Мојот сакан сопруг ми помагаше пред да дојдат гости, ама како лисицата со опашката. Откако му реагирав дека не прави како што треба, ми вика Сама ставај на маса. Еднаш ми вика Сакам да ги викнам на гости ..... (ми ги кажува имињата на оние кои сака да ги викне). Јас му викам Викни ги. Ама и двајцата ќе чистиме и ќе готвиме. Одма се откажа од идејата. И не ги викна Му се виде многу спремање за 4 пара гости. После некое време му викам Планираш да ги викнеш ...... Он ми вика Не. Многу напорно ќе биде да спремаме
Аааа мојов за тоа е Јас: Да ги викнеме тој и тој Тој: Може, нека дојдат ако сакаш и тој и тој плус И така ретко кога завршуваме со само 2ца гости
Одамна не сум пишала на темава. Како почнавме со дете да јадеме исто така рецептите во главно ги прилагодувам на неа. Е пример мусака, не ја правам секогаш редена, ред компир, ред месо, туку и се измешано. Што би се рекло состојките исти, изгледот различен. Е за неколку јадења така. И маж главното - мести за јадење, гледа храната и вика -" И сега ова како се јаде? " Е тука сум веќе без одговор. Да речам со прибор, со леб, без леб, со раце.... Или правам домашна Цезар салата или пилешко со кари. И одма, сега како се јаде...
Мојот не е пребирлив ама има дадрно коментар дека знае дека знам да готвам поубаво и затоа јаде од ова јадење инаку...
Значи кога ќе ми рече спиј ти ја ќе ја чувам бебка. Ок брт супер ама те молам ставај и ја цуцлата побрзо и немој да ти треба 15 мин да и спремиш млеко Така ич не спијам
Мојот сопруг не сака да руча на вториот спрат со мене и децата.Почна да слегува кај мама и тато на првиот спрат
Одат маж ми и големиот до маркет вчера и му викам на маж ми - земете урми за мене. А бебе во скок и едвај заспива и конечно заспа врз мене, јас цела среќна конечно да одморам душа малку и ете го маж ѕвони на телефон. Јас тивко шепкам, мислам ме бара за нешто: кажи? Маж: УРМИ, ТАКА??? Леле ќе го задавев да беше до мене, ќе го задавев. Една работа требаше да купи, па се јавува да препраша, па и уште вика на телефон. И ај некако му шепнав тивко - да и спуштив. Еве ти го за 2 минути, пак ѕвони. СО СЕМКА ИЛИ БЕЗ??? И бебе се разбуди… Знаете како ни заврши разговорот, нели?
Аууу јас со душа ќе го чекам да се врати и би го задавила. Оди по леб и 7161616 пати се јавува да праша, каков леб…
Се жали кај мајка ми дека не знам да му месам кифли (не познавам некој повеќе од него што сака да јаде тестенини) и после мајка ми мене ми коментира само, ништо не ме интересирало, не сум знаела да направам нешто како што треба, бла бла
Ич да не ти е гајле!! Не е секој по месењето.. И јас исто ќе се обидам ама ако не се убави не одговарам ако сака нека јади ако не немора... Така да на душа да не си ставаш.. И ти жали се од него на мајка му и квит..
Хаха наредно барање за јадење ( а да мама не е тука) фино лепо речи му "ај трк долу кај мама сега јас не ти поставувам" и толку кратко и јасно...
Се компензираме он на мајка ми, јас на мајка му. Мајка го брани него, свекрву мене. Наредно секако го напаѓам со ова.
Не треба да му се љутиш,сакал да ти угоди човекот да не го враќаш 2 пати.Манџика си бре девојче,страв и трепет,ова мажи стално го прават.Плус мислам дека нит знае што се урми,прашувал во дуќан.