Ова преслатко ми дојде Мало букетче како сувенирче имаше за бебето? А за тебе свеж букет? Леле колку убавооо. Која и да го поучила- браво Се зезам, можеби и сам се досетил, ама оригинална е идејата. Јас дури не би ги ни фрлала, да се исушат и би ги фасадирала во накит Ахахахахха ме пресмеа. "Еј ти падна влакното, чек да ти го дадам" Прејако Аморе женцки, сите сме исти. И мажите исто така. На кој маж ќе му текне до толку да спреми, цакум пакум да дотера подароци? На никој. Кај мене вака беше. За првото дете, беше подемот на Ковид-от и не знам дали беа почнати карантините средина на март беше, многу веројатно да да, не добив букетче. Ниту дома беше нешто празнично бебешки уредено. И коа влегов знам ко глупо ми дојде, ко шо оставив, така најдов. Мислам, ок, сѐ беше исчистено, со мајка ми средиле, ама не знам кај терав, и сѐ ме нервираше. Хормончиња Во болница дури бев, ми сликаше само од пијачката шо ја пиеле дома, џек Даниелс или некое друго виски, и тоа. А убаво е бе да се обележи на некој начин, секој ден не раѓаме, така е. За второто бебе, јас го спремив. Како што бев напната за како ќе реагира поголемиот, па сакав некако празнична да е атмосферата дома, му реков стави по некое балонче, да се радува и детево, и така си добив. Имаше два три балона, името на бебето, добре дојде и мало аранжманче цвеќе. Така, се потрудил. Ама со барање А за во болница за второто ми донесе мислам букетче, ете дури и сум заборавила . Значи некогаш и ние не сме в ѓонија. Такви мажи ептен сетени треба да се некои уметници, романтичари според мене. Мора тука некое пиле во него да има за такви работи.
И мене ми е мака што немам поклон, не сум матреалист ама сите блиски знаат колку обожавам нежен накит со битно знакче или посвета. И му кажав дека барем ногички за пандората очекував ама ај. Цвеќе имав преубаво огромно со розеви ружи и балон, и дома беше ептен убаво модерно украсено со се ама ова од сестра ми и братучетка ми. Да обожавам мали вакви изненадувања и му преговарам кога ги нема, искрено ми значат. Јас сум човек што на бирање подарок посветува многу време и не купува туку така, и ми значи кога некој го прави тоа за мене. Тој не го бива воопшто, еден осми март ми се појави дома со вино место цвеќе, друг добив хулахопки, а за роденденот некој на улица успеал да го прелаже да купи саат за 120 евра што кошта 20 евра, и толку за неговата романтика. Знае дека ми смета ова и не го кријам разочарувањето. Не барам ништо скапо и префинето, само малку да се потруди и да не купува ради реда. Пари и картица не прифаќам, еднаш проба вака да се извлече мајчиното си го виде. Тешка сум си знам ама молим лепо заслужувам малку романтика и внимание
Дали беше дома украсено кога дојдов? - Беше, да, ама јас му реков украси таму дома да се сликаме. Сам нашол слика за идеа за декорација и девојче што декорира, ама да не му речев немаше да декорира ни на крај памет. Дали ми донесе букет кога ме земаше? - ми донесе, ама го потсетила мајка ми и свекрва ми. Дали ми купи поклон за раѓањето? - не и не ни очекував да ми купи. На тие милион трошоци што ги имавме тој период уште за поклон да давал пари, скроз нема потреба. Маж ми врска нема од романтика, никогаш не ми купил поклон што не сум го одбрала јас, освен на почеток кога се фативме како дечко и девојка нешто накит што ми има земано. Цвеќе еднаш во годината и тоа сигурно два три дена претходно го имам лепнато дека еднаш вака не му текнало нешто да ме изненади. Таков е, како таков го имам прифатено и мене не ми смета и не ме разочарува. Да е жив и здрав, ама има други квалитети што ни на сон нема да ги сменам за романтичен маж. Најголем поклон во овие 6ипол месеци од кога е родено детето е што станува навечер како дежурен кога станува ќере и ми купи завчера тампони за уши за да сум се одморела во друга соба од детето, он ќе ја поврткал дур да заспие, изморена сум била јас што ја чувам сама секој ден.
