише се нервирам кога само ми зема нешто колку да потроши пари. На темата, скоро и да немам од што да се пожалам, освен што хрчи кога спие и тогаш мислам дека во мене се буди таков гнев што можам да го задавам со перница без око да ми трепне. И еве вчера, успеа да се изнарасправа со друг шофер за време на возење до плажа. Не се слушаше ништо уз вожња.. ама и двајцата си пуштаа пцувачки стрели на секои семафори. За иронијата да е поголема, завршивме на иста плажа, па си продолжија фино лепо и на паркинг. Не беше карање за тепање, туку докажување кој бил во право, кој требало да дае предност и такви работи проследени со сарказам од двете страни. Јас зедов деца, жена му зеде деца си превртевме очи и си влеговме.. тие со стварите натоварени идат зад нас и уште исправаат криви дрини. Сега ми е смешно.. вчера да имав митралез… едно рататата по двајцата и ќе им го решев проблемот. Ретко ме нервира. Поише ме нервира оти не ме нервира. Веројатно јас го нервирам него поише, отколку тој мене.
Маж ми не е нешто многу романтичен, ама во болница дојде по нас со голем букет за мене и со мало, премало букетче за бебушка, значи се стопив. Преслатки беа такви розеви двете, посебно нејзиното минијатурно. Уште си го памтам моментот кога го видов така на врата За да се пожалам, нема што. Поголема пицајзла е од мене само ми вика среди ова среди она, јас така малце поише флегма сум си. Е, највеќе ме нервира кога иде по мене и ми носи влакна што ми паѓале по ламинат. Па една светла боја ламинат што имаме се се познава на него. И само иде и покажува ене влакно, ене уште едно. Ама па и ги собира си чисти што да му правам, нека си збори