Секој ден му кажувам и него дирекно. Подобро да не се омажев никогаш. Ама искрено мислев дека само јас имам оваков маж, вака читајки низ темава, полесно ми е.
Буквално секое сабајле за шминката ми пререкува,многу се шминкаш ,не личи, убава си природна , само пари за шминки даваме, за парфеми и дездоранси исто така .. Ај од утре ќе смрдам и не се шминкам не се чешлам. У реду е ,а ти шо пушиш 2 кутии цигари на ден ?!
Тема за пофалби дали ќе има 2 мислења годишно. Инаку, не знам зошто сте во брак со вакви мажи. Јас ваков ни за дечко нејќам.
Море веднаш после односи ,останав изненаџена и увреџена. Каква тава не ми ни текна Затоа од тогаш нема За доктори дабетер е од сите ваши. А се нешто за операција излегува. Првин кила па катаракта.
Ама мм не оди ни за серизно нешто, ова за упативе дека и за мене земав од што морав за нешто друго, инаку и јас не одам, пред тоа крвна слика не сум проверила 15 години (од средно уште), исто и мм од систенатаки не проверил, сега од што морав надокнадив за се. Не знам што имунитет ќе имаше, откако сме заедно ниту настинал, ниту температура, исто и јас, температура не сум имала уште од основно, да не се урочиме. И сериозно да е не паничам. Едит: и апчиња ни за глава не пие, пиеше само сумплемети од што мораше.
Аууу ова со пижамите Незнаеш дали се стварно неспособни или така се праат. На мојов кога му викам оди измиј ја цуцлата, застанува, се скаменува прво, го процесира тоа шо му го имам кажено неколку секунди , па оди да ја мие.
Сè повеќе сакам дете, сè помалку маж. Добро е што има ваучери за сингл жени Касно е сесре, ја ебавте работата веќе
Иначе, да си се испукам за денеска. Сношти мм ми донесе гостин и го сместивме да спие во спалната. А мм дојде со нас да спие во другата соба. Абе луѓе, тоа хрчи цела вечер, се чеша на секои 5 секунди, се проѕева гласно и јасно, цело време се врти натамо навамо, сто пати стана да оди да моча.... не спиев до сабајле до 6ипол, кога станаа они да одат на работа. Тогаш си легнав. Со спиењево, мојов е за во штала, не е за дома.
Па никој не сме совршени, сигурно и тие имаат нешто од нас да се пожалат, совршен живот нема ниту на филмовите
Леле за доктор и за апче исто да не му спомнеш, со сила и со молење е, ја ако му закажам негде преглед може да отиде, иначе тешко. Кога ќе ми рече: "какан е син ти" ај што вика син ти, како мене само да ми е син, па и што не го земал да го преслече, ми се крева косата. Во тоалет исто дреме, ама јас му враќам, и јас дремам така, па да види како е. Во продавница сам не знае да отиде, се мора со список да е, секако од мене спремен пред време. Да не збориме што јас се живо пред искачање ќе напраам, и дома ќе средам, јас ќе се средам, деца спремни, ранец спремен, и он само патики да облече, и кога ќе ми рече "ајде ја сум спремен за 2 секунди" па да знам, зашо ништо не праиш, освен патиките да ги облечеш!
Абе јас кога викам дека сите мажи се исти, само длабочината на џебот им е различна, вие не ми верувате
Ме нервира што многу често вика ,,ќе видиме". Ќе видиме дали ќе одиме таму, ќе видиме за на работа некоја ситуација. Абе биди еднаш решителен човече. И утре уште нема видено,пак истиот муабет. Ме нервира што не излегува надвор од комфорна зона. Се сака да му е под конец, да има контрола над нештата и не сака изненадувања, ама никакви. Имав простор за напредок во работата и го прашав за совет. Ми рече да не одам на другото раб.место оти од кај знаеш,може бетер ќе е, можеби ќе се разочарам. Да,може и метеор да падни и сите да не снема.. Со ќерка ми се доиме ама многу штипи во последно време и греби и ќе се пожалам на мм а тој: па дај и адаптирано ајде. Па добро, да ме погалеше на местото кај што ме здоболи повеќе ќе ценев. Ама нема разбирачка тоа е. И не е само ова,има уште многу. Осеќам активна ќе бидам на темава. Кај има емоушн бокс... а, еве го