Значи не претпоставував дека толку ќе ме нервира околу бебето. Пекол е како шо знаете и бебе спиеше со боди на кратки и тенки долги панталонки изгасивме клима дека големата од базен излезе а нежна е многу и бебето во меѓувреме се испотило. Ја пресоблеков и ја оставив само со боди. Кога се запна ладно па ладно и е ладни и биле рацете. И јас го игнорирам намерно... фати ја облече значи знаел и да ја облече
А мене мм убаво ме испоштова и за двајцата. За првото ми имаше купено саат и ми го имаше ставено во торбата со облеката што ми ја донесе да се облечам за излегување од болница. Дома цел стан балони и подароци. За второто исто дома балони подароци украсено, и плус подарок за мене столче за клавирот. Ама тоа не го менува фактот дека секојдневно ме нервира
Јас за себе да си кажам на темава, дека маж ми не ми купил ништо, не сум ни очекувала. А да ми купел ке се навредев. Зошто бебето е и мое и негово, нема што мене подароци да ми купува. Можеби е феминистички ама јас имам такви сфаќања дека ако и бебето и јас добиваме подароци, треба и јас на мажот да му купам нешто кога "го направил" бебето. Иако нашето беше ивф, па еве кога оставаше материјал и јас нему подарок за добар материјал. Зошто инаку не сме еднакви нели? Јас и бебето под "чадорот" на мажот. А од друга страна сакам еднакво да се вклучи во чувањето на бебето. Ова е мое сфаќање, не очекувам никој да се сложи или објаснува ако мисли поинаку.
Јас мислам дека подарокот за жената е повеќе за чинот на самото раѓање, и износувањето на бебето. Во правењето секако учестуваат двајцата хаха ама жената го носи толку месеци, и на крај поминува и низ пораѓај, кај некого полесен кај некого потежок па оттука мислам е тоа како знак на благодарност и ете, убав гест за една мајка.
Зошто? Ама озбилно иста е. Спојлер: А вака не може? Ако земал темно розева или ако не е доволно крем таа розева, да ја стават на сонце саксијата некој ден и ќе добие крем боја.
@LiquidLuna , слушај сестре. Ми држи лекции цел ден дека кога ќе ни иделе гости маса се местела постапно. Прво солено мезе и ракија/аперитив Па јадење, со друг пијалок, па кафе и благо на крај. Не ко мене, се од прво до последно на маса извадено Е така, ми личи мене дека ќе мести маси отсега па натаму или во кафана нека си вика гости. Едит: како можело благото и соленото едно до друго да стојат. Еве ако не во посебни соби да ги местам
Редот мора да се запази На вториот коментар се вика Друже, бујрум. Се пали цигара и се правиме Ја нисам одавде Ние утре ќе пречекуваме гости и цел ден ми вика дека сум земала храна ко за цело село. Он не знае дека јас понеделник немам намера да готвам
Мене па баш тоа постапно додавање на јадењата ми е некултурно... као еј еве благо кафе фајрон одете си @LiquidLuna не да не знам да прерачунам, завчера имавме 2ца на гости, после јадев јас на работа дадов на свекрва ми и на моите и остана уште
Леле ко порано в село славите прво кикиритки и салати па кревај тие тањири па вади манџите со други тањири и чорбалоци ,па ајде и то кревај па благо и кафе кој сака Садови вагон Тогаш јас кафе прво шо варам ко ќе дојди некој за да можам да седам до крај раат шо сум
Од бисери на денот ќе го издвојам тоа што бевме во црква,ќерка НИ ждригна малку нормално дете (4год) мм почна да и објаснува дека во црква сме не смее тука да ждрига и така....