На секое одење в продавница добива инструкција, ако нема нешто слободно да не зема ништо, да земе замена или било што ќе му се бендиса и да НЕ ЅВОНИ ПО ТЕЛЕФОН. Ако е нешто неопходно оди во друг маркет и готово. И му велам слободно одлучи сам. Па можам да речам дека се проретчи ѕвонењето, а 100% сум сигурна дека никогаш нема да се искорени хаха.
Има вистина, и прееска не допишав, помалку го карам за пазарлук. И тоа влијае на помалку јавување. Машки мозок инаку функционира од нашиот. А кога му пишувам список обично исто детално запишувам - Битолско кисело млеко ако нема бучен козјак, или било што Какви бисери има прашувано, не ми текнува во моментов некој пример
Мојот сакан маж никако да сфати дека кога пазарува во маркет, прво треба да го гледа рокот на производите. Денес отидовме да пазаруваме и погодете што? Во количката ставил производ со поминат рок Секогаш го зема од рафт тоа што е најгоре
Мојов сам си пазари се што фали дома, дури не ни прави список, оди и се враќа со полна количка, златен ми е. Ама еднаш ме пресмеал. Отиде да пазари и викам ај земи ловоров лист ми треба за манџа. И добро нема врска се враќа после тоа ловоров лист не земал. Каде е викам? Немаше. Е како бе немаше викам тоа не е нешто што се троши многу. Ете немаше, баравме со продавачката нема и нема.. чудно викам ајде добро. А гледам нешто ми е чуден збунет хахаха. Добро што бараше ти викам, ловоров лист ти реков.. Знаете ли што барал? Јаворов венец. ЈАВОРОВ ВЕНЕЦ
Леле а мојов кога пазари се метка ептен,тоа да ситничари, што која цена каде е колку е болест..и на крај сама си пазарам и најдобро ми е,ќе купам и што треба и не треба
Што убаво така да си пазарии, мојов без мене не оди, ако оди од 5 работи 3 ќе заборави, 2 ќе земе погрешни.
Мојов со 1-2 денс пред изминување на рокот. Демек знаееешшш колку беше евтино, што има врска, ќе го изедеме. Не може да одолее на такви акции и "евтини" работи, што на крај пак ќе ги фрлиме.
Го праќам да купи домати, пола и повеќе скапани ѓи донесе. Во план ми беше една по една од глава да му ѓи удрам.
Хахаха ај маж ти ама продавачката и она барала ама и нас не снајде нешто слично. Го праќам маж ми да купи спреј за нос од диво оригано он барал црно оригано цел град го завртел и нема иде изморен и ми вика цел град го свртев цееел град како бе никаде нема спреј за нос од црно оригано .Кога прснав од смеење му викам уживај утре ќе најдам нешто друго.Како да му објаснам дека цел град го свртел за џабе и барал нешто што нема.Па и никој не го корегирај или пак он бил упорен незнам.
Легендата вели дека мм уште го бара пешкирот што му го побарав БРЗО брзо додека малово повраќаше низ цела соба пред 1ч. (Пешкир од плакарот за ПЕШКИРИ од кој вади ПЕШКИР за секое бањање!!!) Толку имам да кажам.