Добро бе, само мојот маж ли нема ни трошка романтика во него, ниту желба да ми покаже дека му значам како сопруга? Ни беше годишнина од брак, и искрено да бидам — ако јас не организирам ништо или не направам план, нему ич не му текнува. Оваа година решив ништо да не планирам, и, нормално, како што очекував — денот помина без врска. Јас се налутив, а ете ти го, ден потоа, со подарок кој воопшто не е по мој вкус и ќеф. Го прифатив со пола уста, само за да си ја смирам јас тензијата, ама сега се мислам — што да правам? Да му го вратам? Да го сменам за нешто друго? Ќе си пукнам — возрасен човек, a треба ко за раче да го водам и да му кажувам што треба да направи, ако сака да биде сопруг пред сè...
Не знам дали бараш совет или сакаш само да се испукаш. Некогаш претходно бил романтичен, па сега се одромантизирал или како? Инаку јас мислам дека луѓето по природа не се романтични (не во таква смисла, ко на филм) и не е тоа некој критериум за бидување сопруг. Што читам по темава, ми иде лезбејка да станам и никад да не видам маж дома, ама ова со романтизмов ми е стварно најнебитно нешто. Нека става зејтин во лососот, ма и балсамико нека става, само да не ја запали куќата. Сдк ручек да напраи, без 2 леви раце на пример, ми е побитно отколку да глуми романтики со купување поклон (кој секако најверојатно ќе го утне).
Многу мажи оперирани се од романтика. Е сега ако твојов бил романтичен и ти спремал изненадувања, па престанал е приметливо тоа и нормално да се чувствуваш запоставена. Ако сакаш нешто, кажи му отворено, луѓево не читаме мисли. Ќе си кажеш ни иде годишница ајде да испланираме нешто заедничко да ни остане за спомен. За подарокот слатко се насмеав, па кажи му дека го утнал, сменете го ако имате можност, зошто да не?
Ништо не треба, освен едно...се е ствар на договор. Ама и не може да процениме како е. Пример постојано ја изненадувал, а годинава не, приметливо е. Ама никогаш ништо да не му значела годишница и наеднаш спонтано да очекуваш да му значи...што знам. Подобро да си седнат и да се договорат.
Романтика. Пфф Ние за среќа и двајцата не сме, инаку не би знаела ни како да се однесувам. Поклони не си даваме, ни се замараме. Ако има датум за да одбележиме одиме негде. На ручек, патување, викенд, одмор не битно. Само дома да не сме за тој ден. За мојот роденден сама си кажав кај сакам. За годишнината ќе имаме гости, планирав на викенд, ама не можев да ги одбијам луѓето оти ми се мили. Па заедно ќе прославиме. Од гафови не можел да ја успива малата, оти пред неа заспивал он . Епа сега не заспивај како да ти кажам. Од шо ми крева нерви, неговото работно време. Во план сум и јас 100% да се вработам, само и само да мора да се организира со дете чување, па да види колку е едноставно да си нон стоп на располагање за дете .
Па и двете, и да се испукам и да се пожалам. И сега, на тоа ли се сведовме? Да паднеме во несвест ако ми направи ручек? Па никој не паѓа во несвест кога јас правам ручек, нели? Ручек никогаш не бил проблем за него, ама тоа не е романтика. Тоа е секојдневие. Беше романтичен, тоа беше една од работите што ме привлекоа кај него - ама работава излезе „се оженив и веќе не треба да се трудам“...
Е да, тоа е, запаѓање во брачна ...комотност да го речам, нормално не треба да се труди да те освојува, веќе си освоена. Да те привлече оти бил романтичен е ко да те привлече оти добро глумел, романтика не е, да повторам, природен квалитет, измислено е, не постои. Што знам, и јас ко Џолен не верувам во такво нешто. Не ми треба ништо екстра за паѓање во несвест, само да знам дека имам партнер ( рамноправен и рамно-способен), а не друго посвоено дете, кое треба да биде маж.
