Девојки, идни мајки што ќе се пораѓаат, мажот со вас на пораѓај и тие два три дена и нема разочарување. Мојот беше со мене тие неколку дена и знаев дека ми нема ништо купено, арно ама дома ко дојдовме пратката од амазон на кревет. Оп си викам, ќе падне нешто, ко глеам тој нарачувал балони, wellcome baby, такви тракатанци за да украси дома, ама не му излегол планот да дојде и намести. Се израдував во секој случај шо ете помислил да направи нешто.
Не се нервирај, нема лек за вакви. И мојов не знае еве колку години сме во брак. Прашувал продавачки за препорака ..clueless е за поклони.. Најсигурно му е цвеќе зошто тоа знае дека сакам цвеќиња и дека нема да утне со тоа, знае да ме изненади со голем убав букет. Ама за ствари нема поим, никогаш немал. Има среќа сега, пораснаа децава па нив ги тера да му изберат, а тие знаат добро што да одберат Имаше еден виц: Бирај добро која ќе си ја земеш за жена, зошто цел живот нејзините влакна од коса ќе си ги вадиш од г'зот ..
Да се испукам и јас од мојот: За сегде е мајстор, на сите им поправа, им помага кога го бараат и тоа на драго срце. Сите се задоволни, го фалат и вешт е навистина за многу работи. Само за дома не е мајстор. Се нешто не довршува, подостава расипано а и она што ќе го заврши се со молење и потсетување и после долго чекање. И му имам речено дека ќе викнам за пари мајстор да дојде да направи...ама сега ни на тоа не реагира... Му викам како тебе не ти смета..и твој дом е...
Мојов водоводџија, го молев го чекав пола година и земав му ѕвонев на колегата негов за да ми се заврши работата. Дека зема за 15 минути го направи тоа шо го чекав со месеци? Од тогаш само зимам телефон и се заканувам Ќе ѕвонам и ќе си платам!
Ова може само кога е прво дете во прашање.Кога дома има уште едно бебенце или дете, нема време тато за да седи 3 дена во болница со мама .Оти тогаш друг е приоритет.
Мм денес: Го спакував пола стан за на одмор и му дадов само 2 задачи додека бев на работа. 1. да собере од фрижидер за детуле шмукалките и за нас 4 5 работи што ги селектирав за носење ( до нив оставив отворен грчки јогурт и му покажав ова нека јаде денес и фрлете на тргање) 2. Да собере од сушара 3 пара кратки панталони мои за перење беа единствените чисти за на одмор. Ставање сите шорцеви во кесето со јадењето и најгоре отворениот грчки јогурт. Гаѓајте што се десило во прва минута до кола? Точно! се истурил цел јогурт врз нив и сега фино лепо си седам во пижами.
Нема што да те плаши, тогаш на себе нема ни да ти текне, ќе се мислиш за детето дома, колку и да е по години, приоритет ќе ти биде полесно и без трауми да помине кога нема да си дома
Мислам ќе го убијам некој ден со тоа прашањето уште не станати не расонети ,што ќе правиме денес каков бил планот еве не знам каков е планот можда едно кафе да се испие на раат без многу прашања ! И после јас сум крива нервозна сум била
Јас сум маж ти хахаха. Мене па ме напиња од 7 сабајле скрола на телефон и ако му речеш негде да идеме одма со тоа носот. И така прошол ден, на децава им се приспива и стандард се дерат, јас нервен слом, ќе се испокараме и викендот усран.
Нема совршен маж, ниту пак ние сме совршени. Како што некогаш и нашите знаат да не изнервираат, така некогаш знае и мажот да не изнервира а некогаш и сами себе не можеме да се поднесеме. Да нема некои екстремни ситуации. Инаку ако има љубов, слога и разбирање и недозволување мешање од страна, никој не може да ви застане на патот. Заедно можете да успеете во се. И никој не се родил учен ако дома со мајка му бил навикнат на нешто друго тебе ако те сака и почитува сам ќе земе да завршува домашни обврски, сигурно нема да гледа ти како се нервираш и распаѓаш.
Како да се неспособни сами да си направат јадење И како да мора заедно да јадеме Секогаш му кажувам Јас ќе јадам леб и маргарин
Затоа ние сам по сам пиеме кафе. Јас станувам со децата ергенот спие. И ќе доручкувам и кафе ќе испијам па ќе стане. Па ко празник ми е прашањето да идеме негде
Што е најтрагично каде и да одиме секогаш покасно одиме зошто му треба време да се исплетка да се спреми,не дека ради прашањето ќе се спреми брзоо за излегувања и тука плус уште една нервоза ,како тој да е жена во спремањево,ако јас и дете спремам и сама се спремам