Можеш отворено да му кажеш дека ти се свиѓа неговата романтика и внимание кое си го имала од него претходно,ништо не е страшно со разговор отворен се решава се... Маживе се малце така турни ме да кинисам и ете се во комфор зона и мислат дека не треба ништо повеќе
Ахаха ме потсети на 5 годишнината. Јас не сум сакала подароци ова она ама ете сабајле да каже(ме) еј денес толку години бакнеж ,ситници... Ама оваа 5 и како за прв јубилеј не знам ни јас шо си мислев Договорени ќе одиме со кумовите негде ова она (ама ние секако си шетаме така за викенди ) јас си се надотерав и таму седнати да наздравиме и викам ајде честито да ви е 5 годишнина од официјално кумство и сите такви ајј леле денес ли е Да бе викам затоа толку си се дотерав јас И така ,сама си прославив а со сите
Хахахаахаха, срцка Ама да кажам морам, значи ако не промрчам не сум жива Бившиот се праеше, и поклони и цвеќиња, и храна, се апсолутно, на крај излезе идиот во сосема друг смер, значи нека не е романтичен ич, ама да ме сака и почитува доволно е, тоа ми е важно.
Абе не сакам јас којзнае тоа викам збор само ,да знам дека не заборавил Ама ете сладната година па онака бев и јас дали дека поспартум на друго бев насочена ,дали разочарана од претходната... не знам.
Знам дека темава е испукајте се од мужот, и ја неам и никад нема ни да иам муж најверојатно. Али ако го сакам и почитувам мојот партнер, ќе правам работи што му прват ќеиф т.е. ќе го поштувам неговиот love language. Мужите се себичњаци и не сакаат пример да купат цвеќе и да организираат нешто, оти ОНИ не сакале и НИВ ништо не им значело, али жена им кој ја врти. Ако жената сака такви работи, и он знае и ја дворел така на почетокот, и те како има право да се лути и да биде разочарана.
Некој е романтичен некој едноставно не го бива, ама на крај за да покажеш љубов не мора цела куќа со рози да ја украсиш или незнам каков изненадување доволно е на врата со една ружа да се појавиш... Не покажуваат поклоните колку некој те сака, начинот на кој ќе ти го покаже тоа.. Некој може најскап телефон да ти купи ама ќе ти го даде така во смисла "еве жено за тебе, покажи на другите што ти купува мажот и после не ми префрлај за поклони" , некој со чоколадо многу повеќе ќе те израдува.. Јас жена не сум имал уште, ама за секој девојка што сум ја имал сум се трудел затоа што така сакам и затоа што многу сум среќен кога ќе видам како ќе се насмее и радува на нешто мало, најчесто се ситници, а за роден или некој побитен ден малку повеќе се потрудам.. И ниту една не ми плеснала нешто во лице затоа што било ситно, ефтино или глупио, се радувале, а често сум мислел дека е глупо... Мислам дека имаш право да се лутиш, секој сака мало внимание.. И секој заслужува внимание било машко или женско..
Темава уште толку ми ја зголемува траумата, и критериумите. Јас сум романтична душа и ми значат многу такви гестови, ако престани да се труди околу ова (или воопшто не се труди) не можам да се гледам со таков човек во иднина.
И јас тргнувам од идејата дека за нешто да трае и да биде добро, треба двете страни подеднакво да се трудат. Треба да сакаме да бидеме едни со други и кога децата ќе пораснат, затоа што на крај – сепак остануваме само јас и тој. Како што јас знам да му купам нешто без посебна причина, да му го зготвам омилениот ручек кога ќе се врати од пат, или да купам карти за кино, театар, концерт – мислам дека и тој треба така. А не кога ќе ми каже: „Па не знам, еве ти што сакаш,“ и целата одговорност ми ја префрли мене, налет...
Само што тргнав да го напишам истото како @Gosh Според мене, Што велеше Манч во една тема, па ни тинејџерки веќе немаат вакви ниски критериуми. Да не бил дете, да бил способен. Па тоа се подразбира мислам. Основно и прво нешто е да е возрасна функционална единка. Ама тоа не значи дека ако жената сака романтика, треба да си доплати за таков пакет во Телеком и да уплати со еден бубрег За еден гест еднаш годишно дури прави муабет, а тек не дај боже да речеше сака букет секој Петок Зошто ги правите овие работи научна фантастика? Океј ако и двајцата не се романтични, ама ако едниот е, другиот треба да се труди. It ain't that hard. @nadelinka Чувствата ти се сосема валидни и не дозволувај некој да те убеди дека бараш премногу или дека треба да се помириш со некои работи.
И не се работи за тоа што јас сакам, него за тоа дека тој треба да сака... @Polyincognito фала не сум помирена фала богу, еве за почеток се мислам што да правам со подароков....